Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
L

Löwe

Гостин
20120914-igor-dzambazov1.jpg

Игор Џамбазов со свое шоу на Македонската радио телевизија. Шоуто ќе се вика ЏИШ (Џамбазов Игор шоу), а актерот и водител на шала вели дека тоа значи дека „Леси се враќа дома“.
Во интервју за минатонеделниот број на Република, Џамбазов ги открива деталите за шоуто.

- ЏИШ не е класично шоу со гости. ЏИШ всушност, не е ни шоу со гости. ЏИШ е телевизиско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ шоу. Има малку од „Седуммина млади“, малку од „Бени Хил“, малку од „Мистер Бин“...Однапред смислени точки кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечови, римејк на познати филмски сцени. Познати личности од Македонија ќе глумат со мене. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ е антологијата на македонската поезија, вели Џамбазов.

За Република тој открива дека во шоуто ќе се појавуваат ликовите Александар Антички, Кирил Македонски и Дејан Европски.

ЏИШ ќе се спротивстави на турските серии. Иако го советувале неговото шоу да не се емитува во терминот со турски и индиски серии, Џамбазов одлучил да го направи токму тоа.
Извор: Курир
 
Игич царе, па то бе легендо!
Ехее после 100 години ќе се цртам пред телевизор за да гледам македонска емисија, ќе се пее кирилица, плус Иги, ма нема утка. Да си жив и здрав, легендо, да не си ти еден асален шоумен немаме да те замени.

Бај д веј. Насловот е тенденциозно поставен и затоа ќе го сменам. Гледам веднаш почнувате со мрчење заради турскиве серии, човекот само сака предизвик, ништо лошо не рекол против нив. И богами е единственикот кој има храброст да направи шоу кое ќе се емитува среде ударен термин кога се даваат Турци. Барем за тоа признајте му.
 
Ако успеам да се истепам за телевизорот пред другиве да го пуштат Османче и компанија гарат ќе го гледам.
Легенда и на 100 години најдобар ќе остане.
А да и тешко дека ќе успее да ги победи Турцизмине, ама ајде 2012 е се е можно.
 
Ќе треба со калаш пред телевизор да седнам за да го гледам во ист термин со турски серии битки ќе се водат по дома ако сакам да сменам канал :pos:
 
Напред Игор Војвода!!! Покажи им на Турците.
Мислев дека ова никогаш нема да го кажам ама според мене МТВ е сега број 1 ТВ во Македонија највеќе ја гледам дефинитивно.
 
Иако го советувале неговото шоу да не се емитува во терминот со турски и индиски серии, Џамбазов одлучил да го направи токму тоа.
А има термин во кој НЕ се прикажуваат турски и индиски серии?

Инаку, му посакувам успех, знам дека одамна ја има идејата за ваквото шоу, сигурно веќе некои 10-тина години. Ако некој може да внесе свежина во македонскиот мувлосан ТВ етер - тоа е Игор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom