Почина Арбен Џафери

  • Креатор на темата Креатор на темата BloodyJesus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Почесниот претседател на ДПА Арбен Џафери почина денеска околу 16 часот од последици на мозочниот удар што го доживеа пред една недела. Ова вест пред малку ни ја потврдија надлежните на Клиниката за неврохирургија.
- Ги преземавме сите неопходни мерки за лекување во вакви случаи но за жал се случи најлошото - ни изјави д-р Слободан Дамјановски, неврохирург.

Информацијата нија потврдија и во ДПА, партијата во која Џафери беше почесен претседател. Тој минатата недела беше најден во својот стан во коматозна состојба, откако претрпел мозочен удар.

Поранешниот претседател на ДПА повеќе години се лекувал од Паркинсоновата болест и поради здравствената состојба по 12-годишно водење на ДПА во 2007 година се повлече од лидерската функција, а за претседател на партијата беше избран Мендух Тачи.

Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма. Бил претседател на ПДП во Македонија од 18 април 1995, а потоа лидер на Демократската партија на Албанците до 2007.
На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА. Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија.

Лесна ти земја и почивај во мир, ќе останеш во сеќавање како писател на повеќето македонски брзозборки :icon_lol:
 
singlefrog.jpg
 
Голем Човек и Патриот.
Човек кој работеше во интерес на кохезија на народите и народностите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom