Mjolnir
Духот на рамковниот договор
Уапсени повеќе Албанци во Србија
04.05.2012 - 09:29:52
На југот на Србија, во Бујановац и во селата Велики Трновац и Брезница, извршена е акција на апсење на обвинети за воени злосторства над Србите, објави српската телевизија “Б92“ и наведува дека неофицијални информации говорат дека меѓу уапсените е и преведувач на ОБСЕ.
Шаиб Камбери, претседател на општината Бујановац, потврдил рано утрово за “Б92“ дека полицијата извршила претреси во куќите на повеќе Албанци и дека уапсила повеќе лица.
Камбери рекол дека од терен му јавиле дека се извршени најмалку три претреси во домови на албански семејства во Бујановац и по три претреси во селата Брезница и Велики Трновац.
Претседателот на општината, меѓутоа, не бил во можност да прецизира точно колку Албанци се уапсени и што била целта на оваа акција.
Полициската управа во Врање соопштила дека моментно се врши акцијата за чистење на теренот и дека конференцијата за новинари е најавена за во 11 часот.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102721&kategorija=5