Во пријатни моменти користи непријатни зборови.
Пред празници се кука дека нема пари, а за време на празници е надвор од државата !
Во странство само штеди за да може во Македонија да направи голема куќа да видат сите дека има пари .
Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе непоканети.
Ѓубрето задолжително го носиш до контејнерот, ама го фрлаш покрај него, никако внатре.
Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“.
Мајка ти упорно тврди дека ќе те фати промаја.
Баба ти не го прифаќа фактот дека не си гладен.
Ако си девојка, и имаш 20 години, а не си мажена, тогаш си стара мома.
Македонец на плажа
Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.
Ќе си понесеш лап топ, ајпод, блекбери, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.
За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.
Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.
Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.
Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.
Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.
* Се извинувам ако некој се пронајде или пак се навреди во напишаното

.