Првиот Скопски партизански одред

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Во сите книги што ги имам и ми се на располагање,за ден на формирање на овој одред е земен
22 август 1941 година.Но за него прв пат се прозборело 30 години подоцна,кога се формирал одбор за организирање-прослава-одбележување на јубилејна година на Скопскиот прв партизански одред.
Зошто 30 години се молчело-криело за постоењето на овој партизански одред,кога тој постоел и имал акции во тоа време,а и пред тоа со акциите на диверзанските групи со членови-борци кој потоа сите ќе влезат во составот на тој одред,докажал дека е за вооружена борба против окупаторот.
Од овој одред ќе произлезат и неколку Народни херои на Македонија.
За некој борци од овој одред имам пишувано и во други теми,но овдека ќе бидат сите опфатени.
Ќе се отворат и многу прашања,за формирањето,акциите,провалите,судењата и сл .И за Шарло.
Но и за Дрен,Стари,Кранго,Дуња,Шовељ и Самсон пред кого борците ја дадоа заклетвата.
„Периша Савелиќ, беше радосен и горд што ја соопштува долгоочекуваната вест дека е добиена согласност да се формира партизански одред,прв во Македонија и токму од нив“.
-„Не чека долга и тешка борба за изгревајне на сонцето на слободата“. - рече Савелиќ
................
„Периша Савелиќ - Самсон“, од Крсто Здравковски , ГОСБ од НОАВМ - Скопје 2011 година
 
Беше тоа на 18 октомври 1941 година.
(во Скопскиот Партизански Одред, дојдоа група на нови борци)
На борците им беше речено да се средат,да се исчистат и да бидат готови за големиот светол чин-давањето на партизанската заклетва.
Тишината ја нарушуваше само жуборот на надојдениот Лепенец.
Пред стројот излезе политичкиот комесар на Одредот Дане Крапчев-Стари.
Зборуваше продорно со својот познат глас.
„Другари денеска е голем празник за нас-борците на овој Одред.Како вистинска војска ќе дадеме заклетва дека доследно ќе се бориме за делото за кое сме се определиле-слобода на нашиот народ-до целосно уништување и истерување на фашистичкиот окупатор.Таа заклетва се обврзува со својот живот.Сесеќавате,нашите татковци и дедовци се колнеле пред прекрстените пиштоли и ками врз Евангелието со зборовите
„Слобода или смрт“.Нашата заклетва ќе биде поинаква:„Смрт на непријателот,слобода на народот“! Ние треба да се заколнеме дека на овој измачен народ ќе му ја избориме слободата!“-рекол Дане и го повокал
Периша Савелиќ да ја прочита заклетвата.
Периша со посебна свеченост со својот убав глас ја читал полека заклетвата,а по него ја повторувале построените борци,врежувајќи ја длабоко во својата свест и срце:
На 14 км. на патот Скопје-Качаник,во месноста Бела Вода е изградена спомен чешма,во чија близина борците на Првиот Скопски Партизански Одред положија заклетва.
 
На 14 км. на патот Скопје-Качаник,во месноста Бела Вода е изградена спомен чешма,во чија близина борците на Првиот Скопски Партизански Одред положија заклетва.
Еве една слика од чешмата

Skopski-odred-zakletva-1941.jpg
 
Picture 1254.jpg Picture 1255.jpg Picture 1256.jpg
Преживеани борци од Првиот скопски партизански одред
сликани 1971 година,на 30 годишнината од формирањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom