Штедење...
Ај прво да анализираме кој какви приходи има.
Грото од населението во Македонија е на работ на егзистенцијата со минимални приходи. Не постои средна класа која ке биде таква во вистинскиот смисол на зборот, значи вистинска средна класа, која е носител на капиталистичкото општество. Во една таква ситуација, штедењето е невозможно кај голем дел од македонците, бидејки приходите се мали и едвај се покриваат сите месечни трошоци.
Ке се земам пак себеси за пример:
Живеам со нешто помалку од 500 евра месечни приходи, трочлено семејство. Сопругата, јас и 2 год. дете. Не успеваме да оставиме некоја пара на страна. Од друга страна, на рати успеавме да изнакупуваме многу работи. Така да, тоа е тоа. За да се остави нешто на страна, треба да е приходот поголем.
Оние кои штедат се сигурно оние со доста поголем приход од наведениот, и ги ставаат парите во банка.
Мене ми е совршено јасна врската помеѓу штедењето, пониските каматни стапки на кредитите, и економскиот раст (пласманот на овие средства во кредити во економијата преку банките), ама прашањето е дали е можно штедење во таква ситуација како оваа нашата? Башка, постарите генерации исплашени од колапсот на банките од поранешна СФРЈ при самиот распад, и пропаѓањето на нивните влогови, не се одлучуваат така лесно да стават пари во банки.