Соларни бродови ќе пловат по македонските езера

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Првиот брод на соларна енергија МС туранор планет солар, кој две години беше на пат околу светот

DC4676DE7CB21C47813671F6BDB9F6F2.jpg

Соларни бродови и чамци наскоро ќе пловат по македонските езера. Иноватор е инженерот Горан Ангелковиќ од Битола, кој по долги години истражување и проектирање во бродоградбата дошол на идеја да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Според неговото идејно решение бродот е многу едноставен, но истовремено сигурен и траен и многу евтин за одржување. Еден брод на соларна енергија за 60 патници би чинел околу 80.000 евра и според Анѓелковиќ бродарите имаат економски интерес да ја применат соларната енергија како погон на движење.

-Целиот возен парк е стар и тој ќе мора да се менува. Зошто тоа да го правиме двапати кога може еднаш и со технологија која секако ќе биде иднина, истакна македонскиот иноватор.

Дека и државата има интерес и стратегија за максимална примена на соларната енергија во сите домени на живеењето, потврди заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, кој присуствуваше на промоцијата.

- Со ваквите бродови и чамци бенефитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а од друга страна економска заштеда, рече Темелковски.

Идејата за замена на моторите со внатрешно согорување со погон на соларна енергија, ја поздравија екологистите и спортските риболовци.
(Е.А.)

http://www.time.mk/read/08a0ade6c8/7bc8a0f22d/index.html
 
“Македонските езера“ поарно да пишеле по охридско, дојран е гас-место, кај што чамец ако влези ќе претечи езерото, преспанско го испустија со триста отпади, кој бил-знае, и си дошол со преспански поклон алергиска реакција, е сеа останува охридско.

Иначе, ако не паднат цените на бродска вожња сеа,незнам кога.
 
Сепак нашиве ќе одберат жални врби
 
Сепак нашиве ќе одберат жални врби

....немојте така....и врбите се на соларен погон.....

онтопик
се уште немаме изградено свест за зачувување на екосистемот и заштеда на ресурси.....од една страна кукаме како сме сиромашни, а од друга страна се расфрламе со ресурсите кои ги имаме....идејата за бродови на соларен погон не е нова....проблем е реализацијата...и промена на свеста кај потенцијалните корисници.....исто како што на почетокот луѓето ги игнорирале автомобилите и повеќе им верувале на коњите....така и ние со нашиот менталитет сме скептични во однос на иновациите
 
Искрено не верувам дека некој е скептичен повеќе би рекол нема пари.
Како што поскапува струјата ваква инвестиција ќе биде се поисплатлива како што поминува времето.
Искрено да би имал кеш јас би инвестирал во соларна енергија.На долгорочен план се исплаќа ова и тоа како посебно во земја со 250+ сончеви денови.
 
Искрено не верувам дека некој е скептичен повеќе би рекол нема пари.
Како што поскапува струјата ваква инвестиција ќе биде се поисплатлива како што поминува времето.
.

Само добриот ураниумски изотоп кој го збогатуваме во центрифуги со околу 8000 вртежи е решение на нашиот енергетски проблем,секоја чест на иноваторот но зарем не лежат минимум 15 мини хидроцентрали на вардар?

Колку ќе беа изградени со 300 милиони евра,или барем со истите пари можеше да се зачне нуклеарна централа-наместо кич,шундерај и обезличување на главниот град пропратено со во најмала рака сомнителни мотиви меѓу кои и саботажа на историјата.
 
Јас го подржувам овоа !

Поборник сум за чиста енергија , а соларната е ем бесплатна , ем чиста !
 
Само добриот ураниумски изотоп кој го збогатуваме во центрифуги со околу 8000 вртежи е решение на нашиот енергетски проблем,секоја чест на иноваторот но зарем не лежат минимум 15 мини хидроцентрали на вардар?

Колку ќе беа изградени со 300 милиони евра,или барем со истите пари можеше да се зачне нуклеарна централа-наместо кич,шундерај и обезличување на главниот град пропратено со во најмала рака сомнителни мотиви меѓу кои и саботажа на историјата.
Што да ти речам истиов муабет едно 1000 пати го имам кажано и повторувано.
Што е до мене ако сакаат слободно нека земат уште 300 милиони долг од банка, инвестиција како хидроцентрали,ветерници или соларна енергија ќе се врати во следниве X години и ќе биде долгорочна инвестиција.
Секој поединец и бизнис би имал корист од евтина струја да не тупам многу корист од ефтина струја ќе има во секој можен сектор и како што поминува времето побарувачката за енергија безсомнено ќе расте експоненцијално.
Тоа е тоа џабе муабет за нешто што не може да се смени тие пари можеа многу подобро да бидат потрошени ,но што било поминало.
 
На Номче кајчето соларно ќе му биде :icon_lol:.
 
Ке го изградат бродчево само ако е во барок стил, или некојси антички стил. Нешто помодерно, никако, немојте ни да помислите. Па треба ли некој да испере у машина за перење, некоја паричка?
Барокот според владата и компанија, бил најдилпоматски и најпреставителен стил што најмногу и доликува на една држава да го примени во центарот на главниот град, 5 века по раѓањето и врвот на тој стил, во време на светска економска криза. А иначе новиве стилови, со стакла како на пример зградите во дубаи или др архитектонски дела пример во Пекинг или Јапан и што ти јас знам, не чинат.Све е тоа кич и не буди никакви емоции. Барокот е закон, луѓето штом поминат покрај овие барокни светски чуда, одма липтаат од плачење, од толку што им будат емоции.
Бродот ке мора да биде сличен на овој, за да и биде интересен за око на владата наша, и секако да буди емоции и да има долгорочна вредност кај народот:
trireme.jpg

Нели е лепота, замислете го како мирно плови по Охридското езеро.
И уште подобро ако бродот го придвижуваат робови,што ке веслаат, а не соларна енергија или таму некои глупости такви. Робовите да бидат увезени од блискиот исток, тоа ке значи дека далечната и славна историја на Македонија се повторува пак, и тоа ке биде едно големо постигнување за одржување на Македонската нација и свест.
 
Блиски исток??? а бе тоа се сега шеици за нас....мислам дека треба да се воведе закон за неплатени сметки...за секои 1000 денари едно деноноќие веслање на галија....оваа твојава има едно 600-800 веслачи...неколку такви ќе свршат работа...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom