Афера со Американски визи на Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Поранешен министер за трговија и индустрија, шеф на конзуларно одделение при МНР на Косово, шофер на владини официјални лица (вкл. и на премиерот) и уште две индивидуи се уапсени заради издавање фалсификувани документи на граѓани на Косово кои барале Американски визи.

Документите погрешно наведувале дека граѓаните работат во косовски државни институции.

Десет индивидуи добиле Американска виза на основа на лажни документи и по заминувањето не се вратиле на Косово. Демек никој не знае каде се.

Истрагата е поттикната и поддржана од Американската амбасада. Проблемот е што власта на Косово за да одговори на барањето на САД собрало шепа сељобери + собрале и еден кој демек бил на повисока фукција (заменик министер), а главните виновници се во врвот на власта.

Изгледа како на никого да не му одговара да го отвараат проблемот на многу поголем број прошверцувани индивидуи во -- и од -- САД од споменатото подрачје.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/features/2012/09/04/feature-01

.


.
 
Некако нашава влада да им испадне во пресрет,вака комшиски, па да им испратат некои експерти да убрзаат процедура и да ги обучат на подобар квалитет, па да даде господ сите до еден да си заминат во УСА.Па да видат америве како се усвојуваат закони по бадентер.
 
ако де. со среќа нека им е... порано им беа миленичиња број еден. сега кога државни фунцкионери им фалсификуваат документи за во америка нека си ги трпат. накратко кажано тражили сте - гледајте.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom