Бугарија во инфраструктура в година вложува 5,5 милијарди евра

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Со ова земјата ќе привлече 10 до 12 милиони туристи кои ќе донесат до 10 милијарди евра
Премиерот на Бугарија Сергеј Станишев објави дека околу 5,5 милијарди ќе бидат инвестирани во инфраструктурни проекти, како дел од стратегијата на владата за 2007 за подобрување на инвестициската клима на државата и поттикнување на нејзиниот социо-економски развој.
Бизнис заедницата во Бугарија е подготвена да ја финансира изградбата на патиштата кои ги поврзуваат автопатите.
Со имплементацијата на оваа инфраструктурна програма во Бугарија, туристичкиот бизнис може да привлече околу 10 до 12 милиони туристи, што е еднакво со годишната обрт од 8 до 10 милијарди евра.
Сумата планирана за инфраструктурните проекти за 2007 до 2015 година е 7.477 милијарди евра. Од нив 5.300 евра за транспорт, над 2 милијарди евра за животната околина, и десетици милиони евра за системи за наводнување и за медицински и ветеринарни активности.
Изворите на финансирање се Европските фондови, ППП, националниот буџет на Бугарија и заемите од интернационалните финансиски институции.
Премиерот најави дека идната година владата планира да ја зголеми финансиската поддршка за инфраструктурни проекти за околу 180 милиони евра. Оваа година финансиите за инфраструктурни проекти се 26 милиони евра. Според националната стратегија на Бугарија, до 2015, близу 720 километри автопати ќе бидат изградени.
Модернизацијата на инфраструктурата е приоритет за бугарската влада и е од делумно значење за поттикнувањето на конкурентноста на економијата, за подобрување на инвестициската клима, како и за општ развој на земјата со цел успешен влез во ЕУ.
 
Доста амбициозно. Бугарија цели кон приходи од туризам, и затоа планира вложувања во инфраструктурата.

Поентата ми е, додека другите земји од Балканот наголемо инвестираат, особено во инфраструктура, Македонија некако заостанува. Не гледам некои поголеми промени, па дури и тоа што се гради, некако споро оди (пр. спортската сала во Скопје). Има потенцијал за туризам, меѓутоа фали добар маркетинг, но пред се развиена инфраструктура.

Заклучок- Ако не си во тек со светските трендови и ако не работиш напорно, многу е веројатно дека конкуренцијата ќе те “изеде“. :nesum:
 
Бугарија и треба да инвестира во инфраструктура. Реално, барем инфраструктурата е една од ретките работи со кои Македонија е моментално понапред од Бугарија, нашите патишта се далеку подобри од нивните, иако со многу други отидоа далеку понапред од нас последнава деценија. Развиениот туризам бара развиена инфраструктура.

Во поглед на туризмот, треба да се угледаме повеќе на нив. Инфраструктура имаме, ама некако слабо ја користиме, малку туристи по нашите патишта и летувалишта :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom