Зошто барем не погуглате пред да отварате теми за едноставни прашања, наместо да губите време во лаичко расправање и убедување?
Оригиналната песна е напишана од словачкиот поет Само Томашик и носела име „Хеј, Словаци!“.
Врската со Полјаците е мелодијата која била во голем дел позајмена од Маршот на Домбровски - Полската Национална Химна која се базирала на народниот полски танц „мазурек“.
Потоа Чесите ја видоизмениле песната, нарекувајќи ја „Хеј, Словени!“ и оваа песна станала официјална химна на сите словенски народи на Се’ словенскиот Конгрес во Прага во 1848 година.
Еве како се одвивала еволуцијата на воведниот стих на оваа песна во соседните си држави :
Словаците пееле:
Hej, Slováci, ešte naša slovenská reč žije
Лужичките Срби: Hišće Serbstwo njezhubjene
Хрватите:
Još Hrvatska ni propala
Украинците:
ште не вмерла Україна
Актуелната
полска верзија гласи:
Jeszcze Polska nie zginęła,
Kiedy my żyjemy.
Co nam obca przemoc wzięła,
Szablą odbierzemy.
Marsz, marsz, Dąbrowski,
Z ziemi włoskiej do Polski.
Za twoim przewodem
Złączym się z narodem.
СФРЈ ја прифати како своја химна 1945 година, откако на политичката арена силно влезе „работничката“ класа, односно како резултат на класната борба за
„социјална република и социјална правда“.
Ова се останатите верзии од почетните стихови:
Бугарска:
Хеј славјани, все оште жив е
дух'т на нашите предци
Докато с'рцето за народа бие
на техни наследници.
Руска:
Геј, славјане, наше слово
Песнеј звонкој льётсја
И не смолкнет, пока сердце
За народ свој бьётсја.
Наше слово дал нам Бог
На то Его волја!
Еве и на
македонски јазик:
Еј, Словени, жив е тука
зборот свет на родот
штом за народ срце чука
преку син во внукот!
Жив е вечно, жив е духот
словенски во слога.
Не нè плашат адски бездни
ниту громов оган!
Пустошејќи, нека бура
и над нас се втурне!
Пука даб и карпа сура,
тлото ќе се урне:
Стоиме на стамен-прагот
- клисури и бедем!
Проклет да е тој што предал
Родина на врагот!
Треба да се има во предвид тогашната експанзија на Панславизмот на територија на Централна Европа, со директна поддршка на Русија која со тоа сакаше да ги оствари своите империјалистички интереси над народите од словенско потекло, кои немале своја држава организација.
Особено плодни земји за тоа биле оние кои се наоѓале под управа на тогаш веќе ослабените Германското Царство и Австро-Унгарија и кои во пансловенската идеја гледале можност за остварување на своите јазични, културни и социјални интереси и нивно обединување.
Земете во обѕир дека Словаците на пример, биле 1000 години под Унгарија, за разлика од нашите 500 под Турците.