Велосипедска патека „Железна завеса“ ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја подржувате изградбата на ваква патека ?

  • Да, добра идеја

    Гласови: 50 86,2%
  • Не, глупост е..

    Гласови: 7 12,1%
  • Незнам

    Гласови: 1 1,7%

  • Вкупно гласачи
    58
М

Мартин`

Гостин
1.jpg

Веројатно имате слушнато веќе за идејата на Германскиот европратеник Михаил Кремер за правење на велосипедска патека долга 2800 километри која ќе се протега низ огромен дел од Европа поточно од Руско-Норвешката граница на север па се до Црното море на југ. Во оваа велосипедска патека планирано е и Република Македонија да земе учество и да се поврзе, а тоа го потврдува и Германскиот европратеник дека Република Македонија и Бугарија веќе покажале интерес.

Планот за велосипедскава патека е поврзување на народите низ 20 земји, промовирање на велосипедизмот со тоа и здравиот живот, развивање на туризмот а се тоа совршено се поклопува зошто ќе минува низ Источниот дел на Македонија кој е неразвиен.. па поголеми се шансите со креирање на ваква патека истиот да живне малце од економски аспект.

Што мислите за патекава ? Треба Македонија да се вклучи или не ?
И дали Македонија би имала економски/финансиски бенефит од сево ова ..
 
ќе можат ѓупциве директно со точак во европа да носат пластични шишиња таму поскапо ги откупуваат.
 
Ако изградиме велосипедска патека кон Бугарија пред да изградиме автопат само ќе покажеме дека сериозно ги имаме побркано приоритетите.
 
Одлично е ова се надевам дека ќе биде реализирана идеата.
 
Супер идеја :D поминуваш доста држави со точак и тоа по само една патека супер идеја се надевам дека ќе биде реализирана и да ја извозам барем до некаде :sneaky: па ако даде господ можеби и цела :)
 
Како ќе биде направена патекава асфалт или обележани земјени патеки?Барав на интернет но освен сликички од некои патеки по кои ќе мине траката нема ништо.И кога планираат да почнат да ја прават и завршат?
 
Интересна идеја, но ако некој има повеке информации нека ги пише или барем планот за реализација да го видеме, овака само оптимистички делува.
 
Убаво ќе биде покрај самата патека да се направат и хостелчиња на одредени места . Преспиваш и цепаш (y)
 
Добро е ова со идеата но мислам треба и нашава земја да се вклучи од ова бидејќи сигурно тие возачи што ќе минуваат од тука ќе купуваат Македонски производи.
 
Одлична идеја! Дефинитивно треба вакво нешто...под услов да е добра асфалтирана патека, а не некоја земјена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom