Чудото во Св. Димитрија исмеано на билборд!
Граѓаните на Скопје се згрозени од новата „реклама“ што осамна на еден од билбордите.
Рекламирајќи го средството за чистење, нарачателот ја искористил фотографијата од прочистените фрески во црквата Св. Димитрија, со што автоматски се негира чудото господово и она во што веруваат верниците.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/chudoto-vo-sv-dimitrija-ismeano-na-bilbord
Добра реклама е онаа реклама која ке побуди убави чувства кај луѓето за кои е наменета. Оваа реклама дефинитивно буди убаво чувство кај мене.
Интересна е поради затемнетите глави, смешна е поради тоа што знаеме што е таа слика со аурите на главите и што се прави со средството за чистење, и креативна е поради тоа што на некој требало да му текне, смешната реалност да ја претвори во реклама.
Мене не ми е навредлива воопшто, бидејки во последно време се повеќе дознавам дека на црквата и религиите не треба да им давам такво значење како што им давав. Има во религиите вистина, но таа вистина е обвиткана со лоша амбалажа. Во моите очи светоста на религиите каква тие ја претставуваат, се повеќе исчезнува, а се повеќе се појавува кај нас луѓет. Секој ден се повеќе и повеќе сваќам дека светлината за која говорат религиите (тие таа светлина ја нарекуваат бог), се наоѓа во нас, не преку ридот, не на небото, не на некое друго место. Ние ги правиме сите тие чуда, и ние ја имаме таа енергија и потенцијал интелектуално да напредуваме. Ако сакаме треба да сакаме ради тоа што ние тоа го чувстуваме не ради тоа што бог тоа го рекол дека треба да го направиме, бидејки бог нема човечка форма. Според мене бог е се околу нас, енергија која се наоѓа секаде во секого и на секое место. Без енергија, нашето тело би се распаднало, планетата би се растопила и би исчезнала, би биле само празен простор во вселената. Енергијата е тоа вечното а не бог кој што поставува правила и заповеди, енергијата ни дава слобода на размислување додека, христијанскиот бог не условува, да правиме ова, ова да не правиме, и не става во рамка на дозволено и забрането.
И затоа не ме навредува сликата,бидејки сметам дека веќе не се наоѓам во таа група на приврзаници кон религијата односно сум надвор од таа група. Кога религијата вели дека постои некаква божествена енергија, тоа не ми смета, бидејки тоа е вистинито, но ми сметаат приказните кои се надоградуваат на тоа основно нешто.
Претпостасвувам дека твојата перцепција на рекламата, ти укажала дека таа е навредлива бидејки ти се наоѓаш во групата на верници Христијани, а рекламата јасно кажува, оној кој ја создал што мисли за чудото во Св.Димитрија, и тоа е спротивно на твоите верувања, и затоа буди негативни чувства кај тебе.
Меѓутоа секој има право на свое мислење и искажување на истото, а и ако си прав верник, прости му, греши, наместо да се чувствуваш навреден.