Експлодира мина на црногорско – албанската граница

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
tocka-70185.jpg


Пет лица се ранети, од кои две потешко во експлозија на мина на границата помеѓу Албанија и Црна Гора, јави денеска албанската полиција.
Несреќата се случила во неделата на црногорско тло, 20 метри од границата со Албанија, кога автомобил со пет лица што се движел кон Албанија налетал на мината.

Повредените, сите црногорски државјани со албанско потекло, биле веднаш превезени во болница во Тирана.

Според албанската полиција, станува збор за област минирана за време на војната на Косово, за да се спречат албанските герилци да ја преминат границата да набават оружје во Албанија и Црна Гора.


И добро кога е минирана област од војната во Косово зошто не ја расчистат? Зошто не постават знаци за предупредување? Баш во екот на летната сезона каде секој ден границите ги минуваат илјадници луѓе они оставаат минирано поле со слободен пристап.
 
Таму кај што поминала колата, не верувам дека има легален премин.
И иако несакам на слепо ама 99% сум сигурен дека се работи за нелегално
преминување на државна граница.
 
Според чадот на сликата, ако истиот е автентичен, тоа не е мина туку миниште... 1 километар чад во висина... 200 метри чад по тлото... и само повредени а не погинати
 
Според чадот на сликата, ако истиот е автентичен, тоа не е мина туку миниште... 1 километар чад во висина... 200 метри чад по тлото... и само повредени а не погинати

Незнам колку е автентична сликата и дали е баш од истата мина...Таа беше поставена на страната на изворот и неа ја ставив.
 
Сликата со чадот 100% не е од настанот.
Против тенковска мина пука вака

а за толкав чад треба нешто вакво

се надевам ја разрешивме дилемата околу сликата. (y)
 
Македонија да имаше мини на границата со Јужна Србија ( Косово и Метохија ) и на границата со Албанија на секој две минути ќе слушавме експлозии.
Само настанов ми изгледа некако нелогичен...

Таму кај што поминала колата, не верувам дека има легален премин.
И иако несакам на слепо ама 99% сум сигурен дека се работи за нелегално
преминување на државна граница.
Па не сме ние луди па да ставаме мини на пат по кој возат луѓе.. :D
 
Според чадот на сликата, ако истиот е автентичен, тоа не е мина туку миниште... 1 километар чад во висина... 200 метри чад по тлото... и само повредени а не погинати
Сликава не е автентична, тоа слика от експозиja на завод со муниции.
 
Новинариве наши ако треба ќе постават слика од нешто сосема трето ко на пример две кучиња као се клецаат
 
Некоји го паљил са бенѕин ............ или па го пукнала мината на некоји подрум ! :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom