@
budaletinka_r
Ко што се гледа од сликата - графичката ти е со пасивно ладење ( НЕМА вентилаторче ). Наменско аftermarket ладење за таа графичка не верувам дека ќе најдеш, а и да најдеш најверојатно ќе те кошта повеќе од што вреди графичката. Едино нешто што е исплатливо за таа графичка е да купиш некое вентилаторче од ~150 денари со molex конектор и да го заштрафиш/прицврстиш некако дирекно на пасивниот ладњак ( импровизирај - пример со некои штрафови што влагаат помеѓу решетките од пасивното ладење,стеги, ластичиња и слично ). Купување на ново ладење/паста и слично за таа графичка е неисплатливо.
За другото прашање - Да, можеш да ставиш додатно вентилаторче на куќиштето ДУРИ и плочата да нема слободни конектори ( вентилаторите можат да се поврзат дирекно со напајањето - независно од плочата ). Во зависност од тоа какви достапни слободни конектори имаш - таков вентилатор одбери.