Ромео и Јулија: Ни смртта не ги раздели

Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Локација
Erusalim
Сеќавање на тажната приказна на сараевските Ромео и Јулија: Ни смртта не ги раздели!
18.05.admira-bosko1.jpg


Трагичната љубовна приказна за Адмира Исмиќ и Бошко Бркиќ веројатно е една од последните приказни за вистинска, искрена и безусловна љубов за која вреди да се живее, но и да се умре.

Адмира Исмиќ и Бошко Бркиќ се родени во иста година. Уште од младоста ги делеа своите радости, надежи, стравови, неизмерна љубов, а пред 19 година, на денешен ден заедно заминаа и во смртта. Љубовта на сараевските Ромео и Јулија, како што ги нарекоа своевремено странските медиуми, започна уште во нивните средношколски денови.

Адмира и Бошко се запознаа за време на Олимпијадата во Сараево, во далечната 1984 година. Нивното пријателство набрзо прерасна во искрена љубов, која продолжи да се развива и засилува и во времето кога главниот град на Босна беше опсипан со гранати, а злобните и профитерски умови од бившите ЈУ простори го започнаа својот сеопшт дивјачки поход.

Тоа што Адмира беше Босанка, а Бошко Србин, на младиот и вљубен пар воопшто не им беше важно. Никој не успеа да ги убеди во небулозата дека се различни само затоа што се викаат поинаку.

Бошко не го напушти Сараево само поради Адмира. Иако живееја со километри оддалечени еден од друг, тоа воопшто не беше пречка за постојано да се гледаат. Адмира и Бошко не успеаја д аги разделат ниту гранатите, ниту снајперските пукотници. И додека војната беснееше, нивната љубов сè повеќе се зацврстуваше.
18.05.admira-bosko3.jpg

Мртвите тела на Адмира и Бошко

Една година после почетокот на агресијата и војната во Босна, Бошко и Адмира одлучија да го напуштат Сараево во потрага по подобар живот, по место каде нивната љубов нема да биде третирана како предавство на сопствениот народ.

Пет дена после 25-от роденден на Адмира, на 18 мај, 1993 година, вљубениот пар тргна кон заедничката слобода. Преку нивни заеднички пријатели договорија излез од опколеното Сараево. Верувајќи дека на сила е прекин на огнот, не чекаа да се стемни туку околу 17 часот попладне тргнаа во нов заеднички живот.

Но, успеаја да стигнат само до мостот Врбања, кога снајперски куршум го погоди Бошко кој издивна на самото место. Вториот куршум ја погоди Адмира. Таа, смртно ранета успеа само да стигне до мртвото тело на Бошко, да го прегрне и да издивне.

Дури осум дена никој не се осудуваше да ги тргне нивните мртви тела, бидејќи истите се наоѓаа на ’ничија земја’. За да бидат сокриени доказите, телата беа полиени со бензин и гаѓани со запаливи куршуми, но тоа заврши безуспешно.

Најпосле, телата беа извлечени од страна на Војската на Република Српска и беа погребани на гробиштата во Лукавица, на гробиштата Лав, еден покрај друг. Родителите на Адмира, после војната, сакаа нејзиното тело да го префрлат во Сараево.

Приказната за овие двајца млади Сарајлии своевремено беше објавена во сите светски медиуми.
18.05.admira-bosko4.jpg
 
Приказ за тоа колку се штетни и вештачки религиите и нациите.
Водете љубов, луѓе, не војни.
 
Нема поголеми ѕверови од луѓето. Докази имате насекаде. Сликава на двајцава несреќни се уште еден доказ за тоа.
 
Варна љубов за жал прекината со еден нечовечки потег
и со еден нечовечки елемент наречен - војна
Вакви трагедии има повеќе и кај нас во НОБ, “41- “45 год.
Нешто напишав во темата “ Љубовни писма“- љубов и секс
прочитајте за една таква прекината љубов.
Но има повеќе вакви прекинати верни љубови само поради таа војна ,
и тоа зрно од олово. Војна си е војна, но и тогаш има и се рааѓат љубови.
Наскоро и ќе отворам тема (иако теми не отварам) „ Љубов зад решетки“
за нашите Македонски несреќно прекинати љубови на тие млади борци,
меѓу кои имаше и деца,кои и не ја окусиле вистинската љубов.
Колку ли македонски љубови прекина тој така таречен „Сремски Фронт“
Колку ли мајки,сопруги и девојки никогаш повеќе не ги видоа својте љубени.
А имаше и такви прекинати љубови, на наши борци (стрелани од наши) за некои си тогашен неморал, во некој случај дури и двајцата со иста судбина.
Имаше пак случаи и тоа повеќето, каде и двата - двете љубови се борци,
во нашите партизански единици во борбата за слобода која за жал ни еден од нив нема да ја дочекаат,даваиќи го животот во таа борба.
Тоа не треба да се заборави. Секој живот,секоја љубов.
Секако дека вакви случаи имаше и во поново време овдека.
 
Не сакам да живеам во свет во кој љубовта не се цени и има колку што треба! Дајте ми друг...
Приказнава т.е. случкава е претажна. А уште потажно е тоа што никому не му служи за пример.:(
 
Имаше снимено филм по оваа случка, играше Мето Јовановски како новинар и снимател на документарец, стар филм, уште од времето на Југославија. Ако се сети некој, нека го најде како се викаше.

Едит: еве го филмот
A Film with No Name (1988)
Za sada bez dobrog naslova


http://www.imdb.com/title/tt0167504/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom