Macedonian
...
- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 2.842
- Поени од реакции
- 31
Еве една интересна вест. Во последно време странци ги купуваат акциите на берза.:raz: Баш сакам да видам што мислите за ова.:wink:
Хрватска Поштенска банка вложи 4,5 милиони евра во акции во Тутунска банка и во скопски Гранит, пишува во најновиот официјален месечен извештај на Централниот депозитар за хартии од вредност, единствена државна овластена институција која води акционерски книги на домашни компании. Според достапните податоци Хрватска поштенска банка има портфолио инвестиција во Тутунска банка во која месецов купи 5,12% од обичните акции за што плати околу 2,74 милиони евра. Со оваа портфолио инвестиција Хрватската поштенска банка влезе меѓу десетте најголеми поединечни акционери во банката.
За својата портфолио инвестиција во Гранит оваа банка плати 1,77 милиони евра. Банката ги купи обичните акции во Гранит (7,8% од вкупниот прој на обични акции) што ги продаде Фондот за ПИОМ за што плати 1,4 милиони евра и уште 372.000 евра за акции купени во класично тргување на берзата. Оваа банка според најновите достапни податоци има актива од 1 милијарда евра до крајот на 2005 година што претставува раст од 31,1% во споредба со 2004 година. Лани банката годината ја завршила со добивка од 12,4 милиони евра. Банката е основа во 1990 година има 290 вработени нуди кредити за компании, за граѓани, се знимава со инвестициско банкарство, а на свои клиенти им нуди и креирање портфолиа. Банката лани одлучила да почне да инвестира во хартии од вредност во Македонија , Србија и во Црна Гора. Банката има седиште во Загреб, а во Хрватска има 7 филијали и 4 подружници.