И ние сакаме вакви семафори!

Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
За да не се збуните, ова видео е само презентација и ваков семафор не постои. Но, со оглед на тоа колку многу ги воодушеви луѓето ширум светот, сигурно ќе стане реалност.

semafor1.jpg


За идејата се заслужни две момчиња Германци од Хилдешајм, Сандро Енгел и Мајкл Холгер, кои истакнуваат дека воопшто не е тешко да се направи еден таков апарат.
За проектот да биде реализиран потребна е добра волја на градските власти, која не би смеела да се двоуми ниту еден момент дали ќе им издаде дозвола на овие момчиња.
Имено, нивната презентација на проектот за само неколку часа на Интернет беше споделена околу 150.000 пати, што е само потврда дека луѓето се воодушевени.
Се надеваме дека ваквите апарати наскоро ќе се појават на улиците на Хилдешајм, а потоа и во останатите градови во светот, па зошто да не и кај нас?
Погледнете го одличниот изум на овие млади момчиња!

 
хахахах едно вакво кај нас и никој нема да сака да премине улица :tapp:
 
Да речеме дека скопската сељачаана ќе го зачува. Ама пак, само 1 човек може да игра. Ќе се степаат кој прв:pos:
 
Колку што разбирам, sh во германскиот не е ш, туку sch е ш. Hildesheim би бил Хилдесхајм, не Хилдешајм. Како и да убав град во еден од најубавите региони во Германија. Културни луѓе, таму може да се реализира идејава. Кај нас ќе почекаме, уште пропаѓаме во шахти ние заради трговија со старо железо.
 
Абе дај што зборите, ќе има тепачки на секој семафор за кој да игра.
 
ова од вчера беше дадено на мотика, како не ти текна тогаш да отвориш....си закаснил (n)
 
Јас не сакам нинтендо семафор, доволно е само да ги уклучат тие што им се исклучени и скршените да ги поправат.
 
Во Неготино нема обичен семафор, еден ваков да им стават ќе се чудат што е. :pos:
 
Вакви одамна има во Германија
Кај нас ваков семафор со нашиот менталитет сметајте дека ќе има некој по некој згазаен/удрен пешак или некоја помала/поголема сообраќајка.
Да се надеваме дека ќе нема вакви случки бидејќи попрво ќе биде расипан
 
Попаметни работи има за решавање отколку вакви работи на семафори, а сите знаеме дека откога ќе ги стават, следниот ден ќе ги нема, со тоа пластиката, се' заедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom