Македонските иновации им носат пари на странци

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Една третина од младите луѓе што заминуваат од Македонија се високообразовни кадри. Меѓу нив се и креативци кои по ангажирањето од страна на странски корпорации создаваат иновации што носат пари. Колку овие умови се подготвени да се вратат дома и со своите иновации да ја придвижат замрената економија?
Македонската Влада со рекламен спот ги охрабрува креативните умови да ги понудат своите идеи. Ако се суди според рекламната порака, патот за идејата на електроинженерот Ванчо Чамушев веќе е трасирана. По многу години поминати во странство, Чамушев дошол дома и понудил проект за изградба на целосно роботизирана катна гаража, која ќе работи на тој начин што ќе користи енергија од ветер и сонце.
„Се работи за кружна гаража што чини 700.000 евра. Зафаќа површина од 180 квадратни метри, со можност за паркирање на 96 автомобили. За нашите градови, кои се стари градови, како и за градовите во Европа, ова претставува заштеда во простор и пари“.
Колку за илустрација на заштедата што ја посочува Чамушевавтоматизираната катна гаража што ја гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор до плоштадот во Скопје ќе служи за паркирање на 280 возила. Ќе зафаќа простор од 8.220 квадратни метри, а изградбата ќе чини 5,8 милиони евра. Оваа катна гаража ќе прифати трипати повеќе возила од таа проектирана од Чамушев, но ќе биде дури 45 пати поскапа, а ќе зафаќа осум пати повеќе простор.
Својата идеја Чамушев прво ја понудил на Град Скопје, но таа веднаш била одбиена.
„Толку многу сакав првата ваква катна гаража да биде направена во Македонија и Македонија да има корист од неа. Меѓутоа, тука очигледно се нема слух за такво нешто. Едноставно речено, како да не сакаат да заштедат пари и простор. Како Македонија да ги има премногу и двете. И таа (катната гаража) за жал, ќе работи во Германија и профитот ќе го има Германија“.
Во септември годинава, во Минхен ќе проработи гаражата по нацртите на Чамушев. Од кабинетот на скопскиот градоначалник Коце Трајановски не одговорија на прашањето на Диверзити медија зошто оваа идеја е неприфатлива за властите на главниот град.
Недостиг на информации или незаинтересираност?
Катните гаражи се покажаа како вносен бизнис „тежок“ 70 милиони евра. Пред неколку дена беа продадени уште две локации за гаражи за 300.000 и за 125.000 евра.
За некоја недела ќе почне да се пробива делницата Демир Капија – Смоквица, која е дел од Коридорот 10 што ја поврзува Централна Европа со Балканот. Машината со која ќе се пробиваат неколкуте тунели во должина од над пет километри е исто така изум на Ванчо Чамушев. Тој ќе ја надгледува работата на огромната машина која поради нејзината големина во Македонија ќе биде донесена во делови.
„Тоа е машина што се вика „глушец“ и направена е за пробивање на тунели. Една таква машина работеше на тунелот во должина од 6,1 километар кај Платамона во Грција. Такви машини беа користени за пробивање на метрото во Атина и исти такви машини работат на метрото во Солун“.
Оваа машина е изум на Чамушев, но во сопственост на меѓународната корпорација „Терекс“, која продала неколку такви во Русија, Австралија, Америка, низ Европа. Чамушев има процент од продажбата. Прашањето е дали вакви изуми може да апсорбира македонското стопанство и колку креативните идеи може да дадат нов импулс на кризната економија?
idejaipari.jpg

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерас Кучи одговори дали би финансирал иновантна идеја.
„Секако дека првиот поддржувач како стопанственик би бил јас. А, освен тоа, како претседател на ова здружение би го помогнале со сите расположливи средства што ги имаме. Такво нешто е од значаен карактер за нашето стопанство. Меѓутоа, малку информации има за таквите луѓе во нашето поднебје, кои сепак ги има.“
Сè повеќе висообразовани емигранти
Такви информации ќе има во ‟Студијата за трансфер на технологија„ што ја најавува Братислав Станковиќ, советник на претседателот Ѓорѓе Иванов. Станковиќ кој е доктор по молекуларна биологија, иноватор и специјалист за правото на интелектуална сопственост во Соединетите американски држави, вели дека македонската економија не е заснована на знаење и затоа предлага:
„Да се создадат технолошки јадра, каде ќе се формираат триаголници на соработка помеѓу универзитети, приватните бизниси и владините институции. Ќе се создаде т.н. „верзија на троен хеликс“. Ова се пререквизити за Македонија да може да постигне нешто повеќе во однос на иновации“.
Станковиќ стравува од иднината на Македонија која „создава образовани индивидуалци кои ги развиваат своите идеи во странство“. Ова го поткрепува со фактот дека ако во последните 10 години драстично се зголемил процентот на емигранти со високо образование - од 13% на 28% и тој процент како што посочува тој, постојано се зголемува.
Тогаш, што прави Македонија да ги задржи луѓето со идеи? Министерот за економија Ваљон Сарачини најавува државна поддршка.
„Се планира секоја нова компанија која доаѓа со нова идеја или иновација за отворање на нов бизнис што го нема во Македонија да може ние да го поддржиме преку тој инкубатор или инвестициски фонд. Сè уште сме во преговори со неколку компании кои би сакале да вложат во тој фонд и очекуваме некаде до крајот на оваа година да ја завршиме целата оваа приказна за да можеме од први јануари 2013 и да го промовираме“.
Во меѓувреме иноваторите како Чамушев се соочуваат со практични проблеми.
„Мене секојдневно ме прашуваат: „Кога дојде? Кога ќе си заминеш?“ Чудно е, меѓутоа, во Македонија се пробиват само медиокритетите. Квалитетот никогаш, ама никогаш не се гледа. Јас сум Македонец и сакам Македонија да ја гледам како напредува, а Македонците насмеани и горди на тоа што го имаат“.

http://diversitymedia.mk/index.php/205-2012-06-14-10-02-39
 
Знае се кај нас како функционират работите .. ми се повраќа на самата помисла на тоа .. плус и фактот дека мора да се испере некој денар и да се „награди“ компанијата која го „добила “ тендерот ..
 
Не ги ни разгледуваат проектите, само бараат начин да исперат некој денар, се шо е изградено тука е од надвор да изгледа убаво...
 
Ова како рекламата за автомобил за само 9.999 илјади евра.....ООО па не тоа за нас е многу ефтино !!!! :tapp:
 
45 пати поскапа гаража, 45 пати поголема провизија. Зошто некој би сакал да заштеди пари?
 
„Се работи за кружна гаража што чини 700.000 евра. Зафаќа површина од 180 квадратни метри, со можност за паркирање на 96 автомобили. За нашите градови, кои се стари градови, како и за градовите во Европа, ова претставува заштеда во простор и пари“.


Што интелект ќе беше дечково, да му текнеше да ја претстави како барокна гаража од 7 милиони евра (6 за подмачкување лево-десно) ќе му поминеше без проблем

57g5f.jpg


Он запнал со непознати поими за нашите бирократи: роботизирана, автоматизирана, хај-тек....
 
Кога незнаеме ние да го искористиме тоа и наместо да го почитуваме нивното знаење и генијалност, а не партиската книшка, ќе си останеме неразвиени во секое поле (посебно технолошкиот развој), и дупка на Балканот и во Европа.
 
Mi se losi od nasive vladini KOPACI !!!!
 
Џабе дечково збори на јапонски јазик а Величенствениот на турски нека ја понуди во Африка таму барем ќе му дадат шанса.

Овој е сигурно од иднината пу јазк се слушаме до следниот историски момент
 
Има едно правило...
Кој има идеи, нема пари а кој има пари, нема идеи па затоа за да има повеќе пари ги користи туѓите идеи
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 23:46 ---
Знае се кај нас како функционират работите .. ми се повраќа на самата помисла на тоа .. плус и фактот дека мора да се испере некој денар и да се „награди“ компанијата која го „добила “ тендерот ..
Што знам но нешто се шушка дека .....катната гаража ке биде правена со ефтини ниско квалитетни материјали а изведувачот дека тврдел дека се германски производи а и дека изградбата не би го чинела ни третина од тоа туку дека најверојатно изведувачот нешто плеткал за да неговиот проект биде избран иако е еден од најлошите приложени проекти.......:D
 
Има едно правило...
Кој има идеи, нема пари а кој има пари, нема идеи па затоа за да има повеќе пари ги користи туѓите идеи
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 23:46 ---

Што знам но нешто се шушка дека .....катната гаража ке биде правена со ефтини ниско квалитетни материјали ...:D

Стиропор
катната гаража до судска палата во еден дел содржи деловен простор, се работи за зграда висока 4 спрата , предвидени за канцелариски простории, моментално и се прави фасада од стиропор..... зидана е со оние лесните цигли направени од материјал за стругање пети :pos:
 
Абе ај градбата како градба ,ама што праиме со механизмот во автоматизираната гаража ? Кога ке почне тој да откажува па кога ке почнат колите да прават сендвичи една врз друга,па да удараат по зидовите при паркирањето, или кога ке откаже хидрауликата па останале внатре 200 возила тогаш ке биде весело :pos:
 
Абе ај градбата како градба ,ама што праиме со механизмот во автоматизираната гаража ? Кога ке почне тој да откажува па кога ке почнат колите да прават сендвичи една врз друга,па да удараат по зидовите при паркирањето, или кога ке откаже хидрауликата па останале внатре 200 возила тогаш ке биде весело :pos:
:pos::pos:

А тек ако манипулатор со хидрауликата биде некој неписмен како по обичај..... па целиот се испомешапа и му треба десет обиди да погоди кое е твоето возило
Tуку имаш ли сознание кое е времето на достава на возилото откако ќе го побараш назад.... з
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom