- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.755
- Поени од реакции
- 2.569
Предностите на плазма во однос на ЛЦД се: подобар контраст (плус црната боја е апсолутно црна а не темна нијанса на сива), појаки/поизразени бои, нема проблеми за гледање од било кој агол... Накратко, чисто за основната функција на еден телевизор - гледање филмови/телевизија/итн, плазма е супериорната технолгија.
Е сега лошите страни на плазмата: полесно се расипува и многу поскапо/потешко се поправа, помал работен век во однос на лцд, екранот може да прегори ако стои статична слика многу време... Заради ова прегорување на екранот плазма не е за играње на игри ако истите имаат големи скорови или други статични елементи на екранот (а скоро сите игри имаат).
Предностите на ЛЦД се: поевтина технологија за широки народни маси која иако со квалитетот на сликата е инфериорна на плазмата, ги нема слабостите на истата.
Лошите страни на ЛЦД: ограничен агол на гледање кој варира (ама секогаш го има, проверете со гледање од поголем агол од лево или десно), кај поевтините модели има гостинг (духови) на брзите сцени, послаб контраст (во однос на плазмата а ЛЕД ЛЦД-ата ова донекаде го надминуваат), бои со послаб интензитет (т.н. испрани бои, поизразено кај поевтините модели)..
Овие работи важеа пред Х години кога се појавија првиот пат на пазарот овие телевизори. Сакаш да кажеш дека за овие 10-тина или колку и да се години, технологијата ич не е мрдната од место и дека истото разлики се и за денешниве модели??