„И после Охриѓани не чинат“ (за сите што ќе одат во Охрид)

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Сигурна сум дека сите ќе поминеме летово,барем еден ден во Охрид,ако не и повеќе.И освен пиење кафе кај,или со Фантом и запишувањето во тефтерот кај него за да си фатите ред,НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА:


„И после Охриѓани не чинат!!!”

„Ејјјјјј. Алооооо. К’ј паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги....Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден". „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа насекаде згради сте.......". „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине. А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме". Вошкар еден. Збеснав. Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид (иначе в центар живеам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици), не нему ќе му се мислам кај да......

„ Еј, батеееее. Битола така фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!"-„Извините, го видов контењеро и.......". „Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, ашлак еден. Волуууу." Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.

„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и.....". „Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з'ш од први август и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шолјана да ти......".

„ Добро утро, комшивке. Стигнавте?". „Да комши, стигнавме....". Море да дајт господ до утре патлиџаните да не ти стигнет шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овие нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е од пари, а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан. Јас не знам шо да се прајт. Ти гледаш да им погодиш и пак охриѓани не чинат. Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега.......

Го слушна. Сме кренале згради......А бе да ти пукнит од женати жилана. А за нив то го напрајвме. Едно време се жалеа дека ветар многу дувало во градов. Ам ветар ти го зел умот, ете кренавме десетина згради во центар, сега ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајвме од горештини, и то заради нив, а тој немал кај да паркират. Сега ако немаш кај да паркираш, никош. Абре све шо беше улица, двор, ходник, кенев, дневна, паркинг го напрајвме и то со пари. Е в спална да те пуштам да.....

Слушај, бар оваа година никој немат право да се жалит. Ја слушам она Холанѓанкана пред некој ден кај Ацета в кабинет му велит све било убо само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малку грмушки имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е. После ќе ви сметат навреме, ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат.

Денес глеаме, со Ѓачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат, нормално. Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал. Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо.....Е дур сме кај тревиштено, знајш з'ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине. Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне, па да видиш како ќе ти е. И после охриѓани не чинат?

Ја слушам една: „Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот". Ам ај со нога да ти го дајт, ебате бела.

Друго. Ај жити леб, нека кажит некој, оваа година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани. Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци.

Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од ровја мавнат? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој тргни, ние шлашкај, ко на Тито во времето, врати го назад. Тој пак тргни, кутриот, да не речам, можда по нужда му се одеше, ние, охриѓани, врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец. Е сега рака на нога, од село е, од Слатино, ама не оти некој за сељак го сметат. Го третираме ко наш да си е. Аку е де и селанине се луѓе. Не така? А? Убо велам? И сега? Пак охриѓани не чинат? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат".

Стрелец@




:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:



Ај сега одете,чекајте ред кај Фантом,да ве запише во тефтерот!! :)



 
bibika напиша:


„ Еј, батеееее. Битола така фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!"-„Извините, го видов контењеро и.......". „Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, ашлак еден. Волуууу." Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.


Денес глеаме, со Ѓачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат, нормално. Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал. Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо.....Е дур сме кај тревиштено, знајш з'ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине. Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне, па да видиш како ќе ти е. И после охриѓани не чинат?



:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Лееее не мом да застанам од смеа!!! :poss:
 
bibika напиша:
Сигурна сум дека сите ќе поминеме летово,барем еден ден во Охрид,ако не и повеќе.И освен пиење кафе кај,или со Фантом и запишувањето во тефтерот кај него за да си фатите ред,НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА:


„И после Охриѓани не чинат!!!”

„Ејјјјјј. Алооооо. К’ј паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги....Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден". „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа насекаде згради сте.......". „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине. А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме". Вошкар еден. Збеснав. Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид (иначе в центар живеам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици), не нему ќе му се мислам кај да......

Сто пати го имам читано и пак со солзи се смеам со ова .. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Инаку, да така Је! Шо е за право така Је.. Бибика, мислам дека уште беа .. или се лажам?:kafe:
 
се нафурав!!! Али сепак има за што да се коментира!
 
Ова е премногу добро напишано:)
се поклонувам...
 
Еххехехехеххехеее.. е Стрелчо Стрелчо..:)
 
VIRTUAL напиша:
се нафурав!!! Али сепак има за што да се коментира!
Е зошто се нафура? Па и три извичници:pos2:
 
The`bItCh напиша:
Сто пати го имам читано и пак со солзи се смеам со ова .. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Инаку, да така Је! Шо е за право така Је.. Бибика, мислам дека уште беа .. или се лажам?:kafe:

Не се лажеш мило,еве го и вториот дел.Стрелчо ќе не утепа,ама бар ќе се насмееме до тогаш.А можда и некоја „кавга“ ќе падне,а?ааа???:poss:

„И после Охриѓани не чинат“
(втор дел)



Брееееееее шо беше во Охрид за викендов. По, по, по гости. Мравјалник. Ар шо ти Кокаба....Копака...Покака...Не е важно. Важно...шо. Ова, нааа. Убајна. Абре шеташ по плажине и немојш да шеташ. Не се врвеше од туристи. Постелени по песоцине ко плашици. Абе пљукаш и пљукајнцата не ти падвит на песок. Три четири пати пробав. Никој. Обавезно на некого ми застанвеше. Абре наредени, сортирани сите. Шо не ќе се сортирани ко Охрид рај со цени го напрајвме. Ене дојдение беа и оние сиромашнине, шо немет пари за купачи, шо се со врвци во газон.


Е ова е Охрид, е ова е туризам. Од кај немаше. Од Скопје, од Велес, од Прилеп, од Кочани, од Врапчиште, Сопот, Дабиле, .... Абре од цел свет. Цела сезона, сите четири дена полно, динка. Ко во старине добри времиња. Гледам и од радост само насмеан. Вака колку шо видов јас, можда дури десет посто беа постари од 17 години. Пари трошење......по, по, по...Шо да ти кажвам. Оние малине момичиња, од три-четрнаест години, шо не пијат алхохол, Сашо немојше бре со пиво да ги наваксат. Кој плати му, кој не, а тој насмеан. Абре трчат набавит и само насмеан. Браво за Сашета. Браво за сите Охриѓани. И така ко ќе гледаш срцето ти е полно. Само насмеан стојш. Расположен, релаксиран, ни нервозен, ни ништо. Јас не оти слушнав тие дена Мира да го искарат Шулета. И та само насмеана беше. Ама слушај. Ак знајш да работиш и овци ќе привлечиш, а не туристи. Ама им се пучевме искрено да кажам. Ам како. И така требит. Ние охриѓани од туризмот живејме, не од дивоградби, узурпации, рекла казала и друго. Од туризам. И морат така да прајш.

Значи кој сакат нека зборвит, спремни ја дочекавме сезонава. Одма им се најџвевме. Уште од автобуска, слегвет, цап за врат, кој е посилен, тргај ваму, тргај таму и дур се сетит дома го втервиш. Ич да не му ја мислит. Па цените им ги заокруживме за да не лутет по гужвиве за ситно. Од тристапеесет денари, на петсто за полкревет. Бадијала. Абре по терасине спиевме ак требит само да им се најш на луѓето не оти за пари. Шо не праевме за да им е погодено на луѓено. На пример, една вечер, штрап цигарите од сите дуќани. Немат. Нормално. Не ќе ги остајме да се трует. Луѓето дошле на свеж воздух, а не да ми пушат. Еден ден пак лебот намерно им го скривме. Шо е то леб да се јадело со све. И со бајат помфрит и со недопечени кебапи, и со.....Ама пази културно то го изведвевме за да не не сумат дека за нивно арно прајме: "Дечко, з'ш немаш леб". "Ам оние од лебарине не успеја да постигнет...". Лажи, лажи само да не те приметет дека све прајш за нив. И само насмеан. А пази имаше и провокации. Ама не наседнавме. З'ш ова е туристички град и не смејш нервозно да вратиш. И да те провоцирет. Само насмеан.

Слушам еден гостин: "Дечко, имаш "бекс"? А овај: "Иам, ама со поминат рок" - и само насмеан. После овај пак нему: "Дечко, имаш "лашко". "Иам". "Дај едно, ама зелено". А овај нему: "Господине, извини иаме само обично, ко ќе го туриш жолто е". И само насмеан. А очеквиш да се изнервират, з'ш овај го провоцират, ама јок. Овај само насмеан. З'ш и мало дете знајт дека пивана се жолти, а не камоли келнер во туристичко место ко Охрид.

Е сега, на пример, ќе сретниш луѓе шо све им сметат. Ко Бобана Насев, онај пеачон. Се жалеше бил Пештани сместен, па џо му се јавил и брат му ќе идат, па и побарал на газдарицата уште една соба ак имат. Пак после ми кажвит: "Ми рече газдарицата: Кај вас ве прибравме уште една соба ми бараш. Абре вие сте биле ѓубрина незадоволни". Ам как да му речит де ај. Како да ти дајт соба ко разбрав не си пазарел кај нејзе в дуќан. Дан сакаш да ти се смејт дур пазариш на друго место. Дан се приштеше од лебот од кај незје да го купиш, па се пикаше кај комшине. Чоече, разбери. Ак си кај нејзе сместен не можит сам да одлучвиш за твој пари кај ќе пазариш. Ете еднаш си влегол и си ја посрал работата. Не си можел сладоледот да го најш. Пак велит му рекла истата: "Ам ете ти "пелистерка", "кожувчанка" зад тебе. Тие наочарите за украс ти се". Ам как да ти речит. А? Не те разбрала жената шо бараш. Пак најсетне и то, и то е за освежвење. Јас да бев не ѓубрина. Абре одма ти го менвам пазарот од 350 на 700, ти наплаќам, за врат и ајт да не те видам уште еднуш. Ама насмеан. Па така е. Навистина. Ај прај му метании, ам пак за вакви ѓубрина не вредит да се раскинвиш. Ама без расправии. И само насмеан. З'ш ак е поинаку не ќе ти дојт никој.

Пример, ак чекат два сати за еден сендвич, топли пива ак даваш, масине ак се јок, светло по улицине ак немат, ак го казвет цајканине за глупости, ак ти прает фестивал на среде камп, ак не менвиш чаршафи, ак не го собираш ѓубрено цела недела, ак му го исклучвет бојлерот од осигурач, ак имат тепачки по кафичине, ако на секој чекор ти велет дека си скопјанец шо ги сакаш луѓено од исти пол, ако си нонстоп намуртен, не оти ќе ти дојт некој. Ама то е минато. Ете и ренде купивме. И не само то. Туку вежбавме, вежбавме се изнавежбавме и сега нонстоп сме насмеани. Еве градов се испразна, сите си ојдоа, а ние останавме насмеани со рендето в раце.

Стрелец@

:pos: :pos: :pos:
 
Ќе ни ги избркате сите туристи со текстовиве:pos:
 
абе и вие милсите испишчефме по вас да дојте. Холанѓани, Енглези и сл иаме колку сакаш.
Бибика, ако не сакаш, не мораш да се запишвиш во дефтерот.
Јас се зеабавав со дефтерот само, немат такво нешо.
а кој сакат да се запознајт со мене ко ке дојт охрид знајт како: пп или мсн
 
Фантом, премногу сериозно некако си сфатил тоа што бибика ги ставила текстовите:)
 
А бре а, џоа сеа ние се упрпавме од Охриѓани и нема да дојдеме... :) Види муабет..... :) :)
 
:oftopic: Водка намали го потписот, преголем е.

Интересни ми се некои охриѓани како реагираат бурно на темава:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom