Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
ау која атракција човече :facepalm: и се прашувам зошто празен вагонов го сликале :facepalm:
 
ФОТО: „Шанк велосипед“- најнова атракција во Охрид

Во Охрид по кејот можете да се возите со најновата атракција шанк, кој всушност е велосипед. Сите кои седат на шанкот мора да вртат со нозете на педалите за тој да се движи, јавува порталот Охрид 1.
tumblr_lu9rsc0atq1qcpbw1.gif
 
Она само да се соберат 10 души пепел напраени и да го возат.В езеро.
 
Година 2075та, месец јули, ден 18ти..
Македонија денес слави 50 години членство во Мултиетнички Европски Држави и Макро-економска Либерална Европска Кооперативна Организација скратено М.Е.Д. и М.Л.Е.К.О!
Во Охрид сите на улица, музика секаде, јадење и пиење безпари, туристи вријат... кај не ќе вријат, секоја година по 5 милјони гости идет во Охридов наш... Од 1ви јануари до 31ви декември џган луѓе..нонстоп...
250.000 жители на Охрид се еуфорични дека 50 години сме член на М.Е.Д. и М.Л.Е.К.О.. Организачија измислена од Македонија заедно со Србија, Албанија, Босна и Турција... после 50 години имат веќе 52 држави членки... од Шпанија до Финска, од Ирска до Украина..
Само Република Атина не е член...поради проблеми со името на јужниот сосед. Имало пред 50 години фризерка со името “Атина„ во Пешчани, поради то Република Атина не е примена во Организацијата..
Главно седиште на организацијата е во Охрид на старото место од касарната кај црногорцине...
Шибат автопат од Охрид за Битола под Галицица..тунел од Ботун до Гостивар..мост преку Струга право за Тирана..
Граници немат освен со Република Атина.
5 милјон Кинези, Руси и Африканци годишно бараат Македонски пасош..
Просечна плата е 3000 Млекари (од прилика 5000 стари Евра).. 99,5% од Охрид е вработен..
Преку Охридскот аеродром има директни летови за цел свет...со 100 милјони патници годишно стана втор најголем аеродром во светот, после Скопсиот кој имат 200 милјони патници годишно...
Охрид и Трпејца се спојани, официјално стана населба на Охрид..
Хотелот изграден пред 60 години од некој индијец се руши, ќе се гради со Охридски пари хотел од под Галичица до сред езеро на вештачки остров...вреден 20 милјарди Млекари..
Скопје е метропола со 3 милјони жители, 95% од печалбарите се вратија во Македонија, така достигна бројот на жители во Македонија 12 милјони.
Највисоката кула во светот ќе се гради исто во Скопје, висока 1,5км...
Буџетот на Македонија е поголем од сите држави во светот заедно.. имат 3000 милјардери а 120.000 милјонери..
Охридски Плин и Охридски Петрол (ОПОП) кој ваѓат плин и нафта во Македонија стана официјално најголема фирма во светот...
Сите среќни, весели...насмеани....

Цццццццррррррррррррннннннннннннн звона алармот во 7 сабајле за наработа... оф мори мајко само сон било... Нишчо беј да одам наработа з`ш ќе ме избркат онај будалион...
 
Сварно е до толку празно у Охрид годинава ко што опишуваат по медиумиве?
 
Времето досега беше за нигде, а веројатно и водата е ладна. Седум години не бев во Охрид и викендов поминав од кај плаживе и никогаш не сум ги видел така празни преку лето.
 
Ќе се стоплит ли до крајо на јули?
 
Как да не ладна била водана ние во Дњипропетровск на -10 се капиме, вас Охрид ладна водана ви била абе бана е јас со онаква вода дома во месец Јануари се капам. Ај нетуку лупајте сешто нешто во темава
 
Planiram od kaj 1-2 avgust da idem vo Ohrid ama kako sto gledam vremevo e za nikade...Mozam da zamislam vodana kolku e ladna samo da se izrazboles u pm..
 
Уба е водана само вечериве се малце посвежи.
 
Ко ќе е топло се жалевте премногу било, порано навечер сте излегвеле со јакни, сеа со зградиве го загушија градов не се дишит, сеа малце по ладно лето и одма се жалите. Вистина времево не е нешто нај нај за наплажа, ама тамански е ојш наплажа во 2-3 се капиш, до кај 7 се сушиш оти ладно е да влезиш пак и така.

И да ке забораев ак не ви чинит не идајте :ROFLMAO:
 
Се јави ли Охриѓанецот што му ишарале колата у Грчка. Така прашувам чисто информативно. Да не е некоја македонска заебанција затоа. Златен Охрид тој у Грчка бе. Може бил на семинар за туризам.:свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom