Убаво кажа Исидора, детете особено во пубертет, независно од нашиот начин на воспитување, може да тргне по лоши патишта кои му ги нудат улиците преполни со дрога, алкохол итн. Тоа не е толку свесно за последиците од тие патишта, без оглед колку сме му го кажувале тоа претходно. Па возрасни луѓе се случува да носат погрешни одлуки и да прават грешки, а не па едно дете. Според тоа, ако пу пу пу еден ден дознаам дека моето дете се дрогира:
Прво, нема да го оставам само да одлучи што сака понатаму. Од кај му нему памет за тоа? Не сум пробала никаква дрога, ама од муабети, нели прави некои чувства што наркоманите си ги сакаат. Па, тие чувства ќе се помали од неговиот разум? Ајде глупости ... луѓе со по 3-40 години не можат да сфатат дека дрогата не чини и им е убава, не па дете.
Второ, нема да почнам со покажување екстра љубов или емоции кон него, дека дефинитивно за тоа претходно сум имала време и најверојатно би му го имала веќе докажано тоа.
Трето, во никој случај нема попуштање или разгалување во таква ситуација. Тука треба да се пресече и понатаму само строго. Сите сме сведоци на милион ситуации каде што родителот не се грижи или попушта на наркоман и знаеме дека дете на такви нежни родители никогаш не се трга од дрога.
И четврто, ќе ми биде тешко да се однесувам строго со моето дете, но кога би се сетила како може да заврши, ќе дојдам и до ниво да ме мрази најмногу на цел свет ако треба ... сепак тоа ќе помине и еден ден кога ќе е повозрасно и повеќе свесно ќе ми каже евентуално: Мамо, во право беше за се, а никако нема да ме осудува. Тоа е нели времето кога се ќе е зад нас, кога ќе го види животот од другата страна и кога ќе сфати каде е, а каде би можел да е ако немал родител кој знаел кога да пресече.
Еми толку ... фала, пријатно
