Мистичен
Човек
Владата во заминување и Макпетрол формираа заедничка фирма за управување со гасоводот. Пред 5 дена новата компанија е запишана во централниот регистар.
Вицепремиерот Јорданов и министерот Бесими успеаа да постават свои луѓе на раководните функции. Ејуп Рустеми од ДУИ ќе ги брани интересите на државата. Во Гама влегува од позицијата пратеник, досега немал контакт со овој бизнис.
За него лобирал Бесими. Внимание предизвикува името на Јордан Хаџидаовски, кој врши и раководна функција во Макстил, фирмата на вицепремиерот Јорданов. Сега тој е извршен директор во Гама.
Досегашниот директор на јавното претпријатие Владо Петровски ќе биде советник.
Познавачите сметаат дека владата и Макпетрол незаконски ја формираа АД Гама, мешовита компанија каде профитот ќе го делат пола-пола. Законот предвидуваше државата да има 51% од Гама.
Нелогичен е потегот на владата во заминување која брза да инфилтрира свои луѓе во гасоводната компанија. Стартниот капитал на Гама е 38 милиони евра. Во новата фирма ќе работат сите 15 луѓе од ЈП Гама и уште 45 од Макпетрол.