Грција ни префрла мигранти преку граница

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
ОПАСНА ИГРА НА ЈУЖНИОТ СОСЕД

Гејлада ни префрла мигранти преку граница


8634E1FE47E8F9498202F5BE1E650A3A.jpg


:eek: Најчесто ноќе, грчките власти преку најмалку два нелегални премина ни истураат групи од по стотина мигранти, наведуваат дипломатски извори:eek:


Грција игра опасна игра со тоа што одвреме-навреме преку границата ни испраќа групи мигранти, кои потоа стануваат наш товар и обврска, дознава „Дневник“ од дипломатски извори.

Истите извори додаваат дека работите стануваат с` посериозни зашто постои страв дека нашата земја, но и регионот, можат да се соочат со сериозен бегалски бран, кој се заканува да н` заплисне како последица од судирите во Сирија, кои можат да се прошират и во нејзиното соседство.

- Властите од Грција организирано ни пуштаат низ најмалку два нелегални премина и по стотици имигранти и тоа го прават најчесто ноќе. Ние предупредуваме за овој проблем и за тоа ги известивме надлежните од Европската унија и мисијата задолжена за надворешните граници на ЕУ- ФРОНТЕKС - наведува дипломатски извор, кој инсистира на анонимност.
Во меѓувреме, групите за заштита на човекови права ги осудија полициските акции за апсење мигранти во Грција, како и нехуманите услови при задржувањето на уапсените и секојдневните напади од омраза врз луѓе што не се Грци.

- Грција нема право да ги третира луѓето како да се криминалци или да претпоставува дека се илегални имигранти само поради нивната раса или потекло, изјави заменик-директорот на одделот за Европа и Централна Азија на „Хјуман рајтс воч“, Бенџамин Ворд.

Внатрешната нервоза поврзана со огромниот број мигранти, кои најверојатно ги има повеќе од еден милион, Грција како да сака да ја амортизира преку преселување на друга територија, а секако и во Македонија, сметаат аналитичари.

- Нам ни се случува бран нелегална миграција и тоа од земја-членка на ЕУ (Грција н.з.) и тоа за нас е опасно за безбедноста. Овој проблем отвора повеќе прашања како што се, на пример, фалсификуваните документи на нелегалните мигранти, потоа организираните групи кои тоа го вршат, при што може да има корупција и конечно тоа ни ја прави нашата граница порозна и удира по нашиот буџет - вели Трпе Стојановски, директор на Регионалниот центар за миграција, азил, бегалци и регионални иницијативи (МАРРИ) со седиште во Скопје.

Стојановски вели дека и регионално и поединечно секоја земја ги следи случувањата во Сирија и пошироко, односно она што се нарекува „глобални закани“. МАРРИ особено ја следи таканаречената „жива рута“ на миграција при што најголем број имигранти има од Авганистан и од Ирак, а во последно време се забележани и од Мавританија.

- Во секој случај станува збор за сериозни предизвици, дури и за побогатите земји - додава Стојановски.

Македонија засега на овие предизвици одговара на високо ниво, а тоа било потврдено и неодамна при посетата на претставник на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) од Женева.

-УНХЦР и ЕУ бараат од нас да ги применуваме сите стандарди, што и правиме. Но, бараме и тие да ги исполнуваат своите обврски - вели Страшо Ангеловски, директор на Прифатниот центар за баратели на азил, потсетувајќи притоа и на обврските на Грција.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=431B771CB956F84DB46004900E164FED
--- надополнето: 20 август 2012 во 18:29 ---
:
МОРЕ СМОТАНИЦИ едни- преку други премини ВРАЌАЈТЕ ИМ ГИ НАЗАД:mad:
 
претежно ги префрла во Мариово, со оглед дека најблиската полициска станица е во Прилеп, населението во Мариово е многу мало.
Ако се сеќавам добро пред неколку години на некои селски гробишта беа најдени странци од локалните жители. тие се криеле во трпезаријата. Зашто тие да ги хранат кога можеме ние.
 
На нив по истиот начин им ги префрлуват,па тиja на вас и така се чистат минимум 2 држави преди да доjдат до вас.
 
Да ги пренесеме на сверната граница и нека си го продолжат патот кон запад, тие нека се справат со тој проблем ако нивниот сојузник Грција не го стори тоа.
 
Ние ги собираме имигрантите, и не ги депортираме, им даваме државјанство..... Каква великодушност... сите ќе одиме во рајот!

Искрено, Гејциве се паметни, и им се може! Браво за нив!
 
А кога сме бејка нација кој ни е крив? Сигурно не Грците...

Македонци секој месец бараат азили низ земјите од ЕУ и никој не ги ебе два посто ги депортираат назад како бездомници и скитници додека пак Грците нас ни пуштаат исти такви што поминуваат низ Грција, ама разликата е во тоа што ние се плашиме да ги вратиме назад ( за да не ни писка ЕУ ) односно да им ги депортираме пак на Грците а кукаме дека ни праќале мигранти...Епа им се може бе...
 
Да ги пренесеме на сверната граница и нека си го продолжат патот кон запад, тие нека се справат со тој проблем ако нивниот сојузник Грција не го стори тоа.
ova e najizdrzhano -kon majka EU
ama sepak mislam najbolje e nazad kaj juzhnive- tupni im po 100 evra i pravec Atina
 
ova e najizdrzhano -kon majka EU
ama sepak mislam najbolje e nazad kaj juzhnive- tupni im po 100 evra i pravec Atina
и тоа шо викаш по 100 евра и назад во гејција барем така ни е поефтино одколку сместување,храна,облека и сличо;):)
 
Никој не ни е крив кога сме толку добронамерен народ каде и да спука во целиот свет се знае која држава ќе ги прими. Па тука сме ние Македонците да ги примаме бегалците од каде и да се зошто другите земји од европската унија да се расправат со бегалци кога може на нас да ни кажат нека се кај вас, нека си стојат и така ние нога под нога си ги чуваме бегалците и си молчиме. Ако ЕУ каже одете сите во Вардар да се фрлете ние ќе прашаме а од која страна сакате од левата или десната страна на коритото. :)
 
И каде живеат овие мигранти во Македонија? Јас до сега немам забележано. :)
 
Ние ги собираме имигрантите, и не ги депортираме, им даваме државјанство..... Каква великодушност... сите ќе одиме во рајот!

Искрено, Гејциве се паметни, и им се може! Браво за нив!
Грешка си. Лично имам присуствувано на приведување на бегалци. Џандарите прво земат шо можи да се земи и ги носат на грчка граница. Таму ќе преседат еден - два дена и тие пак ќе ги пуштат кај нас преку илегален премин.
Никогаш полицијата не собрала имигранти и да ги носи встаница и триста чуда после да прат, туку едноставо како шо кажав, земат и ги пуштат.
 
А зашто сме ние богаташи, ќе ги вработиме како градинари и чистачки. Само што место Хозе и Хуанита, ќе бидат Сулејман и Назира...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom