Macedonian
...
- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 2.842
- Поени од реакции
- 31
Невработеноста, сиромаштијата и корупцијата се на врвот на листата проблеми што ги засегаат македонските граѓани. Довербата во државните институции е мала. Тоа е заклучокот на најновиот Извештај за рано предупредување за Македонија што денеска го презентираше Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Ова издание на извештајот се фокусира врз четири области - политичка и институционална стабилност, лична и јавна безбедност, меѓуетнички односи и социо-економска состојба. Направено е со стандардна методологија со изведување истражување во мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.056 испитаници од целата земја
И во ова истражување забележано е висок процент незадоволство и недоверба на граѓаните во однос на најголемиот број државни институции. Од испитаниците меѓу 55% и 70% се изјасниле оти немаат доверба во институциите на државата, а 63% сметаат дека државата оди во погрешна насока, додека две третини од населението се изјаснило дека живее тешко, а дури 58% од оние кои работат искажале стравување дека ќе ја загубат работата.
Абдулменаф Беџети кој е автор на социо-економската анализа подвлекува дека постигнатиот економски раст од четири проценти регистриран во 2004 и 2005 година, не е доволен бидејќи не влијаел врз подобрување на општиот стандард на граѓаните, а голем проблем е и трговскиот дефицит кој бележи нагорен тренд. Според него, потребен е најмалку пораст од пет проценти. Тој им препорачува на креаторите на економските мерки и политика да се конципираат врз развојната компонента, а не да водат рестриктивна политика особено во фискалната сфера.
Ова е седми извештај за рано предупредување финансиран од УНДП кој е наменет како алатка за поддршка на владините институции, локалните власти и граѓанските групи - во формулирањето и имплементацијата на стратешки политики за натамошниот развој и стабилноста на земјата.