@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115





Националистите од екстремно десничарската партија Златна зора се заканиле дека ќе ја запалат македонската црква во Грција во која служи отец Никодим Царкњас. Партијата чии членови станаа познати по делење шлаканици во телевизиска емисија, смртни закани за грчките новинари и прогон на мигрантите, на предизборен собир во селото Баово, или на грчки јазик Промахи, во Воденско, се фалела пред своите симпатизери дека ќе гори црквата „Св. Злата Мегленска“ на Царкњас во Сботско. Отецот за заканите слушнал од мештаните.
- Екстремистите се заканија дека ќе ја изгорат црквата. Народот од селата реагираше. Случајот го пријавив во полиција, така што заканите од Златна зора се евидентирани - ни изјави вчера Царкњас. На собирот бил и полицаец од локалната полициска станица кој кажал дека не ги слушнал заканите од Златна зора.

Царкњас вели дека последниот изборен резултат не е поволен за македонското прашање, но сепак е добро што неколкумина пратеници што се дел од новиот парламентарен состав, а кои доаѓаат од Леринско и од Kостурско, имале поблаги ставови.
- Изборите беа само маска за да се излаже Европа - коментира Царкњас.

Архимандритот во 2008 година во неколку наврати беше нападнат од групи малолетници кои ја каменуваа неговата куќа. По каменувањата тој отишол во гимназијата каде што учеле малолетниците. Бил дочекан од 600 деца кои по него викале, а професорите од училиштето го навредувале и барале да се врати во Македонија. Една година подоцна македонскиот отец беше осуден на шест месеци затвор бидејќи наводно пред седум години удрил дете што пеело националистичка песна. Царкњас негираше дека го удрил детето и тврдеше дека бил жртва на грчката националистичка политика кон Македонците. За да не оди во затвор плати 1.800 евра.
Што се однесува до подемот на Златна зора на последните избори, Царкњас вели дека нивното присуство било повеќе во градовите отколку во селата. Kрајно десничарската партија преку соопштение се закани дека нивното движење ќе прекине многу идеи на соседите.

„Ако не се најде некој да ги прекине, наскоро ќе ја рекламираат и Беаз Kуле! За среќа, секогаш лошо ги снаоѓаше со Златна зора, какви било обиди за пропаганда и да правеа во рамките на Грција, а од утре ќе им се прекинат многу идеи со силното националистичко движење во парламентот“, пишуваше во соопштението од Златна зора. Дваесетина активисти на оваа партија пред три години насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина што ја организира партијата на Македонците во Грција - Виножито.
http://mkrevolucija.com/dijaspora/4028-zlatna-zora-ke-ja-zapali-crkvata-na-carknjas