Дали знаеме да штедиме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Додека не ја открив кладилницата , знаев ... Сега не ...
 
штедењето е најбитен елемент на економијата (пример Власите кај нас и Евреите во светски рамки)
 
Колку само не (за мене си зборам). Кога немам пари, не ми ни текнува нешто да си купам, арно ама штом ќе добијам така фина сума, се ми текнува: сум немал кредит, ете и пената за бричење била при крај, благо нешто одамна немам каснато, на кафе одамна немам бидено :pos:

Не штедам, не можам. Евентуално само ако ептен сакам нешто да го купам, макар што и во тој случај ќе ги изманипулирам бабите и дедовците и ќе го добијам на тој начин :pos:
 
Неееее...Кога имам кеш, трошам за се и за секого, а кога немам, се жалам:)
 
Штедам ама по малку.
 
Колку само незнам да штедам, ама као знам да трошам да видите вие, жив зијан сум!!!!:baeh:
 
Не е работата во тоа дали Македонскиот народ знае да штеди, факт е дека глобално гледано луѓето не знаат да штедат затоа и се направени пензинските фондови-државата присилно го тера човекот да штеди за во иднина.
Но ако збориме за штедењето како општествен феномен и за тоа постојат научни објаснувања. Луѓето штедат зависно од моменталната економска состојба во државата, и од свесноста на тоа колку се високи опортунитетните и имплицитно експлицитните трошоци на тоа штедење.

За на крај само да потстеам дека штедењето е само одложено плаќање и ништо повеќе од тоа.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom