Продадена локација за катна гаража во центарот на Скопје 93 пати поскапо од почетната

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Тетовската фирма Максит пред неколку дена на последното јавно надавање на државно земјиште во Скопје ја купи локацијата за катна гаража кај Градска болница за 140.000 денари од квадратен метар. Локацијата се протега на 1.838 квадратни метри, а почетната цена за квадратен метар беше 1.500 денари.
Во Македонија ниеден град нема катна гаража. Само во Скопје во последниве четири години се продадени десетина парцели за градење на катни гаражи, но купувачите или почнале да градат нешто друго или не почнале никаква градежна активност. Последната најава за градење на катна гаража доаѓа од Евроазија Техника и Коч Холдинг, кои планираат да градат шесткатна гаража кај ТЦ Рамстор во текот на оваа година.
 
Гледам никој не коментира на другите теми, па ај да го скршам мразот.
Првпат слушам за ова наддавање и мислам дека цената е добра. Доколку идејата е навистина да се изгради катна гаража кај Градска Болница тогаш ОК, меѓутоа фирмата е од Тетово (со албански сопственик претпоставувам-немам намера никого да вреѓам тука )и се сомневам дека намерите се чесни, па не би ме чудело и зграда да никне на тоа место исто како и претходните случаи на продажба на земјиште за изградба на катни гаражи. :nesum:
 
Се може да се среди ако се сака. Дури и сопственикот да сака да гради зграда, според ДУП, ако за тоа место е предвидено катна гаража, типот мора да го прави тоа. Барем, јас мислам така.
 
Па би требало да се изгради нешо такво и кај нас...Да заличиме малце на Светска Метропола:toe:
 
Macedonian напиша:
Првпат слушам за ова наддавање и мислам дека цената е добра.
Цената е и повеќе од добра имајќи во предвид по која цена се продадоа атрактивни локации по многу смешни цени, преку директни спогодби очи во очи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom