Гостопримливост!

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
сакам гости по можност секој ден да ми доаѓаат :icon_lol: онака цел ден ти е супер со друштво со муабети итн. а иначе секој викенд навратува некој така да по подолго време без посетители почнуваат да ми фалат:pipi:
 
Тешко дека сум типичен претставник на македонската гостопримливост. Не сакам ненајавени инспекции а ни самиот немам обичај да упаѓам некаде неканет. На “спонтаните“ вратата им е затворена.
 
Сакам гости,премногу.Најавени секако.Многу пати со своето семејство сме биле изненадени од доагањето на ненајавени личности.И замисли нема со што да ги понудиш:nesvest:.Во последно време не сум многу по одењето.
 
Многу мрзам гости...коа ќе ми дојдат гости моиве не ми даваат да јадам од маса:nerv:
Додуша не ми ни даваат да седам со нив на маса ако се постари да не кажам нешо шо не треба:toe:
 
па да речеме дека средно сакам гости. ама не сакам гости кој кога доаѓаат кај мене се понашаат како да се дома и ме тераат по 300 пати да станувам и да им давам храна, да седат на компјутер и слични работи. ако си дојден дојден си да ме видиш мене и на муабет не за да се најадеш или да седиш на компјутер.
 
Значи не секој може да биде добар домаќин , али и не секој може да биде добар гостин така не ?

Абе таа наша гостопримливост надалеку прочуена (ставање на новото миленце на маса, бришење на прашина од гобленот, легендарната чинија леблебија на масата, нудење со сок за растворање усвари прво иде нудењето со папучи па ондах то, па потоа иде строгиот поглед на (најчесто) мајкестиот дел од фамилијата - да не грабаш на масата, па стандард пребројување за сиктер кафе и надалеку прочуениот шегаџиски муабет " Он пие горко кафе оти животот му е благ", па идемо даље со зимно време и незаменливата туршија , ракивче и муабет : Да ти кажам една од причините зашо ја сакам зимата е зато шо брат можеш да се начукаш и после со расолница бро си ко нов, па ситуација кај шо ти иде некое дете ала Че Гевара и ти го руши со молскавична брзина новиот кинески порцелан али ти мораш бе бејб со мона лиза насмевка све да поднесеш, па ситуација кај шо ќе ти се тупуса баба ти да испита кое чиво дете е, али све за гостима мора да се истрпи) се ми се чини од пусто турско е а?
 
Почесто ми доаѓаат гости, отколку што идам, пошто обврските не ми дозволуваат. Најчесто станот ми заликува на меѓуградска автобуска станица, а ако нешто би се сменило би ми било сигурно досадно. Некако ова со гостите ми создаде навика барем дневната и трпезаријата да ми бидат секогаш средени за да не се обрукам. :D Летно време врие од гости, ги носам на кров, си имаме масиче столчиња, кафе, муабет и другарување.
Кај мене доаѓаат и најавени и ненајавени гости, јас секогаш кога ќе идам некаде се најавувам. Со комшиите сме како една куќа, секој ден кафиња, чаеви, таман се погодивме и генерациски блиску. Ненајавените гости ги пречекувам исто како и најавените, не ми прави никаква разлика.
Мислам дека сме единствените кои пред нова година, таму веќе на почетокот на декември украсуваме елка по 5-6 пати, пошто на гости ми доаѓаат често и мали ѕверчиња кои едноставно ќе ти ги скинат живците додека не им ја извадиш елката да ја украсат, па кога ќе си отидат ајдее собирај пак, пошто рано е, друг пат други ќе дојдат, ајде пак повторно. Незнам што има специјално во елката, али малите гостинчиња ја обожаваат.
Така е тоа кај нас, гостите ги уживаат сите права, толеранција до максимум, ама никако не дозволувам да ми влегуваат со чевли!
 
Јас сум малку комплицирана кога станува збор за гости. Сакам најавени гости, не може туку така некому му текнало како да отепа време па мене да ме масира добри 2-3 часа. Се знае ќе се јави прво, ќе се праша дали сум слободна, зотоа што можеби јас веќе имам план за нешто и ќе биде многу повеќе незгодно од врата да ги вратам гостите отколку преку телефон да ги известам и да кажам дека сум зафатена, па ќе договорам да дојдат кога ќе бидам слободна. Има само неколку луѓе, на една рака ќе се избројат тие што може во секое време да дојдат. Инаку ни јас не практикувам да одам некаде не најавена.
 
Секој ден мора да дојде барем по еден без разлика дали е комшија, пријател или од семество...Сакам да ми доаѓаат гости и сакам да одам на гости...Секој ден сум кај друштво или они доаѓаат кај мене и тоа воопшто не ми смета. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom