Евролига 2012-2013

  • Креатор на темата Креатор на темата fidanmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да се потсетиме на форматот на натпреварувањето за новата сезона 2012-2013 во Евролигата. :)
Започнувајќи од квалификациите, групната фаза, плејоф, фајнлфор турнирот во Лондон (10-12 мај 2013).
На линкот можете исто така да го проследите и распоредот на натпреварите во секоја група.
http://www.euroleague.net/news/i/98558/180

formateuroleague2013.png
 
Официјално Тори Томас е нов плејмејкер на КК Партизан!
Исто така како информација и австралискиот репрезентативец Мирко Џериќ во наредниот период ќе биде на проба кај тренерот Душко Вујошевиќ. Имено на последното Светско првенство во Литванија до 17 години постигнувал по 9,8 поени, 2,0 скока и 5,6 асистенции по натпревар, освоил сребрен медал, загуби во финалето од САД, а во полуфиналето против Хрватска постигнал седум тројки. :)
 
Јуниорскиот репрезентативец и играч на Партизан Никола Радичевиќ потпиша за Кахасол од Севиља.
 
Јуниорскиот репрезентативец и играч на Партизан Никола Радичевиќ потпиша за Кахасол од Севиља.
Имаше добри настапи со јуниорската селекција на Србија освојувајќи го сребрениот медал на ЕП во Литванија и Латвија. Забележа добар учинок од 12,4 поени, 2,9 скока и 5,1 асистенција по меч, а беше и избран во идеалната петорка на тој шампионат. Чудно што Партизан пушта таков добар плејмејкер да си отиде од клубот.
 
Имаше добри настапи со јуниорската селекција на Србија освојувајќи го сребрениот медал на ЕП во Литванија и Латвија. Забележа добар учинок од 12,4 поени, 2,9 скока и 5,1 асистенција по меч, а беше и избран во идеалната петорка на тој шампионат. Чудно што Партизан пушта таков добар плејмејкер да си отиде од клубот.
Партизан буквално не сакаше да потпише со Радичевиќ,а причините за тоа не ги знам.Радичевиќ долго време тренираше со екипата на Раднички од Крагујевац и скоро имаше договорено трансфер,но тие не сакаа да платат за овој играч,кој на крајот заврши во Шпанија.
 
Исто така како информација и австралискиот репрезентативец Мирко Џериќ во наредниот период ќе биде на проба кај тренерот Душко Вујошевиќ. Имено на последното Светско првенство во Литванија до 17 години постигнувал по 9,8 поени, 2,0 скока и 5,6 асистенции по натпревар, освоил сребрен медал, загуби во финалето од САД, а во полуфиналето против Хрватска постигнал седум тројки. :)
Мамата у п***а на него...... Австралија можеше Хрватска да ја тепа 1 во 10 утакмици и ја победи ради него. Кога ги зареди тројките погодуваше од каде сака,за 2,за 3 се што шутна му влезе.Фрижидер да фрлеше кон кошот сигурно ќе му влезеше.
 
Годината, местото на одигрување, двата финалисти, резултати, најдобро играчи - МВП, тренери.
Да потсетиме, во оваа 2012 година, победник во Евролигата, предводени од српскиот стратег Душан Ивковиќ, беше грчкиот состав на Олимпијакос, заедно со македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој на фајнлфор турнирот во Истанбул, во арената “Синан Ердем“ во финалето го совлада рускиот тим на ЦСКА Москва со 62:61 со победничкиот кош на Принтезис. Прогласен за МВП беше Василис Спанулис.

79767966.jpg


На видео клипот можете да го проследите целосниот меч од одиграното ланско финале во Евролигата. сезона 2011-2012, меѓу Олимпијакос-ЦСКА Москва 62:61
--- надополнето: 5 септември 2012 во 18:57 ---

Турската екипа на Бешикташ се засили со 24-годишниот Владимир Дашиќ за новата сезона. Црногорскиот крилен центар (208 см) минатата година ја започна во Виртус Рома (во 15 одиграни меча од Евролигата имаше учинок од 8,2 поени, 4,6 скока, 1,3 украдена топка и 1,5 загубена топка по натпревар), а во продолжението од сезоната беше и дел од составот на Унион Олимпија (во 13 одиграни меча од Јадранската лига забележа 9,3 поени, 4,5 скока, 1,3 асистенција, 1,5 украдена топка и 1,6 загубена топка по натпревар). Дашиќ настапувал и за екипите на Гран Канариа, Реал Мадрид и Будуќност.

images


18-годишниот Никола Радичевиќ (194 см) од претстојната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот состав на Кахасол Севиља. Српскиот кошаркар доаѓа од составот на Партизан, о оваа година играше за селекцијата на Србија до 18 години на Европското првенство во Лиепаја (Латвија) и Вилнус (Литванија) каде имаше биланс од 12,4 поени, 2,9 скока и 5,1 асистенција по натпревар вo осум одиграни меча.

183310961650463e7605a69687795728_640x404.jpg


25-годишниот Урош Трипковиќ кој лани беше член на Уникаха Малага, а моментално е слободен играч, би можел да се пресели во редовите на Виртус Болоња. “Многу би сакал да му се придружам на тој тим кој има голема традиција. Зборував со моите пријатели од Виртус, Даниловиќ и Вујаниќ, а овие денови мојот агент води преговори со Виртус Болоња и се надевам дека ќе се најде договор“, рече Трипковиќ.


Литванскиот тим на Литвос Ритас убедливо во пријателски меч го совлада Универзитетот на Сургут со резултат 100:63. Први стрелци кај победникот беа Дулкис со 13 поени, Бендзиус, Сеибутис, Блумс и Бабраускас со 9 постигнати коша. За Литвос, македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски имаше мала минутажа со шест реализирани поени.

BC_Lietuvos_Rytas.png


Турскиот состав на Анадолу Ефес во предсезоната го совлада тимот на Унион Олимпија со 78:76. Поранешните НБА играчи кај победничката екипа беа први стрелци, Фармар со 16 и Вујачиќ со 15 поени. Од останатите играчи, Осман реализира 11, Куртоглу и Батиста по осум поени. Следниот контролен меч Анадолу Ефес ќе го има против рускиот Химки од Москва.

images


24-годишниот Русин, Федор Дмитриев и официцијално потпиша со рускиот состав на Спартак Ст. Петерсбург. Лани беше член на полскиот клуб на Проком, каде во Евролигата немаше забележителни настапи (0,9 поени и 1,0 скок), додека во полската национална ПЛК лига имаше учинок од 5,5 поени по натпревар.
 
26-годишниот Американец Доминик Џејмс (180 см) го засили италјанскиот состав на Реџио Емилиа за наредната сезона. Тој ќе го замени Дејвон Робинсон во тимот на Емилиа. Имено, Џејмс ланската сезона ја започна во грчки Арис, а потоа се пресели во редовите на белградски Партизан, со чија екипа ја овои титулата во Српската лига (во 20 одиграни меча, имаше учинок од 9,2 поени, 1,9 скок, 3,6 асистенции, 1,8 украдена топка и 1,9 загубена топка по натпревар). Во меѓувреме, високиот кошаркарски центар од Малта (223 см), кој не успеа да се снајде во Партизан, сега 21-годишниот Самуел Дегуара е на проба токму во екипата на Реџио Емилиа.

9k=


19-годишниот Словенец Лука Рапник (185 см), ќе биде нов член на Унион Олимпија со потпишан тригодишен договор. Лани Рапник во 27 одиграни меча во Словенечката лига за составот на Геоплин Слован имаше учинок од 13,3 поени, 2,6 скока, 5,3 асистенции и 1,6 украдена топка по натпревар.

images


Германската екипа на Алба Берлин славеше против Стелмет Зиелона Гора со резултат 70:60, како тест пред почетокот на сезоната. На полувремето Германците водеа со 10 коша разлика. Први стрелци кај Алба беа Деон Томпсон со 20 и Зек Морли со 17 поени.

mini_217018_153320091472627_1829854226_n.jpg


32-годишниот грчки центар Лазарос Пападопулос во наредната сезона повторно ќе го носи дресот на ПАОК. Претходно настапуваше за овој тим во периодот од 2009 до 2011 година. Тој доаѓа од составот на Олимпијакос, европскиот првак во Евролигата, во чие натпреварување, за 13 одиграни меча имаше учинок од 4,2 поени, 1,9 скок и 2,0 асистенции по натпревар. Исто така, Пападопулос го носел и дресот на екипите на Ираклис, Панатинаикос, Динамо Москва, Реал Мадрид, Фортитудо Болоња и Химки.


Уникаха Малага по вторпат го совлада хрватскиот состав на Цибона во контролен меч, овојпат со резултат 89:57. Први стрелци кај победникот беа Драгиќ со 22 и Уртасун 18 поени, додека Перовиќ и Гист дадоа по 13, односно 11 коша. Кај поразените Зубчиќ беше најефикасен со 19 поени.

images


Турската екипа на Анадолу Ефес славеа уште една победа во подготвителните средби. Во Словенија беше поразен составот на Химки со 77:71. По првото полувреме Турците водеа со седум поени разлика (40:33). Први стрелци кај Анадолу Ефес беа Вујачиќ со 16, Барач 14 и Батиста со 13 поени, додека први стрелци кај Химки беа Планиниќ со 11 и Риверс со 10 коша.

170px-Montepaschi.png


Италјанската екипа на Монтепаски Сиена загуби во пријателски дуел од францускиот состав на Гравелин со резултат 91:83, како најава за старт на новата сезона. Стрелци кај Монтепаски Сиена: Касун 4 поени, Браун 14, Езе 8, Карарето 5, Рес 4, Кемп 19, Џенинг 19, Мос 10.
 
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со 13 постигнати поени го предводеше Олимпијакос во убедлива победа во успешниот прв подготвителен меч против Аполон Патрас (83:50). Заедно со Антиќ, исто така ефикасни беа Хајнс и Дорси со по 11 постигнати коша. “За нас ова беше прв контролен меч. Основната цел беше правилно да ја распоредиме минутажата меѓу играчите за да видиме во каква форма екипата монетално се наоѓа. Задоволен сум од победата и мислам дека можеме да изградиме уште подобар тим за новата сезона“, рече новиот тренер на екипата, Георгиос Барцокас, кој не можеше да смета на Вангелис Манцарис за овој дуел, поради повреда.

images


Македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски постигна 12 поени во победата на Литвос Ритас во контролниот меч против Клаипеда со резултат 94:78. Кај Литвос по 12 поени се истакнаа уште Сеибутис, Бабраускас и Редикас, додека Кателунас и Блумс постигнаа по 11. Следниот подготвителен меч Литвос ќе го има против полскиот состав на Анвил.

images


Турскиот состав на Анадолу Ефес во пријателски дуел славеше против словенечката екипа на Крка со девет коша разлика 76:67. Први стрелци беа Фармар со 9, Куртоглу 11 и Лукас со 13 поени.

images


Руската екипа на ЦСКА Москва го совлада составот на Болоња со 70:61 во контролен меч одигран во Италија. На полувремето Русите водеа со 11 коша разлика (35:24). Најпрецизни кај победникот беа Каун, Мицов и Воронцевич со по 11 поени.

images


28-годишниот Американец Френк Робинсон (193 см), потпиша за полската екипа на Проком за претстојната сезона. Минатата година Робинсон ја започна во составот на Сокхуми од Грузија, а потоа беше член на израелскиот клуб Хабикаа каде имаше учинок од 12,6 поени, 5,5 скока, 2,3 асистенции и 1,8 украдена топка по натпревар.

Prokom_logo.png


25-годишниот американски центар Џеф Фот ќе се пресели во редовите на литванскиот клуб на Жалгирис Каунас. Тој треба да го замени Робертас Јевтокас кој ќе паузира 6-8 месеци, по извршената операција. Фот лани играше во американската Д-лига за составот на Спрингфилд (14,6 поени, 9,0 скока и 1,3 асистенција по натпревар), а четири меча одигра и за НБА екипата на Њу Орлеанс Хорнетс каде имаше биланс од 1,0 поен, 1,5 скок по натпревар.


Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња (180 см) со само 17 години и официјално се пресели во редовите на Барселона Регал, со потпишан тригодишен договор. Хезоња кој е роден во Дубровник, сепак според најавите ќе стартува со вториот состав на Барселона Регал. Хезоња доаѓа од составот на Загреб, а на Светското првенство до 17 години одржано во Литванија оваа година, ја предводи хрватската селекција до бронзениот медал и беше избран во најдобрата петорка на првенството (во осум одиграни меча имаше учинок од 20,8 поени, 5,6 скока и 1,3 асистенција по натпревар). Со овој трансфер, Загреб би требало да добие околу 150.000 илјади евра.
 
Украинскиот состав на Донецк победи на првиот меч на кошаркарскиот Хотел Сити куп турнир во Србија. Тие го совладаа тимот на Мега Визура со 79:71. Прв стрелец кај победникот беше Калојан Иванов со реализирани 15 поени, а се истакнаа уште Фишер и Кари со по 11 поени. Исто така свој придонес во победата даде и македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со шест коша. Во финалето на овој турнир Донецк ќе игра против Црвена Ѕвезда.

images


Жалгирис Каунас во контролен меч го совлада Химик Јужни со резултат 81:67. Најзаслужни за триумфот беа Каукенас со 15, Кузминскас со 14 и Дарден со 13 поени. Кај поразените Џозеф и Гудбриџ дадоа по 13, односно 11 постигнати коша.

images


Италјанската екипа на Монтепаски Сиена по вторпат во пријателски дуел загуби од францускиот состав на Гравелин,овојпат минимално со резултат 82:81. Стрелците кај Монтепаски Сиена: Браун 29 поени, Касун 14, Езе 5, Рес 10, Лех 2, Кемп 11, Џенинг 5, Мос 5. Кај Гравелин најефикасни беа М’Баје, Џонсон и Камара со по 12 дадени коша.

printGallery.aspx


Француската екипа на Шоле се засили со Едвин Јубилс. Тој ланската сезона ја мина во американската Д-лига во составот на Дакота Визардс забележувајќи 19,2 поени, 5,0 скока и 3,2 асистенции по натпревар. Беше прогласен за Руки на годината во Д-лигата. Треба исто така да се напомене дека на 28 февруари 2012 година имал постигнато рекордно 41 поен во мечот против Ајова Енерџи. Со 10-дневен договор настапуваше и за НБА екипата на Вашингтон Визардс.

images


Реал Мадрид се пласира во финалето на турнирот што се одржува во Гвадалахара, откако го совлада составот на Блусенс Монбус со резултат 86:60. Кај Реал Мадрид најдобри стрелци беа Миротиќ со 16, Родригез со 13 и Рејес со 12 поени. Тие во финалето ќе играат против Естудијантес кој беше подобар од УКАМ Мурсиа со 77:68.
 
Како подготовка за новата претстојна сезона, во контролен меч, учесникот во овогодинешната сезона во Евролигата, Партизан славеше победа против македонската екипа на МЗТ Скопје со резултат 81:69. МЗТ Скопје се подготвува за настапите и дебито во Јадранската лига. Први стрелци кај белградскиот клуб беа Гордон со 16, Гагиќ 14, Томас 11 и Џекиќ со 10 поени, додека кај МЗТ, Николиќ забележа 26 поени, Дејвис , Мијајловиќ и Стојановски по 7.

images


Монтепаски Сиена пред пријателскиот дуел со Фенербахче кој ќе се игра во наредниот период ќе ги повлече дресовите на нивни двајца одлични играчи. Шон Стоунрук и Терел МекИнтар се кошаркари кои забележале успешни настапи за италјанскиот клуб. МекИнтар со бројот 5 четири сезони беше член на тимот од Сиена и четири пати ја освојуваше титулата во националната Серија А лига. Стоунрук со бројот 20 беше капитен шест години во време кога клубот беше најдобар во Италија, освојувајќи го Суперкупот четири пати, првенство и домашниот куп.

thumb2.php


Американецот Даниел Евинг ја одби понудата на хрватската екипа на Цедевита од Загреб. Евинг најверојатно ќе се пресели во Азија. Минатата сезона тој настапуваше за Азовмаш каде имаше учинок од 12,2 поени, 2,6 скока и 4,8 асистенции по натпревар во украинското првенство. Цедевита пред почетокот на оваа сезона се засили со Предраг Шупут, Марко Томас, Горан Сатон, Лукша Андриќ, Американецот со македонски пасош Маркиз Грин, Микаел Желабал, а се врати и Брејси Врајт. Тренер на екипата е Божидар Маљковиќ.

big_20120908_loeb_nbc-brose01.jpg


Чешката екипа на ЦЕЗ Нимбурк го заврши меѓународниот турнир во Германија со биланс од една победа и два порази. Во првиот меч беше поразен од Телеком Бон со 88:74. Тејлор со 16 и Тапутос со 13 поени беа први стрелци кај чешкиот клуб. Во вториот меч го победија составот на Бајрет со 85:82, исто така, прв стрелец беше Тејлор со 20 поени, додека Рохнерт и Кејн постигнаа по 14, односно 13 поени во првиот успешен резултат на турнирот. Во третиот и последен меч, беше претрпен и вториот пораз овојпат од Бонкурт со 81:77. Најефикасни беа Лукаш Пализа со 18 поени, Тејлор и Хуска по 16.


Германскиот состав на Бросе Баскетс триумфираше за Шарп купот, откако во финалето го совладаа белгискиот тим нан Спиру Шарлроа со 91:73. Најпрецизни кај победникот беа Гипсон со 25 поени, Нахбар со 24, Нојман со 18 и Вајрик со 9 поени. Претходно, најпрвин Бросе беше поуспешен убедливо против Нурнбергер со 112:70 (Јакобсен 22, Нојман 20 поени), а потоа и против Пардубице со 118:88 (Нахбар 21 и Форд 19 поени).

170px-Brosebaskets1.jpg


Уникаха Малага посакува да го ангажира членот на Фенербахче Улкер, Бојан Богдановиќ, како замена за повредениот Серхи Видал. Хрватот лани во Евролигата имаше учинок од 13,0 поени и 2,2 скока по натпревар за турскиот клуб. Претходно бил член на Цибона, Реал Мадрид и Зрињски. Во квалификациите за пласман на Евробаскетот во Словенија 2013, постигнуваше по 16,1 поен по натпревар.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ, НАЈАВИ ЗА МЕЧЕВИ И СТРЕЛЦИ ОД МЕЧЕВИТЕ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОСЛЕДИТЕ НА ЛИНКОТ. СИТЕ ИНФОРМАЦИИ, ТРАНСФЕРИ, ЗАНИМЛИВОСТИ И НАСТАНИ НА САЈТОТ НА Euroleague.com

http://www.euroleague.net/events/preseason-2012-13/i/99238/7509
 
Руската ЦСКА Москва славеше триумф во финалето на турнирот во Десио против Биела со резултат 77:66. Стрелци кај ЦСКА Москва: Мицов 5 поени, Џексон 9, Соколов 8, Воронов 8, Воронцевич 14, Каун 13, Крјапа 9, Понкрашов 11. “Задоволен сум од резултатот, имавме добар настап, но и грешки кои треба да ги поправиме во следните денови. Имаме доволно време пред стартот на сезоната, се подготвуваме максимално и очекувам уште подобри настапи на моите играчи“, рече тренерот на ЦСКА Москва, Еторе Месина.


Жалгирис го освои Бутаутас купот, откако во финалето по едно продолжение го совлада летонскиот состав на ВЕФ Рига со 105:101. Најефикасни кај тимот од Каунас беа Поповиќ со 26, Јанкунас со 18, Кузминскас и Лавринович со 16 постигнати поени.

images


Реал Мадрид го освои првото место на турнирот во Гвадалахара. Тие беа поуспешни од Асефа Естудијантес со резултат 78:75. Шпанецот со црногорско потекло, Никола Миротиќ уште еднаш беше најдобар стрелец за составот од Мадрид овојпат забележувајќи 21 поен. Исто така кај поуспешната екипа на овој меч се истакнаа уште Родригез со 10 и Суарез со 9 реализирани коша.


Во предсезоната се очекува да биде одржан силен турнир во Каљари, Италија. Ќе учествуваат руската ЦСКА Москва, грчкиот Олимпијакос, италјанскиот Монтепаски Сиена и турскиот Фенербахче Улкер, словенечката Унион Олимпија и домаќинот Сасари.

images


По Ентони Мејсон, француската екипа на Шоле би можел да остане и без Американецот Бен Узох (24), кој доаѓа од Лагос, Нигерија. Шоле ќе мора во наредниот период да бара играч на плејмејкерската позиција. Лани Узох беше член на НБА составот на Торонто и од 16 одиграни меча имаше учинок од 4,8 поени, 3,9 скока, 3,7 асистенции и 1,0 украдена топка по натпревар.

170px-KK_Cedevita_Zagreb.svg.png


Досегашниот член на Цедевита Загреб, Иван Опачак потпиша за полскиот состав на ПГЕ Туров Згорзелец за претстојната сезона. Лани за хрватската екипа имаше учинок од 7,7 поени по натпревар во Хрватската лига, додека во 6,5 поени во Јадранската лига.

Тренинг кампот во Крањска Гора, Словенија, каде се подготвуваат Анадолу Ефес (Турција) и Химки (Русија).


Кратка ретроспектива од последниот фајнл фор во Истанбул од поинаков агол лани во Евролигата - кратка верзија.


 
Досегашниот член на француската екипа на Шоле, ДеМаркус Нелсон (27) потпиша едногодишен договор со српскиот состав на Црвена Ѕвезда. Американецот минатата сезона за Шоле имаше биланс од 13,5 поени, 3,8 скока и 3,7 асистенции по натпревар во француската Про А лига. Нелсон доаѓа од кошаркарската академија на Дјук.


Литвос Ритас забележа уште една победа на Гарастас купот. Литванскиот клуб го совладаа украинскиот состав на Будивелник со резултат 82:68 (48:36). Кај Литвос се истакнаа Сеибутис со 16, Иванов со 12 и Блумс со 10 постигнати коша. Македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски постигна два поени.

images


Хрватската екипа на Цедевита Загреб одигра два пријателски меча во Пореч. Најпрвин беше поразена од рускиот состав на Спартак-Приморие со 72:60, додека во вториот меч одигра нерешено 63:63 со Енисеј откако и двата тима одлучија така да заврши резултатот, без одигрување на продолженија.

Контролен меч Реџио Емилиа-ЕА7 Емпори Армани Милано 87:90


Еден од најдобрите европски дефанзивци (49 дабл-дабл учиноци во својата кариера) и член на Фенербахче Улкер, 36-годишниот Мирсад Туркчан донесе одлука по 18 сезони играње кошарка да си замине во пензија. Неговиот последен меч, ќе биде на 16 септември 2012, кога со неговиот клуб Фенербахче Улкер ќе одигра пријателски дуел со ЦСКА Москва.


Контролен меч Анадолу Ефес-Химки 77:71

 
Составот на Реал Мадрид иако пројавуваше голем интерес за Мехмет Окур (33), сепак турскиот центар бараше плата годишна околу 3,8 милиони долари, превисока сума која не може да си ја дозволи шпанската екипа. Лани Окур сезоната ја стартуваше во тимот на Анкара, а потоа се пресели во НБА лигата, во редовите на Њу Џерси Нетс (во 17 одиграни меча, имаше учинок од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,8 асистенција и 1,5 загубена топка по натпревар).


Во меѓувреме, откако стана МВП на последното Европско првенство за селекции до 16 години и го освои златниот медал, Турчинот Окбен Улубај е на листата на желби кај Реал Мадрид, но и кај Регал Барселона. Интерес пројави и руската ЦСКА Москва која посакува да го ангажира членот на Анадолу Ефес. Од друга страна, американските Универзитети Дјук и Северна Каролина од НЦАА лигата, се спремни да му понудат спортска стипендија за студирање во САД на 15-годишниот Улубај.

images


Римантас Каукенас и браќата Дарјуш и Ксистоф Лавринович ќе бидат дел од политичката партија на Владимир Романов (т.е. Литванска Народна партија), како кандидати за парламентарните избори во Литванија кои ќе се одржат на 14 октомври 2012 година. Ако тие бидат избрани, тие ќе заземат место во Литванскиот Парламент, Сеимас. Да потсетиме, Романов, е сопственик на екипата на Жалгирис Каунас, а од оваа сезона нови членови станаа тројцата споменати кошаркари.

c54ecf71258afb0e7dd995078ad2cb27.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom