М
Мартин`
Гостин
Солунскиот митрополит Антимос, познат црковен борец против Македонците и против политичката партија Виножито, го продолжува своето „свето“ дело и во односот кон неговиот потчинет, Македонецот архимандрит Панделимон.
Архимандритот Панделимон за себе отворено зборува дека има македонско потекло и дека не го заборава мајчиниот, македонски јазик. Солунскиот митрополит го направил архимандритот луд затоа што зборува македонски јазик. Не можејќи да ги издржи притисоците, Панделимон побарал помош од единствениот македонски месечник во Грција, „Нова зора“.
Панделимон Скендерис (47) по потекло е од леринското село Поположани и служел во храмот во Солун заедно со митрополитот Антимос. Тој отворено му се спротивставувал на Антимос за „политиката“ на црквата на трошење на донациите, но и не престанал да го користи македонскиот јазик. Резултатот на ова беше преместувањето на Панделимон во друга црква, каде што повторно под притисок бил принудуван да се откаже од литургиите. Живеејќи така подолг период под притисок, архимандритот побарал помош и од психијатриска болница, по што се обидел да се врати на служба.
Но според неговите изјави за „Нова зора“, Антимос веднаш го прогласил за луд и болен. Дури и му се заканил дека ги има лекарските наоди од хоспитализацијата. Поседувањето такви документи во Грција претставува сериозен прекршок, пишува „Нова зора“. Сето ова се случува поради моето потекло и поради неприфаќањето тоа да го негирам. Сум ги валкал ‘чистите’ христијани од црквите. Се обидуваат да ме скршат и на крај да се откажам од сè“, рекол за „Нова зора“ архимандритот Панделимон, кој речиси 20 години служел во солунскиот храм. Во весникот коментираат дека ова е уште еден доказ дека прогонувањата на Македонците во Грција не се минато, туку сè уште се случуваат.