Филмови со малкубројна актерска екипа

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
Во оваа тема, дискусија и споредба на филмови кои имаат нешто заедничко во следниве две работи:

- филмови со малкубројна актерска екипа
- филмови чие дејство во главно се одвива на иста локација (една соба, канцеларија, куќа итн...)

Значи во главно се работи за нискобуџетни филмови но не мора да значи. Еве некои од филмовите кои мене ми оставиле впечаток, за пример:

12 Angry Men (1957)
Dogville (2003)
Hard Candy (2005)
The Man from Earth (2007)
Glengarry Glen Ross (1992)

Мислам дека има доволно вакви филмови за да биде интересно. Да дадеме предлози и да споредиме, да не биде само набројување. Вниматлно со спојлери.

Бујрум.
 
Да да. Buried е со најмала актерска екипа :)
 
Reservoir Dogs

Првиот хит на Тарантино, нискобуџетен филм со не баш мала екипа ама повеќето играат про-боно.
Класика и пример за квалитетен нискобуџетен филм. (иако е рипоф, или омаж -како сакате, на хонгокнгшки акционен филм)
 
За сега овие два само ми доаѓаат на памет,
Bronson (2008)
Филмот е практично монолог на Бронсон (Том Харди)

The Sunset Limited (2011)
Целиот филм се одвива во апартманот на Mr.Black (Samuel L. Jackson) каде што тој и Mr.White (Tommy Lee Jones) имаат дијалог/дебата за животот и религија, многу добар впечаток ми остави.
 
Exam - Малку актери, во една соба. Интересното е што одбројувачот на тестот за 80 минути мине точно колку што треба. Не е како бомба на која и остануваат уште 3 секунди, а тоа го влечат 10 минути. Кратко за филмот: им се прави тест за да влезат во силна корпорација. Психологијата на ликовите, емоциите, реакциите, бла бла...

Buried - малку актери (од кој само еден се појавува во филмот, другите се гласови). Главниот лик заглавен во ковчег

Moon исто има малку актери но не знам дали може да се стави во оваа категорија

Мене многу ми се допаѓаат филмови со малку актери бидејќи тогаш им даваат многу повеќе внимание на ликовите и така се подобро разработени. И кога се помалку актери, можеш повеќе да се сконцетрираш на нив и можеш подобро да ги анализираш и да им ги забележиш емоциите, реакциите...thus најдобро запознавање и препознавање со ликовите

А за местото на дејствијата, не ми е многу битно, се додека има добар дијалог или приказна не ми е проблем каде и да се одвива.
 
http://www.imdb.com/title/tt1258197/

Exam 2009

Филмов е брилијантен и тензичен од почеток до крај. Додека го гледаш не трепнуваш:)
8 кандидати, еден невозможен тест, ограничено време, една просторија. Кој ќе го реши тестот си овозможува вработување од соништата во енормно моќна и мистериозна корпорација.
 
На генералната тема пишав нешто за Moon па да не се повторувам сега. На кратко, филмот е типичен пример за тезата „less is more“. Во овој филм се содржат двете работи кои на кои се базира темата: има минимален број на актери (еден) и дејството воглавно се одвива на една локација. Мора да се каже и дека во ваквите филмови кастингот е најважен. Затоа, секој актер кој одлично ќе се снајде во ваков филм, и кој ќе може да се носи сам со целата приказна, за мене е одличен актер.

Овде можат да се спомнат и Antichrist, Cast Away, I Am Legend, па и Wall-E, ако не се ограничуваме само на live-action филмови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom