Избор на крема за сончање

  • Креатор на темата Креатор на темата edin4o
  • Време на започнување Време на започнување

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Локација
Десно од левото
Веб-сајт
gamezone.com.mk
Значи вака...
Мене кожата многу брзо ми се зацрвенува на сонце и после ме пече недела и повеќе дена. Кога ќе заврши печењето почнува да ми се лупи и ништо не останува црно.

Почнав да користам една крема, што тетин ми ми ја даде на користење, една Coppertone за бебиња со 50+ SPF...Откога таа ја ставив, бев црн и не горев, дури и неколку часа директно изложен бев на сонце (+ се бањав) .

Е сега, немам доволно пари да ја купам таа (800 и кусур денари е отприлика секаде цената), па мислам некоја друга за бебиња со 50 SPF... Препорачајте ми некоја. Јас мислев Бекутан (210 денари 70мл), или една од Кам маркет што ја има и е околу 230 денари со 200мл... Исто така постои опција Chicco која е 600 денари..

btw - фората ми е само да се заштитам од сонце, поцрнување нема потреба...Него Coppertone само онака ја спомнав дека е навистина добра, али неам шушки за неа...
Ваша препорака? Ако е навистина исплатливо тогаш да купам некоја поскапа.. ?
 
12514_1.png


Ја ваква крема користам повеќе од 15 тина години. Ја неам гајле црна си сум, ама братми има ептен проблеми бидеќи кожата му е многу осетлива , со оваа ич си нема мака. 100% проверено ако ја има на залиха, земаја оваа.
Мислам 350 ден дека беше.
 
било која крема со фактор 50 ќе ти заврши работа. Бекутан ти е милион пати докажана до сега (па сите бебиња ги мачкаат со неа :D) само што многу тешко се размачкува. Можеш да земеш и од новите на фитофарм што се имаш и 40 и 50 фактор. SUN се вика колекцијата.
Инаку ако ти се појавуваат ситни црвени точкичиња од сонце би ти препорачала обавезно да си понесеш и масло од кантарион или невен и навечер после сончање да се мачкаш со него (немој на плажа да се мачкаш како рак ќе се направиш, на плажа само последниот ден ;)).
 
И јас го имам истиот проблем, светол тен и под фактор 50 никако. Еднаш дури во Турција напалкав и фактор 60 и супер ми беше. Без 50ка не излагај и гледај да нема каротен зошто може да си алергичен на тоа. Глеј да е анти алергенско, треба да пишува на него.
 
Незнам за другите или пак јас имам посебна кожа, ама тактиката ми е многу проста и ефективна. Неколку дена припазувам , не се изложувам многу на сонце, ке си ставам маица ова она. Е тоа е се додека не фатам кора, или малце од малце да се исунчам. После..... е после ни крема ни бутур, можам комотно цело време да се печам како гуштер и гајле си немам. Не дека немам крема или не користам, туку мрза сум и кој ке се заебава сега и со кремата:).
 
Дефинитивно производите од Фитофарм,лично знам дека се на природна база направени,кокос млеко мед и што уште не ли има во нив,штом имаш осетлива кожа земи спф 40+ од нив,и земи крема од нив за после сончање,криза немаш и двете би требало да те коштаат околу 500 денари :D
 
Кај читав не знам и колку е тоа вистина и тоа незнам но беше вака.

50 фактор - 50 минути изложен на сонце со едно премачкување.
30 фактор - 30 мин....
12 фактор - 12 мин...


Што значи тие се исти само за подолг/пократок период.
 
Дефинитивно производите од Фитофарм,лично знам дека се на природна база направени,кокос млеко мед и што уште не ли има во нив,штом имаш осетлива кожа земи спф 40+ од нив,и земи крема од нив за после сончање,криза немаш и двете би требало да те коштаат околу 500 денари :D

Супер се ако се направени од природна база, но ако мирисаат на кокос од искуство ти кажувам место сонце оси ќе ти се лепат по телото. Купив ја еднаш нз како се викаше ама знам дека на кокос мирисаше, осите од цела плажа по мене трчаја. :D :D
 
Дали може овие креми да се ставаат на лицето ???
Мислам дека не е проблем, али како да сум слушнал некој дека не се ставаат на лице.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom