Абе искрено,според мене америка е петел,рипа скака се онадуе,а русија си ќути,минатата недела кога правеа русите парада и кгоа ги изнесоа пола од капацитетите на оружје америка со отворена уста гледаа..
Се согласувам дека Русија е светска сила, но дефинитивно сеуште не е подготвена за војна со САД, тоа е повеќе од јасно.
САД имаат над 10 носачи на авиони, а Русија има само еден, Адмирал Кузњецов, а истиот тој носач на авиони мора оваа година да се укотви за ремонт кој ќе трае 4 до 5 години, што значи дека во наредните 4 до 5 години Русија ќе нема активен носач на авиони.
Русија во 2010 го тестираше својот прв борбен авион кој располага со стелт технологија, а истиот треба да почне со масовно производство и да влезе во служба дури во 2015 или во 2016, освен ако Русите го забрзаат неговото производство и порано влезе во служба, а тој борбен авион ќе биде од 5-та генерација, додека САД планираат до крајот на оваа деценија да пуштат во служба борбени авиони и бомбардери од 7-ма генерација, па можеби дури и од 8-ма генерација.
Русија ги води САД во нуклеарното вооружување, поседува многу повеќе нуклеарни боеви глави во споредба со САД или било која друга држава во светот, а руската вакуумска бомба Татко на сите бомби во моментов е најмоќна вакуумска бомба во целиот свет, помоќна дури и од американската вакуумска бомба Мајка на сите бомби.
Оваа година е планирано да влезат во служба руски подморници од типот Проект 955 Бореј и Проект 955А Бореј, кои ќе можат да лансираат балистички ракети, а исто така оваа година е планирано да влезе во служба руска подморница од типот Проект 885 Јасен, која ќе може да лансира ракети вооружени со нуклеарни боеви глави.
Но првата посериозна обнова на руската морнарица е планирана дури за во 2015 кога треба да влезат во служба руска подморница од типот Проект 885М Јасен која ќе може да лансира ракети вооружени со нуклеарни боеви глави, и во 2017 кога треба да влезе во служба руска подморница од типот Проект 955У Бореј II која ќе може да лансира балистички ракети и за кога е предвидено да заврши ремонтот на единствениот руски носач на авиони, Адмирал Кузњецов.
А најразочарувачки е тоа што воопшто не е планирана изградба на било какви нови руски носачи на авиони до крајот на оваа деценија, што ја прави морнарицата на најголемата држава во светот по големина на територија сериозно ранлива, особено во водите на Тихиот Океан.