Пет сценарија за развој на ситуацијата на Блискиот Исток
Израел се повлекува? Дипломатско решение? Израел во замка? Паѓа владата во Бејрут? Инвазија во Либан?...
Настаните на Блиски Исток се чини почнаа да излегуваат од контрола, бројот на цивилните жртви за две недели војување се доближи до бројката од 500 загинати, во Либан веќе има 800.000 раселени луѓе... Весникот „Индипендент" деновиве излезе со анализа на пет можни опции или сценарија во кои би се развивала ситуацијата.
Во услови на меѓународна осуда поради се поголемиот број цивилни жртви и уништување на цивилната ифраструктура во Либан, американскиот претседател Буш е принуден да изврши притисок врз израелскиот премиер Ехуд Олмерт, да ја заузда војската.Израел се повлекува унилатерално. Според оваа прва опција, следува , несигурно примирје во кое веројатно ќе дојде до запирање на стрелањето ракети, но Израел и натаму ќе биде чувствителен на напади како оној пред 15 дена кога беа киднапирани двајца војници од страна на Хезболах.
Хезболах би се почувствувал како победник кој извојувал победа над Израел тврдејќи дека два пати ја поразил воената машинерија на Израел, разгневувајќи ги САД, кои сметаат дека милицијата е застапник за иранскиот тероризам.
Израел, како губитник и натаму би тврдел дека ја деградирал „инфраструктурата" на Хезболах, но по огромна цена за неговиот меѓународен углед.
Дипломатско решение би била втората опција: Израел сфаќа дека започнал непобедива војна. САД стравува дека инвазијата го претвора регионот во буре барут. Израел тргнува на патот на помал отпор и гледа кон ОН за признавање на грешката и спасување на образот. САД се приспособуваат, поттикнувајќи ги европските земји да испратат тампон сили на границата со Либан.
Меѓународните единици би го надгледувале разоружувањето на Хезболах. Но, Хезболах нема да прифати странски сили, бидејќи веќе „ја ослободи" својата територија од 22-годишната израелска окупација.
Победници, условно речено би биле САД кои би тврделе дека извојувале победа поради нивната тактика, како што, секако, би тврдел и Израел, а „лузер" е разурнатиот Либан.
Како трета опција„Индипендент" наведува пролонгирани престрелки на двете страни на северната граница во кои би се заглавил Израел и тоа е враќање на состојбата пред повлекувањето од Либан, на премиерот Ехуд Барак во 2000 година. Хезболах покажа дека може да преживее под окупација. По тие израелски напади, тие ќе имаат многу повеќе регрути и би можеле да нанесат огромни жртви.
Следува герилска војна бидејќи Иран, главниот спонзор на Хезболах, решава да притисне за решавачка победа. Хамас, кој е сојузник на Хезболах на вториот фронт на Израел во Газа, ги интензивира ракетните напади. Во Израел, јавното мислење ќе биде цврсто кусо време, но дури и израелскиот морал ослабува пред константното крвопролевање.
Во такви околности победници во очите на САД и Велика Британија, би била „терористичката оска" на Хезболах, Иран и Сирија, а губитник Израел, соочен со бескраен конфликт на уште еден фронт и натамошна меѓународна осуда.
Мошне веројатна е четвртатата опција: Уништувањето предизвикано од израелски напади би ја довело кревката влада на Бејрут да падне под. Земјата, со 17 секти, ризикува да се распадне. Шиитското движење Хезболах, со поддршка од Иран и Сирија, кое има две министерски позиции во кабинетот и 14 пратеници, е зајакнато.
То би довело до општа анархија, иако САД веројатно не сакаат да се инволвираат во тоа. Можно враќање на Сирија како посредник само една година откако нејзините единици беа протерани на крајот од 29-годишната окупацијаВо полош случај јужен Либан би можел да стане котел на тероризмот бидејќи милитантни групи би пристигнувале во регионот како поддршка за Хезболах. Победник, барем во поочетокот би бил Израел, а губитник – либанскиот народ.
Израелска инвазија над Либан, како можно петто сценарио, не функционираше во 1982 година, па зошто би функционирало сега? Тоа би било голем воен потфат што би ги оживеал спомените од претходната инвазија, која беше најнепопуларна војна во историјата на Израел. Тоа би довело до мобилизија на либанското население и наостанатиот против инвазијата, која нема да успее да го разоружа Хезболах, со оглед на последното искуство на Израел. Израел би се претворил во агресор наместо жртва (како што беше кога беа заробени негови војници). Катастрофа за Израел, кој ризикува да загуби војници во голем број и да се заглави во друга окупација. Аналитичарите во написот на „Индипендент" се убедени дека ова нема да се случи, зашто победници во таков случај би биле само продавачите и произведувачите на оружје. Но, и Хезболах, бидејќи водењето војни е она што најдобро го прави.