Циркус во земјите членки на ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Токму кај овие земји членки во ЕУ кои имаат и свои циркузи- постои она измачување, тормозење и дресирање на животните(дивите животни) , а се ДЕМЕК најголемите поборници за заштита на животните, за носење разноразни закончиња кои самите тие НЕ ги почитуваат, а тебе ......за да влезеш во нивната зоолошка те условуваат токму со истите .
Ние сме ИЗНАД нив- немаме свој циркус(освен понекогаш во Парламентот:pos: ) ама барем не сме ко овие.
elephant_chain_xx.jpg

Можеби грешам, ако е така исправете ме- но, тоа ми упадна в очи :icon_lol:
Тука е Италија- http://www.medrano.it/- овој ви е сигурно познат:)
http://www.circus-balkanski.com/
тука е и Бугарија со својот циркус http://www.sofiacircus.com/page/Историја/10/index.html
Тука е и Германија http://www.circus-krone.de/en/on_tour/index.html
http://www.circus-sperlich.de/start.php
па австрискиот циркус Гетнер(кој беше и во МК) http://217.16.70.245/?pBroj=887&stID=12233&pR=12
Швајцарија(иако не е во ЕУ) http://www.pipistrello.ch/index.php?option=com_content&view=article&id=288&Itemid=237
Белгија и Холандија
и да не набројувам

tsirko3.jpg
 
Не сакам циркуси. Не ми е ни јасно како може некој да ејакулира на таа тортура која им се врши на животните. Како некој може да остане фасциниран од човековата налудничава потреба да им ја одземе слободата, да им го скрши сјајот во очите и да ги натера да прават нешто што воопшто не им прилега. :(

Ова е Ана. Ана е 58 годишна и е еден од последните циркуски слонови во Европа. Со помош на скриена камера која ја убациле активистите за правата на животните, може да се види како Ана е " чувана " од нејзиниот чувар. 48 удари по главата, телото, нозете на слон кој пати од артритис и е со ограничени движења и башка е окован.

3.jpg

1.jpg

2.jpg

Колку кукавички, бездушно, нечовечки... :( Вакви работи стварно ме вадат од такт и затоа најгласно:

- Циркус?
- Секако дека не!

П.с Само мене ли кловновите ми се како инвентар од некој хорор филм?
 
зато имам голем респект кон cirque du soleil. Покрај то шо прат феноменални шоуа никогаш не користат животни и се големи поборници за правата на животните
 
Они мајката би си ја продале за пари вие правите муабет за злоупотреба на животните, но не они се оние најпаметните, они највеќе ги почитуваат правата на луѓето/животните и они се образованите ние не. Ми се гади искрено од лицемерноста на ЕУ ..
 
Колку кукавички, бездушно, нечовечки... :( Вакви работи стварно ме вадат од такт и затоа најгласно:
Нечовечки... животински. Работат со животни, нормално е да се тритираат како животни.

И да, дирекција за заштита на правата на животните.

Не ни е приоритет да се грижиме толку за некое животно таму во Бангладеш кога по улиците врие од секакви кучиња со секакви болести кои ги тепаат секакви (не)луѓе.
 
Ова некако ми бодеше во очи. Дали јас, ти, било кој имаме потреба од целата таа фарса, целата таа бурлеска наречена циркус со животни? Жими таквото циркусот бил шарена метафора на животот, како што некои се обидуваат да го прикажат. Јас циркусот со животни го доживувам како патувачки караван на садизмот.

Слободата у било која форма за мене е универзална ствар. Кога и да слушнам или видам дека на некој му е одземено тоа право се бунтувам,најгласно шо можам. Дали е Бангладеш или Македонија , болката е иста.
 
Тоа отсекогаш било така, ама немало камери за да се прикаже јавно.
Незнам што ти е чудно, не е некој изолиран случај.

Пред сто години, во секој град и село низ Македонија наминувал барем по еден "мечкар" кој ги забавувал луѓето секојдневно а тие од задоволство му давале нешто, храна и облека.

Со тек на времето тоа прераснало во атракција, циркус. Секаде низ светот има зоолошки градини, исто како што има и национални паркови, има и луѓе кои се грижат за животните како знаат, како им е наложено ... ништо нема да се смени ако пишуваме по темава дека не чини овој начинот на "воспитување" на животните (сепак се работи за некои изолирани случаи).
 
Не разбирам зошто авторот на темата ставил дека тоа го прават само земјите во ЕУ или има некоја поента како што бараме кај нив и слично демек види шо прават на животните вака и нас ќе ни прават или што? Нема везе како и да е еве што им се случува и на животните во Македонија :

Мечката ја бодат со прачка, тигарот го маваат со камења
D7F609B266F54D40AB271BE133C058F2.jpg
Агресивни посетители ги малтретираат животните во Зоолошката градина во Битола
Битола - Мечката во Зоолошката градина во Битола била избодена со прачка во очите. Во кафезите на лавот, тигарот и мајмуните, секој викенд се наоѓаат разни тврди предмети со кои посетителите ги повредуваат животните. Вработените во зоолошката се на мака. Велат дека агресивни посетители ги малтретираат животните.

„Има посетители кои уживаат да ги дразнат животните, а зошто е тоа така не можеме да разбереме. Кај нас најголем проблем е тоа што просторот е мал и како во ретко која зоолошка градина, посетителите можат да бидат блиску до животните. Пред извесно време, со трска која ја зеле од живеалиштето на волкот, ја избоцкале мечката во окото. Таа повреда тешко ја залечивме. Во базенот на мечката, како и во кафезите на лавот и тигарот, наоѓаме камења со пречник од 20 сантиметри, гранки, прачки и други предмети, кои секако се наменети за да се вознемири животното“, вели Коста Нешковски, директор на Зоолошката градина во Битола.

Од Зоолошката велат дека тешко се справуваат со ваквите проблеми затоа што имаат само тројца вработени негуватели и осум волонтери.

Како ретко на кое друго место посетителите во Зоолошката премногу се доближуваат до кафезите на животните. Со намера да ги фотографираат своите децата ги качуваат на оградите пред кафезите на животните, со што ги доведуваат во опасност, велат од Зоолошката.

„Се случило мајмуните да ги изгребат посетителите, но што ако лавот или тигарот повлече некој кон кафезот. Кој ќе одговара тогаш?“, вели Нешковски.

Од друга страна, Зоолошката се' уште нема изградено инфраструктура, па фекалии и отпадни води течат низ патеките. Силната реа од немањето канализација често ги одвраќа посетителите.

„Доаѓаме често со внуците, ама понекогаш толку многу мириса што е неподносливо. Се плашам дека газејќи со чевлите се' дома ќе си однесам. Убаво е да има Зоолошка во Битола да им покажеме на децата што е мајмун, а што тигар, но еднаш засекогаш нека го средат тоа или, пак, нека ја затворат Зоолошката, нека не ги мачат животните“, вели битолчанката Соња Неделковска.

Зоолошката градина во Битола е изградена пред 60 години и таа е единствена на потегот Скопје - Солун. Одамна не ги исполнува потребните стандарди за сместување на животните, но се прават напори со европски пари работите да се стават во нормала.

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион неодамна ја промовираше техничката документација за реконструкција на Зоолошката во Битола, со која се планира изградба на 26 нови живеалишта со соодветна заштита за животните и посетителите. За реализација на проектот се потребни два милиони евра, пари кои ќе се обезбедуваат преку европските фондови и со донации.

Канализацијата во Зоолошката е првата на удар на негативните критики не само од граѓаните и од европските претставници.

„Канализацијата и водоводот се изработени како засебен проект во висина од 72 илјади евра, во преговори сме и се надеваме дека ќе успееме тоа да го направиме до крајот на оваа градежна сезона, заедно со кафезот за нилскиот коњ“, вели Емилија Ѓеровска, директор на Пелагонискиот плански регион.

Чекајќи ги европските пари за реконструкција на Зоолошката градина во Битола, пензионерите донираа 300 илјади денари. Со овие пари, Зоолошката ќе го изгради првото детско катче.
„Паркот го помагаме затоа што имаме соработка со Зоолошката градина во Битола. Ќе направиме катче за пензионерите заедно со своите внуци да доаѓаат тука и да се забавуваат. Ако оваа Зоолошка градина биде добро уредена, секако дека ќе има и повеќе деца и воопшто повеќе посетители. Ние вложуваме за да се создадат тие услови“, вели Томе Илиоски, претседател на Здружението на пензионери од Битола. Од Зоолошката велат дека веќе е договорена холандската помош за реализирање и на волонтерски сервис. (А.Б.)
 
Пиленца <3 Како бе не налетувам на овакви, додека го прават тоа?
 
Не сакам ни циркуси ни зоолошки градини.
 
Среќа што слонон погоре што го тепале ни е најголем проблем во светов :facepalm:
1_0.639830001321546321_poverty-removal.jpg

0730-qana11.jpg

dead-soldier-antietam.jpg

Е што мрзам енимал рајт групс
 
Можеби не најголем, но е еден од проблемите. И јас знам да ги нападнам активистите за права на животните како се грижат повеќе за животните, отколку за луѓето, но да не заборавиме дека има голем број луѓе кои постојано страдале од човек, не од животни. Што мислиш, таквите чија страна ќе завземат?
 
Тоа отсекогаш било така, ама немало камери за да се прикаже јавно.
Незнам што ти е чудно, не е некој изолиран случај.

Пред сто години, во секој град и село низ Македонија наминувал барем по еден "мечкар" кој ги забавувал луѓето секојдневно а тие од задоволство му давале нешто, храна и облека.

Со тек на времето тоа прераснало во атракција, циркус. Секаде низ светот има зоолошки градини, исто како што има и национални паркови, има и луѓе кои се грижат за животните како знаат, како им е наложено ... ништо нема да се смени ако пишуваме по темава дека не чини овој начинот на "воспитување" на животните (сепак се работи за некои изолирани случаи).

Пази Tetragrammatonе у реду е. Се сложувам дека постојало. Постојат и педофили, но тоа не значи дека треба да се сложам со нивното постоење. Уствари нивното постоење како форумџија сигурно не можам да го спречам, меѓутоа ако форумот го гледаш како огледална рефлексија на вистинскиот живот, тогаш имаме легитимно право да се бунтуваме против овие нивни "активности. " Јас и ти изгледа збориме со истиот јазик, само не се разбираме.

Јас колку шо те разбрав, ти не се сложуваш со тоа, али јбг како единка не можеш да го спречиш. Така?

Ај да не звучам како некој напумпан проект на владата, али за таа ствар имам уште ова да го кажам - колективната свест за било што, се случува и тргнува баш од единката.

Среќа што слонон погоре што го тепале ни е најголем проблем во светов :facepalm:
1_0.639830001321546321_poverty-removal.jpg

0730-qana11.jpg

dead-soldier-antietam.jpg

Е што мрзам енимал рајт групс

Превише е тоа за тебе а? Не знам од кој аспект да тргнам за да ти објаснам дека тоа не е во ред.

Дали од психолошки, дека ваквите луѓе се потенцијална опасност и за луѓето.

Од еколошки, дека ако ја сакаш природата не можеш да не ги сакаш животните и да ги браниш ко се угнетувани.

Од религиски аспект - Љубов кон се што дише.

Или ако не ме сфати до сеа најверојатно џабе и ова шо ќе ти го пишам:

" Сакајте ги животните, таму Бог дал почеток на мисла и радост безметежна. Не бунтувајте ја, не мачете ги, не им ја одземајте радоста, не се противете на мислата Божја. Човеку, не вознесувај се над животните: тие се безгрешни! "

Никаде не споменав дека животните ги сакам повеќе од луѓето, али у секој случај еве признавам дека повеќе ги сакам од садистот горе. Ти?
 
Ова е Ана. Ана е 58 годишна и е еден од последните циркуски слонови во Европа. Со помош на скриена камера која ја убациле активистите за правата на животните, може да се види како Ана е " чувана " од нејзиниот чувар. 48 удари по главата, телото, нозете на слон кој пати од артритис и е со ограничени движења и башка е окован.

Прегледај го приврзокот 44064

Колку кукавички, бездушно, нечовечки... :( Вакви работи стварно ме вадат од такт и затоа најгласно:

Embedded media from this media site is no longer available
 
Embedded media from this media site is no longer available

Кул да знаеш лајкот ти е затоа шо го постираше видеото . Брутално :place: Е тој човек, ако може да се нарече така, земал 8000 фунти годишна плата и е отпуштен само ради медиумската фрка. И пази онака, ѕверски го мава, најверојатно ради задоволување на некои свои садистички апетити. Оти му се може бе, цццц....

Се надевам дека видеово ќе освести барем некој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom