Дали сте задоволни со ноќниот живот во вашето место на живеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Rale
  • Време на започнување Време на започнување
Te razbiram jas,i vo nieden slucaj ne gi opravduvam tie sto pijat mnogu,poentata mi bese deka na tie mesta mozes pokomotno da se osekas i deka nema da ostanes bankrot posle 2 ispieni piva.
Абе остај ме се зезам ја... мрчатор сум морам така интересно ми е понекад да си мрчам...
Еве пак... или пиј ко русин бре братко, или не ни почнувај за две пива само...:P
 
Не се жалете за ноќниот живот во Скопје затоа што стварно има добар ноќен живот (секогаш е богат со некоја група или слично). Барем ние што сме од друг град ја знаеме разликата. Еве пример, дојдете тука у Прилеп и видете ја разликата која е :) Можеби пијалоците се поефтини, али атмосверата е мизерна. 3 кафичи в крст се. Во едниот одат дечишта од 12 години и оние машки кои немаат фатени женска никогаш а имаат 30 години, во другиот одат мешани или кренати. И има еден така подобар што е , каде што одат сите над 20 години, жими тој што е арен. Во другите, атмосверата и музиката е срање, не носат никакви групи, нема ништо забави организирами, носат некој DJ што на Winamp ми пуша музика а прв пат слушаш за него. DJ Шовершајна. А ако не Скопје, барем имаш поголем избор за кафич.
 
Некако последниве години слабо со концерти,журки дџ-и и слично..зборам за квалитетни имиња..а што се деси бе со колосеум,работи ли ?
 
Некако последниве години слабо со концерти,журки дџ-и и слично..зборам за квалитетни имиња..а што се деси бе со колосеум,работи ли ?
Работи, работи. Можно ли е да не работи.
Во овој период од годината уште е отворен летниот.
 
Београд ноќен живот има неверојатен...ама таму ја осеќаш топлината на луѓето,а тука во Ск не осеќаш нишо,дури се чувствуваш загрозено некој да не те тупни клошар од позади! Најдобар помин досега сум имал во Прилеп на излаз од Македонија,а нај нај супер во Будва! треба некако да се активира тоа и во Македонија...иако сега не е лоша замислата да се праат журки по паркови и да се прават разни фестивали...
Плус,за Скопје навистина треба да имаш грдна пара...а пример ете Берово да го навестам ...30 денари узо,40 коњак,текила 30 денари,ракија 20 денари,пиво 50 денари ...како да не се матумбираш таму :P

Белград ако не грешам беше пред 2-3 години прогласен за град со најдобар ноќен живот во Европа.
 
Чим Колосеум почна со српски тако звани ѕвезди веќе јасно е каков ноќен живот има Скопје.
 
Eve zemi go Beograd, do skoro najdobar grad vo svet spored nokniot zivot


:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Престани да читаш платени статии и реклами било од домашни било од странски „извори“. Далеку е Белград од град со најдобар ноќен живот во Европа не пак во светот. Има населби во светските метрополи што имаат 100 пати подобар ноќен живот од Белград.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 20:04 ---
Во МКД а и било кој град на балканот ноќниот живот е лимитиран и е углавно тапа. Да има алкохол некаде поскап некаде поевтин ама она најбитното лугето се доста лимитирани и конзервативни за да знаат добро да си поминат. Голем дел имаат желба ама им фали пари, фали нешто поразлично од балкан срање естрада, фалат асални дискотеки (нема ЕДНА асална во МКД), фалат опции за различна забава не е само кафич и дискотека. До вчера во СК немавме кино како треба, сеуште немаме асален луна парк да не збориме ноќна шема во нешто такво.... Далеку сме од добар не пак асален ноќен живот,
 
Ќе кажам нешто што се користи буквално во секој контекст ако нешто е тапа и не чини, ама таков ни е "менталитетот". Конкретно за Скопје, искрено, тапа е. Тука баш буквално друштвото ја игра главната улога, пошто подобро се проаѓа во мал кафич со просечна музика, место кај што нема да има +100 души од потребното, на нашки шо ги викаме искулирани места.

Отпишани од листата ми се снобовските места од типот на Колосеум, Парадизо, Ванила. Таму нема никаков "живот". Целите клубови се распоредени со коњопои и сепариња, мангупи, бричени глави, стегнати бицепси и згужвани фаци што мислат дека ако се насмеат ќе почне да им се рони кожата.

Алкохолот и те како игра улога. Не може некој да ми каже дека не се осеќа поопуштено, повесело после некоја чашка жестоко, отколку да седи со рацете во џеб.

Една компарација. За пример ќе го земам Сончев Брег, Бугарија, кај што има скандинавци, островци, холанѓани, руси итн. Одма ќе почнете сега "кај леташ, туристичко место е, треба да е топ, вака, онака". Ама тоа нема никаква врска со ова што ќе го пишам. Ноќните клубови се всушност подиум кај што се игра. Има 2-3 сепариња/коњопои во темниците за некој ако не може да стои, да издржи итн. Клуб на три спрата, комотно можам да кажам колку два зимски Колосеум, со три огромни подиуми, а дали 10 коњопои. Нема укочени фаци, сите играат. Со тоа автоматски се подобрува атмосферата, повесело е. Кај нас да почне некој да игра, освен тоа укочено мрдање со глава во ритам на музиката, ќе го гледаат сите како мрднат, будала, идиот, ретардиран.

Тоа е уствари главната причина и кривица за нашиов ноќен живот. Не зборам кога ќе се донесе диџеј познат, бенд итн. Обична вечер петок/сабота.

А да, и не рчкајте кафани. Друга прича се тие. :D
 
Не сум ич се е измешано мали со големи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom