„Т’к-Так Фест“ ја собира македонската рок елита - 29-30.06.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата ibrik
  • Време на започнување Време на започнување
Добри беа сите....(имаше мали исклучоци) и реално според мене Филип Јездиќ - тапанарот на Хипнотик Вејв беше најдобар, а свиреше заедно и со Револт....

Суперхикс се најдобриот бенд за забава, Пеце е неверојатно добар, интересен и харизматичен човек, знае да крене било каква публика...
 
Сума сумарум супер за прва година.
И да го цитирам Коцевски: „Се надевам дека овој фестивал ќе прерасне во голема традиција и ќе биде поголем од EXIT за неколку години, па после Србите кај нас да идат да слушаат добра музика“ ... Rock on :))))
 

Ете и едно видео :)
 
Добри беа сите....(имаше мали исклучоци) и реално според мене Филип Јездиќ - тапанарот на Хипнотик Вејв беше најдобар, а свиреше заедно и со Револт....

Суперхикс се најдобриот бенд за забава, Пеце е неверојатно добар, интересен и харизматичен човек, знае да крене било каква публика...
Филип некни наполни 18 години, за негова возраст растура, јас лично на тие години досега немам сретнато подобар во животов од кога пратам свирки и слични работи. Гитаристот има академија Бугарија, клавијатуристот е приказна за себе, зборувам за Хипнотик. Само ете кај нас пример ретко се слуша такво чудо експериментално......се оди на она проверена шема, преработуваш песни комерцијални, свириш панкче тупа тупа, или педерско панкче некое и такви ми ти работи.
Инаку требаше Фанк да свират во Прилепов, али им излезе обврска, исто бенд составен од помали дечиња да речам така.
 
Прејако беше, догодина се надевам дека ќе биде уште поубаво, очекувам повеќе народ и поголема журка ..ROCK ON !!!
 
„Визија“ беше единствениот бенд кој ме наежи. Веројатно беа и најмлади. Ептен моќно!!!
 
„Визија“ беше единствениот бенд кој ме наежи. Веројатно беа и најмлади. Ептен моќно!!!

Морам да признаам, прв пат ги слушнав Визија сега во Кавадарци. Навистина силен впечаток ми оставија, одличен бенд, доста оригинален и енергичен. Мислам дека со нив живна малку атмосферата во публиката. Се надевам ќе продолжат во такво темпо.

Инаку целиот фестивал помина одлично, едноставно тоа е нешто што фали во македонската рок сцена. Доста беше труење со турбофолк.
 
Здраво дечки, јас сум вокалот на Визија. Мило ми е што сме ви се допаднале толку. :icon_lol:

За следни настапи итн итд повелете тука:

http://www.facebook.com/VizijaMK

~
 
За сега како што гледам потврдени се Ареа, Визија, Токму Така, Вертиго :)
 
Објавена програмата за годинашново издание на „Т’к Так фест“

Рок бендот „Тоа е тоа“ кој го сочинуваат легендарните Мики Јовановски – Џафер, Љупчо Трајковски – Фис, Венко Серафимов-Венс, Бошко Доневски – Чико, Стево Чепишевски и Стевче Грозданов ќе го отвори второто издание на „Т’к Так Фест“ кое и годинава по многу работи ќе биде вистински уникат на македонското фестивалско небо.


Покрај најверните соработници на прерано починатата македонска рок легенда Трајко Каров, првата вечер од годинашново издание на „Т’к Так Фест“ ќе го најави и големиот кам бек на охридската рокенрол дружина Камелеон, кои по долга пауза се враќаат на македонската музичка сцена, веднаш по нив ќе следуваат настапите на битолчаните БТ Топ и на Сале и С.Р.В. бенд, а првиот фестивалски ден ќе биде затворен со целовечерниот концерт на најславниот кавадаречки рок состав на сите времиња, Токму Така предводен од Бубо Каров.


За разлика од првата вечер во која ќе се дружиме со легендите од македонската рок сцена, и годинава втората фестивалска вечер ќе биде посветена на рок надежите. Покрај нив, на сцената ќе ги видиме и Ристе Димитров, Пере Мелов и DJ Buli кои ќе не воведат во втората фестивалска вечер, бендот Визија кој минатата година беше меѓу избран помеѓу најдобрите три бендови, потоа Вертиго од Крива Паланка, а вториот „Т’к Так Фест“ ќе заврши со концерт на македонската рокенрол атракција „Ареа“.


Стадионот при спортскиот центар „Јасмин“ годинава ќе биде домаќин на македонските почитувачи на рокенрол музиката, кои и годинава ќе имаат можност за кампување во посебно организран кампинг простор кој ќе се наоѓа во склоп на самиот стадион.


Фестивалот ќе се оддржи на седми и осми јуни со почеток од 21 часот, а влезот и годинава е слободен.
 
Овие „Тоа е тоа“ се технички најдобриот бенд што сум го слушнал. Венко и Фис се лудница, а и Џафер, иако има 60 години веќе, изгледа ко 40 а и така се понаша на сцена.
 
...
Покрај најверните соработници на прерано починатата македонска рок легенда Трајко Каров, првата вечер од годинашново издание на „Т’к Так Фест“ ќе го најави и големиот кам бек на охридската рокенрол дружина Камелеон, кои по долга пауза се враќаат на македонската музичка сцена, веднаш по нив ќе следуваат настапите на битолчаните БТ Топ и на Сале и С.Р.В. бенд, а првиот фестивалски ден ќе биде затворен со целовечерниот концерт на најславниот кавадаречки рок состав на сите времиња, Токму Така предводен од Бубо Каров.

...


Немој да ме јебеш бре секоја сабота кај Паткана се, сто посто и по исти редослед ќе ги свирет песните и на фестивалов :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom