Нов закон за сметководство

  • Креатор на темата Креатор на темата beneamata
  • Време на започнување Време на започнување
Последно уредено:
И јас со 180 кредити го јадев немиен т.е. никогаш неможам да бидам овластен сметководител
 
Во суштина, како што го сфаќам ова, полагањето останува
http://www.sfid.mk/index.php/articles-tabs/114-planning-and-paying-for-college
само што треба да се помине обука и по обуката да се положи испит за проверка на знаење. Старите уверенија беа со важност од 2 години, по ново мислам дека се 4.
Интересно е што би се случило ако сметководител (овластен или не) не успее да го помине испитот. Можеби не е тежок, но на испит се е можно. Дали ќе ја затвори фирмата? Или дали ќе го отпуштат од работа? Овде не гледам баш средување на состојбите во оваа област.
 
Сите сме во исти кош. Тие што имаа трајни, тие што имаа привремени или оние како мене што сега ќе наполнат 3 години искуство.

До почетокот на 2020та секој што сака да продолжи да работи со лиценца ќе мора да посети 120 или 90 часови обука и да го положи стручниот испит.
 
До почетокот на 2020та секој што сака да продолжи да работи со лиценца ќе мора да посети 120 или 90 часови обука и да го положи стручниот испит.
Геодетиве на пример ги плаќаат таксите одат да се потпишат на обука и им се бројат часови исто ќе биде и кај нас.
 
Геодетиве на пример ги плаќаат таксите одат да се потпишат на обука и им се бројат часови исто ќе биде и кај нас.
Бев пред некое време на советување. Сомневањата се дека часовите ќе чинат многу зошто од Асоцијацијата ќр треба да дадат лиценци за вршење обуки.
 
Дали ако овластен сметководител не плаќа членарина, нема да му важи уверението односно ќе го изгуби статусот овластен сметководител?
 
Дали ако овластен сметководител не плаќа членарина, нема да му важи уверението односно ќе го изгуби статусот овластен сметководител?
Јас за ова прашав на советување и одговорот беше дека мора да се плаќа за во регистарот. Иако не гледам во што е проблемот јас да имам лиценца а ако немам потреба да ја употребувам да не плаќам годишно 2400 денари во регистарот. Освен нели да и даваме пари на државата.
 
Дали може дипломиран правник да го полага испитов за сметководител, и колку години работен стаж треба да се има со 300 кредити.
Исто така каде можат да се најдат материјали за испитот?
Доколку знае некој да ми одговори на прашањава.... Благодарам
 
Кај овие од ИС"И"С https://isos.com.mk
ќе прочепкаш, или јавиш на телефон.

Баш ко исис се, од сите собираат пари, а никаква корист од нив, ниту услуга, ниту да се вмешаат при носење ретардирани закони. Тоа што ги трошат меѓу себе (а никој не се буни) тоа си е друга приказна.
 
Дали може дипломиран правник да го полага испитов за сметководител, и колку години работен стаж треба да се има со 300 кредити.
Исто така каде можат да се најдат материјали за испитот?
Доколку знае некој да ми одговори на прашањава.... Благодарам
со стариот закон не. Со новиот ќе може веројатно и со други школи, засега. Каша попара од "стручности"
https://isos.com.mk/index.php/item/...g-zakon-za-vrshenje-na-smetkovodstveni-raboti
Има овде информации, закони и правилници важечки во моментов.
https://isos.com.mk/index.php/akti-2-makedonski/pravna-regulativa/zakoni
Веројатно дипломираниот правник лесно ќе се снајде со овие закони и правилници
 
Дали може дипломиран правник да го полага испитов за сметководител, и колку години работен стаж треба да се има со 300 кредити.
Исто така каде можат да се најдат материјали за испитот?
Доколку знае некој да ми одговори на прашањава.... Благодарам

Со новиот закон условот за работно искуство е исфрлен, треба само полагање на низа испити. Ако си правник ќе можеш да добиеш ослободување на полагање на предметите од правна сфера со потврда од факултет.
Испити ќе има за следниве области
1) општа сметководствена теорија и основни сметководствени принципи,
2) законска рамка во врска со подготовката на годишни сметки и финансиски
извештаи и на консолидирани годишни сметки и финансиски извештаи,
3) меѓународни стандарди за финансиско известување,
4) финансиска анализа,
5) сметководство на трошоци и управувачко сметководство,
6) управување со ризик и внатрешна контрола,
7) професионална етика и независност,
8) право на трговски друштва и корпоративно управување,
9) стечајни и слични правни постапки,
10) трудово право,
11) даночен систем,
12) граѓанско право и деловно право,
13) информатичка технологија и компјутерски системи и
14) основните принципи на финансиски менаџмент и управување на трговски
друштва.
 
Благодарам многу...со други зборови факултет во мало... а каде може да се најдат материјаливе?
Да знам има нов предлог закон.... ќе може но, дали ќе биде тежок или лесен испитот и колку испити ќе бидат се на се...
 
Првиот испит ќе се спроведе во 2020 год. оваа година би требало да подготват програма и материјали.
До сега ниту еден закон за сметководство не се спроведе во целост, така што и колку ќе му биде векот на овој ќе видиме.
 
Дали има најава, во поглед на тоа колку обемен ќе биде испитот, дали ќе биде нешто слично со правосудниот на пример, кај што треба да се полагаат 8 различни испити, или еден испит ќе биде...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom