Модни совети/предлози/сугестии/прашања (Каде може да најдам?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Оваа тема исто ќе ја обележам како важна и нека биде за сите модни прашања, предлози за комбинации, каде членовите може да си даваат сугестии и предлози за модни комбинации или било што поврзано со модата.

Исто така, на многу теми се поставуваат прашања од типот: Каде може да најдам таква и таква сукња/панталони/кошула/маици, па затоа ми дојде на памет да има една посебна тема каде секој може да си праша за тоа што му треба, и ќе си добие информации за каде/што/како/колку пари чини и така.

И така... :)
 
380529_4465866168541_1862939818_n.jpg

Вакво сако и мајца како на Ван Перси кај може да се најде у Скопје? (ама квалитетно, не некое еби ветар :D)
 
Женски кожњак добар ми треба и цена, може да набаците и по некој чкарт... :)
 
http://www.llbean.com/llb/shop/26?nav=gnro-hp

Кажи ми само дали има продавница во Македонија каде се продава облека од ваков тип ( кошули,маици,џемпери ).

Хм, ова некако ми изгледаат на класични модели, сигурна сум дека има, само сега конкретно не ми текнува... во секој случај такви кошули мислам дека можеш да најдеш во онаа продавницана во Рамстор што е само за кошули, мислам дека таму имам видено такви, а за џемперите и панталоните не сум сигурна, еве ако му текне на некој друг нека пише.

380529_4465866168541_1862939818_n.jpg

Вакво сако и мајца како на Ван Перси кај може да се најде у Скопје? (ама квалитетно, не некое еби ветар :D)

Мислам дека вакви маици и сакоа можеш да најдеш во Спрингфилд (Рамстор/ГТЦ). Сега може не баш исто, ама прилично сум сигурна дека имаат вакви модели. А провери и во Бисер, таму за машки има доста избор. OBJ исто во Рамстор, а можно е и да има во OVS.

Женски кожњак добар ми треба и цена, може да набаците и по некој чкарт... :)

Во Манго сигурно можеш да најдеш, а и во Њујоркер, знам дека јас во Њујоркер гледав пред некое време, сега летово сигурно немаа, ама преку есен/зима нон-стоп имаат, така да очекувај дека ќе им дојде. Плус за сезонава се прогнозира дека ќе се носат доста кожњаци, така да ќе имаш можност секаде да најдеш.
Во Њујоркер мислам дека најповолни би ти биле цените, не е некој квалитетен кожњак, но сепак пристојно е и пристојна е и цената. :) Се надевам дека ти помогнав. Конкретно не можам да ти кажам, со оглед на тоа дека сега се менува и робата низ градот, уште има летна гардероба на повеќето места, но почекај уште малце и појди си во Њујоркер, гарантирано ќе најдеш таму такво нешто. :)
 
Ај некој да ми каже само долни тренерки дали има во тера нова....и што пари се. Знам лани имаше едни многу добри дебели памучни ама не ги земав :tapp:
 
Да не знае некој каде можам да најдам памучна марама со змијски принт во Скопје?
Цел ГТЦ и Рамстор го изодев, не најдов никаде, дури ни во бижутериите кои беа познати по марами:(

Long-Snake-Print-Scarf~B59379FRSP.jpg
 
Јас би ти препорачала да си провериш и на Бит пазар... Таму имаш марами колку сакаш, ама буквално. Јас не сум многу по марамите, ама знам дека многу мои другарки од таму си купуваат редовно марами, има секакви бои, модели, па ништо чудно да си најдеш таму и тоа за прилично евтини пари.:)
 
Последно уредено:
едно прашање до преставничките на понежниот пол. девојка со висина од 175 цм и тежина 62/3 кг кој број би носела? (џемпер,блуза или сл) фала однапред :)
 
едно прашање до преставничките на понежниот пол. девојка со висина од 175 цм и тежина 62/3 кг кој број би носела? (џемпер,блуза или сл) фала однапред :)
Мислам дека М големина би и била точна, ама зависит од моделот, можит и L. Пази на ракавите само, да не се кратки, зш сигурно долги раце имат. :)
 
Мислам дека М големина би и била точна, ама зависит од моделот, можит и L. Пази на ракавите само, да не се кратки, зш сигурно долги раце имат. :)
фала многу за брзиот одговор...претпоставувам дека Л би одговарало бидејќи имаме слична висина и тежина :) само реков да не има и некои други бројки (не знам дали тоа беше европски или американски стандарди)...во секој случај фала многу:)
 
Јас сум 173 и 60 кила (постов го почнав ко за во огласник) и најчесто купвам М. Пази само да не не и се свиѓат, па да морат да го носит од незгодно. :) Ништо иначе :)
 
Вакво сако и мајца како на Ван Перси кај може да се најде у Скопје? (ама квалитетно, не некое еби ветар :D)

Не сум од СК пријателе, ама гарант ако завртиш еден круг низ ГТЦ ќе најдеш во најмала рака сличен костум. Се сеќавам пред 2 години кога разгледував костуми за матурската, налетав на еден куп вакви. Инаку речиси ист ваков (потенцирам пред се' на бојата) си купив минатата недела, 6.500 беше - ама од СР.

А кога сум веќе тука да си прашам и јас. Каде може да најдам бордо кошула, на долги ракави, со светли риги на неа. Викендов сум во Ск, па кажувајте ако сте виделе нешто барем слично. Како на Вил отприлика од сликава ..

tumblr_mam6u4w2tQ1qcds4qo2_250.gif
 
Дека од СР, и јас сум од там :D
--- надополнето: 27 септември 2012 во 22:39 ---
Инаку, што мислите за комбинацијата? (Од Енерџи во ГТЦ)
 
Attachments

  • IMG_0468.JPG
    IMG_0468.JPG
    1,6 MB · Прегледи: 63

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom