Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ

C0650D5E0EF2E54396A36D96CA88737E.jpg

Европската унија попладнево ги отвори преговорите со Црна Гора за нејзин прием во Унијата.

Првиот состанок на конференцијата за пристапување на министерско ниво меѓу ЕУ и Црногорците следува по одлуката на Советот за општи прашања на 26 јуни да побара отворање на разговорите, што на денешниот Самит на Европскиот совет беше одобрено.

Делегацијата на ЕУ на почетокот на преговорите денеска беше предводена од Николај Вамен, министер за европски прашања на Данска, кој до утре вечер е преседавач со Советот, додека Европската комисија беше претставена од Штефан Филе, еврокомесар за проширување и соседска политика.

Црногорската делегација, пак, беше предводена од Милан Рочен, министер за надворешни работи и европски интеграции на ова земја.

Црна Гора е веќе близок партнер на ЕУ во процесот на стабилизација и асоцијација, процес за земјите од Западен Балкан и, како што е наведено од страна на Советот на 26 јуни, ЕУ-делегацијата нотирала дека Црна Гора го има постигнато потребниот степен на усогласеност со критериумите на Унијата за членство, особено политичките критериуми и дека е подготвена да ги почне пристапните преговори.

Покрај тоа, ЕУ ја претстави својата преговарачка рамка, што исто така беше усогласена со Советот на 26 јуни. Преговарачката рамка го зема предвид искуството на ЕУ со петто проширување и развојот на европското законодавство, а соодветно ги одразува сопствените заслуги и специфични карактеристики на Црна Гора. Тоа ги поставува принципите со кои се регулираат преговорите и новиот пристап е усогласен за разговори за пристапување во врска со поглавјата за судството и основните права и правдата, слободата и безбедноста, како и за преговорачките процедури.

Делегацијата на ЕУ на почетокот на преговорите истакнала дека на патот кон пристапување Црна Гора ќе треба да продолжи со напорите да го усогласи своето законодавство со она на ЕУ и ќе мора да обезбеди негова примена и спроведување. ЕУ ја истакна важноста што се дава на владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, и ја повика Црна Гора да се справи со прашањата од интерес идентификувани од страна на Европската комисија во нејзиниот последен извештај за напредокот на земјата.

Се работи пред се за независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и потребата Црна Гора да ги зајакне своите напори со цел да се воспостави солиден учинок во текот на преговорите.

Во текот на отворањата на поглавјата е најавено дека Еуропол ќе презентира извештај за организираниот криминал во Црна Гора, а Комисијата ќе се осигура дека тоа се зема предвид во нејзините скрининг-извештаи. Контактите на ЕУ со Црна Гора сега ќе бидат изведени со цел да се одреди датум и агендата за Првиот состанок на конференцијата за пристапување на заменичко ниво.

Утрински

Епа драги мои додека ние си играме Скопје 2014, Црна Гора си ја отвори вратата кон ЕУ. Не дека сум некој фан на ЕУ, во последно време сум скептик, сепак многу ме иритира нашето назадување или стоење во место додека сите останати балкански држави одат напред.
Епа драги Црногорци нека ви е честито, ние сме далеку и зад вас благодарение на владите кои си ги бираме. Нека ни се вечни, ако не се они нема да знаевме како е 20 години да се чувствуваш како измет.
 
Благодариме и за Македонија да си дочекате/ме.. :)
Montenegro_Grungy_Flag_by_think0.jpg
 
Се плашам дека последни ќе влеземе во униjата или па воопшто нема да влеземе. Колку и да не чини ЕУ глупаво е 20 години да си на страна додека млади држави (уште не се ни во тинеjџерски години) ќе станат citizens of the European Union.
Колку и да има негативности, униjата има три работи што реално се од огромна корист
1. слободно движење низ сите земjи како и работа
2. jакнење на економиjата
3. македонскот jазик ќе биде официjален jазик на ЕУ
 
Епа драги мои додека ние си играме Скопје 2014, Црна Гора си ја отвори вратата кон ЕУ. Не дека сум некој фан на ЕУ, во последно време сум скептик, сепак многу ме иритира нашето назадување или стоење во место додека сите останати балкански држави одат напред.
Епа драги Црногорци нека ви е честито, ние сме далеку и зад вас благодарение на владите кои си ги бираме. Нека ни се вечни, ако не се они нема да знаевме како е 20 години да се чувствуваш како измет.
Уф што влади бираа пак црногорците пак, све кој од кој поголем лопов криминалец, шверцер..... уствари еден чоек се мота 20 години тамо.... Него нема везе бирањето на владата со геополитиката на големите сили, лош хороскоп... тоа е...
 
Ај може посреќна ќе бидеш кога ќе читаш по медиуми како Горна Македонија започнала преговори за ЕУ и како горномакедонците се среќни притоа искажувајќи се на својот горномакедонски јазик :icon_lol:. Иако премија ќе биде и воопшто зборот “Македонија“ да се спомнува :icon_lol:
 
Нека им е со среќа ;)
 
Нека им е со среќа, се надевам нема да се побунат овие Шќипојте во Тузи....
 
Раст на бдп на Црна Гора:

2001 - 1,1%
2002 - 1.9%
2003 - 2,5%
2004 - 4.4%
2005 - 4.2%
2006 - 8.6%
2007 - 10.7%
2008 - 6.9%
2009 - -5.7%
2010 - 2.5%
2011 - 2.5%
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 23:15 ---
Ај може посреќна ќе бидеш кога ќе читаш по медиуми како Горна Македонија започнала преговори за ЕУ и како горномакедонците се среќни притоа искажувајќи се на својот горномакедонски јазик :icon_lol:. Иако премија ќе биде и воопшто зборот “Македонија“ да се спомнува :icon_lol:
Не прави бош муабети, прочитај го првиот пост.
 
Раст на бдп на Црна Гора:

2001 - 1,1%
2002 - 1.9%
2003 - 2,5%
2004 - 4.4%
2005 - 4.2%
2006 - 8.6%
2007 - 10.7%
2008 - 6.9%
2009 - -5.7%
2010 - 2.5%
2011 - 2.5%
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 23:15 ---

Не прави бош муабети, прочитај го првиот пост.
Пу пу не важи не е од Државен завод за статистика на Македонија ниту пак од министерство за економија на МК(n)
 
Уф што влади бираа пак црногорците пак, све кој од кој поголем лопов криминалец, шверцер..... уствари еден чоек се мота 20 години тамо.... Него нема везе бирањето на владата со геополитиката на големите сили, лош хороскоп... тоа е...

Краделе не краделе ете ги до каде се. Ај види сега ние до каде сме. Кој е понапред?
 
Пушти ги нашиве со се море ќе ги искрадат. Капка нема да им остават.
Абе колку и да ги плукаме нашиве, сепак земјите во регионот имаат неколку пати побетер политичари од нашите па се пак понапред, како што кажав геополитиката игра тука улога а не тоа кој политичар колку украл... целиот регион беше зафатен од хиперинфлација и вредностниот систем на државите и онака е измислена работа, не е тоа причината...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom