Јанша призна: Словенија е пред банкрот (Протести во Словенија заради штедните мерки)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Словенечкиот премиер Јанез Јанша официјално призна дека земјата се соочува со банкрот.
jansha-prizna-slovenija-e-pred-bankrot-99529.jpg
Досега властите во Љубљана тврдеа дека владата може да се справи со сите проблеми.

„Уште во октомври Словенија може да банкротираа, доколку не успее да ги продаде државните обврзници. Станува збор за нова, огромна закана за опстанокот на еврозоната", изјави Јанез Јанша.

Ова признание дојде само неколку часа откако кредитните агенции го намалија рејтингот на Словенија. БДП-то во втората четвртина на годинава опадна за 3.2%.

Според германските и австриските медиуми, Словенија има намера да се задолжи на американскиот пазар надевајќи се дека со американската валута, доларите, ќе добие најниска камата и на тој начин ќе избегне банкрот.

Во анализата на „Financial Times", се вели дека повикот за помош од страна на Јанез Јанша се должи на неможноста да се постигне договор во владејачката коалиција во врска со спроведувањето на реформите.

„Следната година треба да платиме одеднаш две милијарди евра долг и камата. Тоа ќе биде невозможно, ако оваа есен не ги преземеме неопходните мерки", рече словенечкиот премиер пред "Ди Прес".
Извор: Кајгана

Кризата во ЕУ продолжува да се шири. За Словенија ми е малку чудно, дали затоа што најекспонирани беа Грција, Шпанија, Италија и Ирска, па проблемите на Словенија беа многу малку застапени во медиумскиот простор.

Во последно време терминот “банкрот“ е најзастапен. Дали медиумите малку пренампумпуваат или Словенија е следна во низата која ќе бара помош?

Ваши мислења?

Јас искрено многу не ја следев ситуацијата (економска) во Словенија, затоа и не сум толку запознаета со ова, па би било добро некој (особено ако некој живее таму) да ја пренесе атмосферата или да ни даде преглед на ситуацијата моментално.
 
ДА точно е.Јас живеам, односно учам во СЛО и стално се плачат дека криз било, немале пари, речиси секоја недела има по некој штрајк, кратат од буџетот на се и сешто, во главно прават се за да се спасат.
 
Добро, каде е ЕУ во целата приказна?
Затоа што реално Словенија секогаш била пример од бившите југословенски држави за држава која најбрзо ги направи сите реформи и која секогаш била горе-доле стабилна.
Што велат словенските медиуми за улогата на ЕУ во ова? Без разлика дали во форма на помош или поддршка...
 
Словенските медиуми не велат ништо, не фаќа репетиторот од зад Карпатите до Словенија.
*
Инаку, симптоматично делува сето ова со банкротирањава. Ко да не постои држава што не банкротирала, или нема да банкротира. Освен една која стабилно се држи. Почнува со Македо а завршува на нија. Прилично стабилно делува, за разлика од соседите и сите земји кои колку - толку гравитираат кон неа. Сите банкротираа полека, полека, полека.

Ако Словенија банкротира, јавно ќе побарам да ме спалат на клада. Пред Ристиќева.
 
И јас не верувам во приказните за банкрот. Баш и на друга тема искоментирав дека во последно време насекаде сите се расфрлаат со терминот банкрот, како да е така лесно држава да банкротира.
Чудно ми падна заради изјавата на премиерот, па мислев да не има некој повеќе информации во однос на тоа како општата криза во ЕУ влијаела на нив, затоа што тоа е сосема нормално и очекувано да има мал пад во економијата, сепак се во ЕУ, но и јас ја одбивам теоријата дека Словенија која секогаш била посочувана за позитивен пример може да банкротира.
 
http://www.mojvideo.com/video-hrvas...-moja-domovina-slovenija/090f1d9928601af8fcf2
--- надополнето: 5 септември 2012 во 22:30 ---
Освен една која стабилно се држи. Почнува со Македо а завршува на нија. Прилично стабилно делува, за разлика од соседите и сите земји кои колку - толку гравитираат кон неа. Сите банкротираа полека, полека, полека.
Чекај ,кога ќе ни ја плеснат и нас на маса некој ден сметката .......од толку кредити , градења и задолжувања:confused: ќе биде забавно тек тогаш
 
Државите имаат потреба да се задолжуваат
Целава криза укажува дека се потребни реформи на светските финансии
Не е во ред, да државите по берзите пласираат обврзници, па ако не успеат да пласираат, ајде ќе пропаднуваме
Се е тоа зрело за реформи
 
Словенците, пред распадот на Југославија прогласија фиктивни стечаи на Горење, Елан и др. фабрики тогаш општествени...
Не платија таму кадешто се задолжија низ цела СФРЈ, и фино лепо си се отцепија...
Башка, преку тогашна Љубљанска банка, која денес ја имаме овде како НЛБ Тутунска банка, ги испумпаа девизите и богато си се отцепија...(НЛБ инаку значи Нова Љубљанска банка)
Значи итри се јанезите...
Читајте меѓу редови што сакам да кажам...:)
Не дека сакаат да се отцепат од ЕУ, туку дека сакаат да ќарат нешто.
 
Добро, каде е ЕУ во целата приказна?
Затоа што реално Словенија секогаш била пример од бившите југословенски држави за држава која најбрзо ги направи сите реформи и која секогаш била горе-доле стабилна.
Што велат словенските медиуми за улогата на ЕУ во ова? Без разлика дали во форма на помош или поддршка...
ЕУ како и пожарот во Струмица, незнае каде да гаси и си ќути.Очекувам и жртви, ама мислам дека Словенија не е до толку па да банкротира.Инаку како што имам начуено имале јавен долг од околу 40-тина милијарди евра (не ме фаќајте за збор за цифрата, ама знам дека надминува 40).

Еве тие што се разбираат од економија нека разјаснат што значи ова што го најдов на сајтот на статистичкиот завод на СЛО :Дефицит (-6,4% од БДП) Државен долг (47,6% од БДП).
 
Што е финтава?Европејциве некоја мучка прават?
Нема шанса Словенија да банкротира, а Македонската економија да расте секоја година повеќе и повеќе.
Не е ова мое мислење факти се на Сител секој ден има анализи за економската состојба и просперитет на земјата.
 
Еве тие што се разбираат од економија нека разјаснат што значи ова што го најдов на сајтот на статистичкиот завод на СЛО :Дефицит (-6,4% од БДП) Државен долг (47,6% од БДП).

Дефицитот голем, значи повеќе троши, од колку што прибира од даноци и други приходни ставки. Државниот долг значи колку се на вересија пишани досега од инди планирани приходи.

Нешто ми е матно со ова банкротиве, овде нешто има во позадина во светски рамки.
 
Читајте меѓу редови што сакам да кажам...:)
Не дека сакаат да се отцепат од ЕУ, туку дека сакаат да ќарат нешто.
Абе реално, од финансиската криза во Америка, ние доста ќаривме... пример, горивото ни беше доста поефтино.

Се прашувам дали банкрот на Грција или Словенија или билокоја земја, ќе предизвика турбуленции на светско ниво со што би паднала цената на нафтата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom