Мисли ли некој на безбедноста на граѓаните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Море како би ве протерал од Скопје сите што не сте родени тука...леле леле :D
Не се глупави оние од големите градови што не даваат лична карта на "странци".
Ако толку не ви чиниме, што доаѓате наваму? М?

А бабати и дедоти да не се родени во Ристиќева палата може па ти си скопјанец со се скорни ?!
 
Застани под зградата и играј тетрис во живо :D

1278112780821.gif

На толку згради низ Центар сменија фасади непотребно, па можеле и на оваа...
Или чекаат прво да настрада некој, па тогаш да се фатат за работа ?
 
И на ваква тема почнаа да се вадат комлекси „скопјани(богови)-провинцијалци(сељаци)“ ...


OP е Анчо, некој да не му се умилкува... :cautious:

Нели оставаа возила под зградава едно време? Немало случај на скршени шофершајбна некогаш, ако веќе немало повредени?
 
Море како би ве протерал од Скопје сите што не сте родени тука...леле леле :D
Не се глупави оние од големите градови што не даваат лична карта на "странци".
Ако толку не ви чиниме, што доаѓате наваму? М?

Да бе за Скопјаните доаѓаме ние.
 
Готово е Анчо, од утре сте безбедни.
Сигурен сум дека земјотресов ја соголи фасадата на зградата :D
 
Никој не дискриминира никого. Ама секој треба да си биде каде што му е место. Еве јас сум "градското дете". Е ај кажи ми како да дојдам и да ви бидам градоначалник, кога појма немам што проблеми имате или може да имате? Кај видел тој во село населби/општини/улици/булевари/тротоари/семафори/билборди...Или ајде вака ќе ти кажам. Нека појде некој наш од село во Њујорк и да им биде градоначалник. Ќе се изгуби во цела таа збрка. Сакаш јас да ти дадам еден куп примери како стоеле такви луѓе на семафори и се чуделе како светат? (ова не е виц, вистина е) Селанец може да управува со село, "градско дете" со град. И точка!

Џабе си градското дете, да беше ти способен ти ќе беше градоначалник па може немаше да има несреќи во градов, ама зошто не си способен ќе си дремеш дома на интернет и ќе јадеш трици за некој од село што бил поспособен од тебе и ти го зел местото што не си го ни заслужил.
--- надополнето: 8 ноември 2013 во 14:27 ---
Море како би ве протерал од Скопје сите што не сте родени тука...леле леле :D
Не се глупави оние од големите градови што не даваат лична карта на "странци".
Ако толку не ви чиниме, што доаѓате наваму? М?

Кои се тие градови? Наброј ги, не сме запознаени.
 
bravo be, dedo ti>tatko ti>ti. I ti mi se narekuvas skopjanec !?

А колку ти требаат?
--- надополнето: 8 ноември 2013 во 19:44 ---
Џабе си градското дете, да беше ти способен ти ќе беше градоначалник па може немаше да има несреќи во градов, ама зошто не си способен ќе си дремеш дома на интернет и ќе јадеш трици за некој од село што бил поспособен од тебе и ти го зел местото што не си го ни заслужил.
--- надополнето: 8 ноември 2013 во 14:27 ---


Кои се тие градови? Наброј ги, не сме запознаени.

Не можам да бидам јас...Знаеме како се станува функционер во државава. И не ми го земал никој моето место. Тоа што секакви лигуши се пикаат во нечии газови, не е мој проблем нели? За градовите: Љубљана е најблиску. Будимпешта, Букурешт, Буенос Аирес...во последно време и Загреб не сака странци, Торонто, Инсбрук нема работници ама во исто време не сакаат странци да им шетаат по улиците.... Сакаш уште? И не станува збор за несреќи, туку за незаинтересираност. Доста беше офф топик
 
Picture 880.jpg.Picture 881.jpg.Picture 879.jpg срамаота
значи треба некој да пропадне па да стават капак овде....
дупката е на средина на тротоарот на мостот Близнак (можеби и цела година)
„среќа“ штое широк тротоарот 3м па има место и од двете страни ?
но секогаш има прв пат,а зошто да се деси кога може да се спречи.
АЈДЕ ИВИЦА - излези од Ауди и тоа црно и поминиго мостов пешки.
 
Им текна да напишат за дрвјата среде булевар
Бујното зеленило ја намалува прегледноста на возачите на булеварите
Скопските булевари во последните неколку години добија богато хортикултурно уредување. Со посадувањето дрвца, грмушки и цвеќиња, жардиниерите во меѓупросторот на улиците даваат модерна и естетски прифатена содржина за граѓаните на главниот град. Во исто време тие делумно го надоместуваат зеленилото што поради проширувања на улиците и проектирањето нови сообраќајни решенија мораше да се исече-пишува Н.Македонија.
Сепак, бујната вегетација од жардиниерите на одредени точки во главниот град може да претставува пречка за учесниците во сообраќајот. Проблемите се јавуваат на места каде што густата ограда од растенија завршува на само четири-пет метри од точката каде што пешаците пристапуваат кон пешачкиот премин. На тој начин, велат упатените, значително се намалува видното поле на возачите што возат кон пешачкиот премин, што може да доведе до доцно забележување на пешак што преминува. За ваквата состојба зборуваат и возачите, но и сообраќајните инженери што ја следат состојбата.

Пешаците се забележуваат доцна
Особено проблематични се пешачките зони што не се обезбедени со семафори за минувачите. Такви се двата премина на булеварот Кочо Рацин во близината на Црвениот Крст, како и пешачкиот премин на источниот излез на градот во близината на средното училиште „Михајло Пупин“. На овие пешачки премини дрвцата од жардиниерите се доволно високи и густи за да го затскријат видикот на шоферот. Тие се протегаат на пет-шест метри од точката каде што започнува зоната за минување и на тој начин го попречуваат видното поле на возачите.
- Ми се случи неколкупати дури возев по левата лента да забележам пешак како стапнува на коловозот за да премине, и тоа на само четири-пет метри оддалеченост. Морав да запрам одеднаш, а тоа создаде стрес и кај мене и кај пешакот. И да сакав не можев да го забележам порано, затоа што од подалеку не гледам речиси ништо од другата страна поради густината на дрвцата во жардиниерата – вели скопјанец што честопати го минува овој булевар.

Пешачкиот премин во близината на средното училиште „Михајло Пупин“ може да биде особено проблематичен. Станува збор за локација на која булеварот преминува во отворен автопат, а возачите возат и со 80 километри на час, особено при излез од градот.
- Дрвцата во средишното зеленило отспротива ми го попречуваат видикот затоа што се високи по целта должина на коловозот. Пониските грмушки се на пет-шест метри, но и тие се доволно густи за да попречат. На овој начин и особено при брзо возење навистина имам проблем да ги забележам минувачите од подалеку – вели жител од населбата Автокоманда.
 
Додека се градат висококатницине во Аеродром мисли ли некој на безбедноста на граѓаните?
Еден ден ако има посилен земјотрес или нешто слично и кога ќе падне некоја од зградите ќе страда голем дел од Скопје...
 
Додека се градат висококатницине во Аеродром мисли ли некој на безбедноста на граѓаните?
Еден ден ако има посилен земјотрес или нешто слично и кога ќе падне некоја од зградите ќе страда голем дел од Скопје...
A замисли да се појави пожар....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom