Пропалица
Мртов/а
Македонија во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на печатот во светот повторно се најде во групата земји со делумна слобода.
Oд 197 земји опфатени во извештајот, Македонија заедно со Молдавија го дели 115 и 116 место.
Во минатогодишниот извештај на Фридом хаус, Македонија, исто така, беше во групата земји со делумна слобода на медиумите, но беше пласирана на делба на 96 и 100 позиција.
„Имаме голем број средно пласирани земји, во некои случаи демократски кандидати или од неодамна демократски кандидати, како Украина и Македонија кои значително се лизнаа во нашиот преглед. Мислам дека тоа укажува на еден од растечките предизвици во регионот“, - изјави за Радио Слободна Европа Кристофер Волкер, потпретседател за стратегија и анализа во Фридом хаус, додавајќи дека Украина на 131 место се најде на самата граница до групата земји во кои нема слобода на медиумите.
Што се однесува до другите земји во регионот, најдобро пласирани во делот на делумно слободните се Црна Гора и Србија околу 75 место, по што следуваат Хрватска, Романија, Босна и Херцеговина и Косово. Според оценките, Црна Гора и Косово во минатата година постигнале забележлив напредок во регионот.
„Додека во последниве години бевме загрижени за насилството врз новинарите, а во некои случаи, недостиг на енергија кај властите да се справат со тоа годинава, условно кажано, имаше извесно подобрување во транспарентноста на сопственоста на медиумите, што навистина е проблем во целиот регион“, - вели Волкер.
Меѓу осумте најлошо рангирани земји се Белорусија, Куба, Иран, Северна Кореја, Туркменистан и Узбекистан, додека најголема слобода на медиумите има во Финска, Норвешка и Шведска. Соединетите Американски Држави се на 22 место.
ИЗВОР