Котизација за учество во младинска лига

  • Креатор на темата Креатор на темата jasarbekir
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 февруари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
2
Возраст
44
Секој фудбалски сојуз вложува за развој на фудбалот во млади категории,само нашиот фудбалски сојуз наплатува котизација од 2000 евра за учество во лигата.Спонзорите покрај тоа што треба да платат котизација за првиот тим,додатно треба да платат уште по 2000 евра за младите категории.
Сите знаеме како се третираат младите категории по клубовите,па затоа и теретот да ги платат тие 2000 евра е на самите деца.Никој во фудбалски сојуз не реагира а и не коментира за овие одлуки.Мислевме дека новиот претседател ќе преземе нешто за ова прашање.но на нашето барање за преиспитување на оваа одлука остана без одговор.Неколку клубови се откажаа поради оваа одлука а и уште неколку клубови не се сигурни дека ќе учествуваат во натпреварувањето.На веб страната на ффм е објаавен и предлог на пропозиции за такмичење во 2012/2013,и покрај тоа што е предлог органите на ффм постапуваат по него.

Тешко на младинскиот фудбал во Македонија......
 
Тешко на фудбалот не мора да е самиот младински, не се вложува а цело време се бара и лапа.
 
искрено јас да кажам шо мислам
мислам дека е во ред да се бара котизација ама не толку висока
ако нема ќе има башибузук екипи шо неможат да се соберат да појдат на гостување
се знај ако има пари има и квалитет и секаде во странство е така
само ако се плаќа можи да се воведе ред
 
ама не за младинциве,бидејки немаат сите деца пари за котизација да плаќаат.
 
ФФМ знае дека децата имаат и други трошкови уште поголеми тоа се патувањата.Колку мислите дека е превозот на деца на натпревар во Охрид?А каде се 7.8 гостувања за една полусезона во младинските лиги.Тешко да најде некоја екипа превоз до Охрид помалку од 15 000 денари.А следното гостување можеби е Струмица исто толку.Скоро сите младински екипи превозот го плакаат самите деца.А за патување треба и најмалку по еден сендвич за детето и тоа е трошок.
 
абе кај нас младинците и чланарина плаќаат,а после коа ќе си идат оштета им бараат..ништо чудни патот што го плаќаат.
 
Денес се договориле сите деца во клубот да соберат по 500 ден. за котизација им дале рок од ФФМ инаку нема да се такмичеле.А и за нов играч да се регистрира ја напрвиле
1150 ден. катастрофа.............Кога некој ке каже дека многу се вложува во спортот малку повеке е смешно за тој што знае како е.......
 
Денес се договориле сите деца во клубот да соберат по 500 ден. за котизација им дале рок од ФФМ инаку нема да се такмичеле.А и за нов играч да се регистрира ја напрвиле
1150 ден. катастрофа.............Кога некој ке каже дека многу се вложува во спортот малку повеке е смешно за тој што знае како е.......
за кој клуб зборуваш?
 
И сега нешто е сменето со котизацијата? Нека каже некој!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom