Танц со ѕвездите (МТВ 1)

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Македонската телевизија се „наполни“ со американски телевизиски серии, но тоа не ја спречи да почне да инвестира и во попрофесионална македонска продукција.
Дознаваме дека МТВ од продукцијата на BBC (според нивниот извештај објавен уште пред два месеци, во јули) ги откупила правата за да направи локализирани верзии на светските популарни шоуа Dancing With the Stars (Танц со ѕвездите) и Just the Two of Us (Ѕвездите пеат) кои кај нас се познати по тоа што се емитуваат на Хрватската телевизија.
Според првичните планови, Танц со ѕвездите треба да се емитуваа оваа есен на МТВ, иако се’ уште нема официјални најави, а Ѕвездите пеат во пролет наредната година.
Неофицијално, МТВ има откупено и уште неколку лиценци за други шоуа, како и е во преговори (или веќе има потпишано договор) со познати македонски водители.
http://www.primetime.mk/mtv-kje-pravi-makedonska-verzija-na-dancing-with-the-stars-a/

Ајде да погодуваме кои наши „ѕвезди“ ќе се појават во DWTS. :D
 
Би сакал да ги видам на DWTS овие два лика во дует
ferus-mustafov.jpg

И

Suzana_Spasovska_-_Zdravozivo_domajkini.jpg

:icon_lol:
 
Искрено ме воодушевуваат МТВ. Смејте се колку сакаат, ама бар имаат иницијатива! Браво! Конечно ослободени од турски, индиски серии, напредок да се модернизираат, па уште и иницијатива да се направи нешто македонско, макар и по туѓа лиценца. Браво имаат од мене, толку имам да кажам.
 
А тоа шо вршат целодневна партиска пропаганда ќе го ставиме на страна :D
 
А тоа шо вршат целодневна партиска пропаганда ќе го ставиме на страна :D

И другите телевизии го прават истото, со таа разлика што МТВ која до вчера по 2392039 пат ја репризираше Тропски горештини, сега се обидува да внесе свежини и навистина да ги оправда парите кои и ги даваме за радиодифузна такса кои претходно одеа за репризирање на серии стари 20 години. А пропагандата можеш да ја одбегнеш со менување канал т.е гасење на телевизорот. :)
За разлика од секојдневното психичко малтретирање со синхронизации и реклами со паѓање на авиони, овие барем нудат или имаат иницијатива за подобра забавна програма.
 
^Мене не би ми сметало покрај новиве серии и пак уште еднаш да ја пуштат тропски горештини :)
 
И другите телевизии го прават истото, со таа разлика што МТВ која до вчера по 2392039 пат ја репризираше Тропски горештини, сега се обидува да внесе свежини и навистина да ги оправда парите кои и ги даваме за радиодифузна такса кои претходно одеа за репризирање на серии стари 20 години. А пропагандата можеш да ја одбегнеш со менување канал т.е гасење на телевизорот. :)
За разлика од секојдневното психичко малтретирање со синхронизации и реклами со паѓање на авиони, овие барем нудат или имаат иницијатива за подобра забавна програма.

Тропски горештини - епик серија :) Во право си , ретко и гледам МТВ само за ЕП што гледав и сега за Лига Шампиони ... Ма горе доле , сите канали ни се катастрофа , освен ЕДО кој знае да даде редовно јак филм навечер :D
 
Уште не почнале вие тема отворивте, а и тешко дека се што ветија дека ке исполнат!
 
Епа добро , сега треба да најдемо звезди.

Кој сака да учествува во шоуто нека направи една песна со спот.
 
Би било интересно да ги слушниме во дует Калиопи и Ѓоко Таневски како ја пеат американската химна.
 
Ја само се молам Драган Вучич да ја води емисијата, пошто без шармантни типци како него не се може!
:pos::pos::pos:

Голем проблем е да направиш емисија „Плес са звјездама„, па откупуваме лиценци!:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom