Македонија - Долината на плачот и гробница на своите синови за ВМРО

  • Креатор на темата Креатор на темата AlexandeR2012
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 април 2012
Мислења
1
Поени од реакции
3
Возраст
64
Безскрупулозните и најсвирепи убиства се направени меѓу 15 и 16 јануари 1945 г. в месноста Лечиште кај Велес на 53 бугарски патриоти.Така се наречени од страна на убијците-злосторници, дека се тоа бугарски патриоти.В 1996 г. се пронајдени нивните коски,пренесени и со сите почести кај самата црква погребани.

1. Д-р Богдан Поп-Ѓорчев 40 г.
2. Благој Ѓорчев 36 г.
3. Димко Крепиев 60 г.
4. Лазар Крепиев 64 г.
5. Асен Варналиев 34 г.
6. Димко Нацев 52 г.
7. Лазар Илиев 66 г.
8. Тодор Накинов
9. Панче Караколев 28 г.
10.Перо Торопанов 50 г.
11.Ратко Торопанов -син на Перо
12.Стефан Филипов 32 г.
13.Тодор Порецов 62 г.
14.Диме Сребров 35 г.
15.Георги Унев 40 г.
16.Орце Несторов
17.Ганчо Вишинов
18.Владо Јорданов
19.Ристо Мајсторов
20.Георги Црвенов
21.Перо Дридаров 52 г.
22.Мирко Божинов
23.Милан Зафиров
24.Димко Манасиев
25.Георги Петров
26.Петар Костов
27.Петре Тончов 43 г.
28.Пано Манев
29.Јордан Бошков 30 г.
30.Владо Темелков-Андреев од с.Славец
31.Ангел Ставрев
32.Илија Темелков
33.Јован Лажпетков
34.Јован Теов
35.Илија Николов
36.Тодор Мирчев
37.Стојан Ангелов
38.Александар Костадинов
39.Тасе Костадинов
40.Дачо Трајчев
41.Атанас Иванов
42.Гано Динов
43.Славе Иванов
44.Ангел Бадников
45.Данчо Игев
46.Камче Ацев-Настев
47.Герасим Јанев
48.Славко Симонов
49.Мијалчо Димитров
50.Раде Радев
51.Цветко Мутавчиев
52.Али Асанов
53.Сејфедин Фајазит
Сите се измачувани и на најзлосторнички начин убивани.Тука е и прочуениот Д-р Богдан Поп-Ѓорчев,кој бил толку измачуван,тепан со железо,па му е разнесена целата челуст и умрел в најголеми маки.Тоа е дело на про-српските комунисти,дело на родоотпадници и продадени души,после навлегување на партизаните по градовите и селата.Тоа е дело на слугите на тогашниот српски шовинист Светозар Вукмановиќ-Темпо.Во тоа време в Прилеп требало да бидат ликвидирани 56 души.В последниот момент од сигурна смрт ги спасил Методи Андонов-Ченто.Но Ченто не успеал навреме да дознае и стигне во Велес,каде биват убиени и 53-те души.Главни џелати и тепачи биле Ратко Петровски-помошник началник на тогашната ОЗНА и Боро Коробар."

http://tirekovmirece.com/Novost/-66-години-подоцна,--случај-53-стрелани-велешани

"Нова Македонија бр.34,21 јануари 1945 г.
Воениот суд на скопската воена област при кумановскиот воен сектор,со своја пресуда од 14 јануари 1945 г. ги осуди на смрт следниве лица:

1.Д-р Јосиф Андонов 44 г. од Куманово
2.Крсто Лазаров-Иванов 70 г.
3.Димитар Алексов-Атанасов 58 од Кратово
4.Борис Лазаров-Зафиров (Муто) 22 г. од Куманово
5.Тодор Сојчев-Сопотски 60 г. од Куманово
6.Петар Андонов-Кралевски 48 г. од Куманово
7.Христо Атанасов-Петров од Куманово
8.Трајко Петров-Џимревски 38 г. од Куманово
9.Киро Костов-Атанасов (Мургашански) од Куманово
10.Стојан Петков-Атанасовски 38 г. од с.Новоселани-Куманово
11.Страхил Стојчев Апостолски 30 г. од с. Ругнице-Куманово
12.Стојче Спасов Стојменов 45 г. с.Орашец-Куманово
13.Игнат Мане Мангаров 64 г.од Кратово
14.Стефан Велков Атанасов 66 г.од с.Талашманци-кратовско
15.Трајко Герасимов Арсов 25 г. од Кратово
16.Александар Иванов Цеков 57 г.познат како Санда Врлото од Кратово
17.Радивој Даков Арсовски 59 г.с.Гризеленци-кратовско
18.Иван Поп-Станчев Велков 40 г. од Крива Паланка
19.Антон Димитров Узунов 53 г. с.Милутинци-кривопаланечко
20.Славко Спиро Иванов 33 г. од Кратово
21.Теодосиј Џартов-кмет на Куманово
22.Богдан Шеќерџиски
Овие луѓе беа прогласени за бугарофили,ванчовисти,фашисти и што ли не.Убиени без да бидат сослушани,испитувани,судени.Во тоа време Методи Андонов-Ченто беше претседател на АСНОМ, но до него не доаѓале вистинските собитија.Кога разбрал за сево ова,за сите овие недела и безскрупулозни убиства,на едно собрание извикал на сиот глас:"Кој го изврши ова невидено злосторство,кој даде заповед за такво нешто?Како можат да се вршат такви беззаконија? " Но тоа беше само гласот на Ченто, кој се разнесе како глас в пустина.По кратко време,Ченто беше соборен од власт и осуден.Се најдовме в проклетата зандана Идризово."

ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕСИ НА ИСТАКНАТИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ И ВМРО-вци 1944-1945

Првите осуденици,судени како големи бугарофили

1.Д-р Борис Светиев - од Битола, суден и во 1927 г. заради што Мара Бунева изврши атентат врз Прелиќ
2.Христо Светиев - инж. брат на Борис
3.Стефан Светиев - адвокат, брат на Борис и Христо, обесен в затвор
4.Д-р Костадин Кочо Робев
5.Д-р Владо Туџаровски - лекар од с. Љубојно,прилепско
6.Д-р Асен Татарчев - од Ресен,брат на Христо Татарчев
7.Александар Цане Костов Кандилото - адвокат од Битола
8.Цветан Дамев - учител
9.Христо Ризов
10.Димитар Ѓузелов - д-р по филозофија - од Дојран
11.Димитар Чкатров - инж. од Прилеп
12.Роза Којзаклиева - проф. по историја од Штип
13.Спиро Китинчев
14.Благој Панчев - д-р по економија од Скопје
15.Д-р Панајот Станчев Хитров
16.Захари Валков Иванов
17.Константин Хрисимов- Смилец - од Драмско,осуден на 20 г. затвор
18.Д-р Илија Чулев - осуден на 10 г. затвор
19.Д-р Димитар Златарев
20.Стефан Кузманов - осуден на 15 г. затвор
21.Коста Динев - од Битола, осуден на 6 г. затвор
22.Наумче Јосифовски
23.Д-р Илија Златарев - од Охрид,осуден на 14 г. затвор
24.Петар Ташулов - од Неготино, осуден на 4 г. затвор
25.Кирил Пецаков - инж. од Битола, осуден на 3 г. затвор
26.Атанас Анев - од Битола, осуден на 2 г. затвор
27.Серафим Лазаров - од Битола
28.Методи Светиев - од Битола
29.Лука Секулов - од Битола,осуден на 1 г. затвор
30.Д-р Константин Христов Терзиев - осуден на смрт
31.Д-р Васил Андов Иванов - осуден на смрт
32.Д-р Коста Николов Тренчев - осуден на смрт
33.Методи Попов - осуден на смрт
34.Благој Гаштев - осуден на смрт
35.Никола Иванов Попов - осуден на смрт
36.Асен Донев Темов - од Штип, осуден на смрт
37.Томе Давков - од с. Горни Балван,штипско,осуден на 20 г. умира в затвор
38.Кирил Ефтимов Сивевски - с.Робово,осуден на 15 г. умира в затвор
39.Георги Гоцев - с.Панчереево,осуден на 12 г.
40.Димитар Григоров Пеев - умира в затвор
41.Борис Чаракчиев - свештеник,осуден на 15 г.
42.Трајко Попов - с. Раштак,скопско, осуден на смрт
43.Борис Градишки - осуден на 20 г.
44.Ратко Градишки - брат на Борис, осуден на 9 г.
45.Ефтим Иванов Гашев, осуден на 12 г.
46.Милка Цветанова - осудена на 5 г.
47.Ана Костова - осудена на 5 г.
48.Бранислава Цветанова - осудена на 3 г.
49.Слободанка Дилева - осудена на 1 г.
50.Никола Попов - с. Раштак, осуден на 8 г.
51.Методи Андонов - Ченто - осуден на 12 г.
52.Бошко Неданов Загоранлиев - од Прилеп
53.Митре Крстов Митрев - од Прилеп
54.Неделко Митров Макрев - од Прилеп
55.Димитар Медаров - осуден на смрт
56.Јордан Димитров - осуден на 15 г.
57.Славко Соколов Димитров - осуден на 10 г.
58.Алекса Наумов - осуден на 5 г.
59.Стојан Стоилков - осуден на 5 г.
60.Манаско Деспотов - осуден на 5 г.
61.Иван Тачев Георгиев - осуден на 5 г.
62.Тодор Спасов - осуден на 5 г.
63.Никола Варадинов - осуден на 5 г.
64.Борис Апостолов - осуден на 5 г.

"НОВА МАКЕДОНИЈА " бр.25 од 27.12.1944 г. - се донесени првите смртни пресуди во Скопје, обвинети како бугарофили (но прво се убиени,а по убиството формално е донесена пресуда)

1.Димитар Тодоров Пехливанов - од Велес
2.Глигор Куманов Кунов - од Дебар
3.Димитар Атимов Катланов - од Скопје
4.Катерина Борисова Георгиева - од Тетово
5.Ангел Трпев Димков
6.Методи Трендафилов
7.Емил Ташев
8.Јани Туфа
9.Димитар Андреев
10.Иван Апостолов Андонов - Башино село,велешко
11.Ангел Трпев Димков - Скопје
12.Илија Нетков

"НОВА МАКЕДОНИЈА " бр.43 од 18.01.1945 г. објавува за смртта на застрелани штипјани

1.Тодор Стоилов Ангелов
2.Стојан Панов Иванов
3.Стојан Ангреев Коцев
 
Пхахаха...немој,не ме радуј....Од дома книга шо иам,за 12 стрелани младинци во Ваташа(меѓу кој и на бабами брат) за Ратко Торопанов пишува дека бил еден од оние што му кумувале на масакрот. Вакви теми на друго место ;)
 
Измешани се многу ликови. Некои од овие навистина имале тешка судбина, ама многу од овие, како што и сам кажа, кумувале за убиства на Македонци.
 
Јебеш га Историјата се повторува и денес, како и порано, одсекогаш Македонците се издавале кодошеле мрзеле пукале едни со други, некои гледале за независна Македонија, некои гледале кон Софија, некои гледале према Београд и така натака ......... па и денес не е многу поразлично, секој гледа некаде на страна, а помалку по дома ....... кон север ....... кон исток ........ ЈБГ !
Многумина отишле курбан во периодот после 2 с.в. од страна на ново-воспоставениот Социјалистички/Комунистички режим(власт), неистомислениците, Македонистите, буржоазијата/големците, интелектуалците... биле прогласувани за ратни профитери, националисти, дисиденти, сепаратисти, Бугараши, државни непријатели, па и Сталинисти и биле осудувани на смрт(стрелање) ....... или Голи Оток и сл. порано за овие случувања не ни кажуваа во школо, ниту пак на ТВ, но сега скоро секој ден на ТВ(МТВ) се прикажуваат вакви емисии со кои се разоткриваат многу мистерии и убиства од тој период после 2 с.в. !
Е сега што, како, кога и колку е вистинито ??? Којзнае !
Во секој случај, нека почиваат во мир гореспоменатите жртви Македонци !
 
Ликвидацијата на Кочо Рацин во 1943та и масакрот на 53јцата велешани-интелектуалци во 1945 година е рамно на геноцид; ликвидација на критичка мислечка маса во тоа време и осакатување на градот и нацијата со долгорочни последици. Во таков идентитеско унакажан амбиент „тури му го Тито“ пред името, додај му оловно-цинкова мирудија во центарот и угуши го колку можеш гемиџискиот темперамент на градот. „Перфектно“ злосторство.
 
Јебеш га Историјата се повторува и денес, како и порано, одсекогаш Македонците се издавале кодошеле мрзеле пукале едни со други, некои гледале за независна Македонија, некои гледале кон Софија, некои гледале према Београд и така натака ......... па и денес не е многу поразлично, секој гледа некаде на страна, а помалку по дома ....... кон север ....... кон исток ........ ЈБГ !
Многумина отишле курбан во периодот после 2 с.в. од страна на ново-воспоставениот Социјалистички/Комунистички режим(власт), неистомислениците, Македонистите, буржоазијата/големците, интелектуалците... биле прогласувани за ратни профитери, националисти, дисиденти, сепаратисти, Бугараши, државни непријатели, па и Сталинисти и биле осудувани на смрт(стрелање) ....... или Голи Оток и сл. порано за овие случувања не ни кажуваа во школо, ниту пак на ТВ, но сега скоро секој ден на ТВ(МТВ) се прикажуваат вакви емисии со кои се разоткриваат многу мистерии и убиства од тој период после 2 с.в. !
Е сега што, како, кога и колку е вистинито ??? Којзнае !
Во секој случај, нека почиваат во мир гореспоменатите жртви Македонци !
А од 1912-1941 што се дешавало ниеден херој нема запишано во историјата што ја учиме тие што се бунтувале се прогласени и запишани како предавници.
Колку само жртви има во Македонија од 12 до 41 само се избришани и заташкани за да ни биде историјата компатибилна со таа во заедничката држава.

Како што кажа Македонците биле поделени како и денес што се поделени и најголемите неправди си ги имат самите направено.
 
Дел од "жртвите" кои се споменати заслужувале да ги снајде и полоша судбина... Дел биле лажно обвинети и невино осудени..
Јасно е за какви цели се прави ставање на едните до другите. Единствено заедничко им се егзекуторите.
 
Не сум компетентен, ниту пак имам право некого да лоцирам и да прогласувам/етикетирам за виновник ........... во случајов бившиот систем Социјализам/Комунизам !
Инаку многу е лесно една нација(било која) да се унакази и онеспособи, нема потреба цела една нација да се испотепува или иселува/протерува, доволно е да се заробат и стрелаат интелектуалците(движечката сила), потоа да се уништи економијата со тоа што на целата буржоазија/капиталисти/газди/трговци/земјопоседници/индустријалци насилно и противправно ќе им се одземе(национализира) имотот, а ако промрчат и тие ќе одат ќорка, дисидентите/сепаратистите/националистите(патриотите) исто така или на стрелба или на некој пуст остров да туцаат камен и.т.н. многу е лесно една нација да згазиш со два-три потега, доколку сево ова е вистина тоа докажува дека Комунистите биле многу паметни и знаеле како успешно да ги решаваат проблемите(несакам да ги фалам, да не ме сфатите погрешно) ........ е сега дали полувековниот Социјалистички/Комунистички период бил позитивен или негативен за Македонија, тоа е веќе прашање и тема за долга дискусија, но веќе такви теми мислам дека постојат .......... и дали мислите дека денеска Македонија ќе била поуспешна држава, доколку станела независна уште по ослободувањето од Фашистите и дали ќе била поуспешна доколку овде никогаш немало Социјализам/Комунизам ?! интересно прашање !
 
Тукушто формираната влада на ФНРЈугославија во 1946 година имала тешка дилема. Дали треба сите дипломатски и воени адути да ги искористат за добивање на Истра или Егејска Македонија.
Од гледна точка на ФНРЈ ја донеле правилната одлука, но од македонска, не.
Тој режим ни овозможи да си вратиме еден дел од Македонија, позитивен период секако.
Независна Македонија никогаш и не била во опција во тоа време. Другата опција била федеративна во рамките на Бугарија, што ми се чини би била полоша опција.
 
Грешка да не си Грција е една од државите што дала најголем отпор против фашистите Италија барала помош од Германија за да ја окупира бидејки изгубиле во првиот налет.Грција по втора светска војна има многу повеќе сојузници отколку ФНРЈ.

Друго чудно ми е што велите ни дале ФНРЈ држава.Па јас како што знам Бугарите кога влегле 41 избркале цел апарат на СХС од Македонија .Па чудно ми е кој ги поканил пак по 45 Темпо и другарите да влезат повторно во Македонија за да ни дадат држава и да делат правда.
 
Најпрвин да кажам дека ова е грозоморен чин и е извршен во согласност со комунистичкото лудило чиј извор се сталинистичките чистки во СССР кон крајот на 30-тите години. Буквално се наредувало "да се убие" и сличните такви злодела се извршени во скоро сите други југословенски републики, ама највеќе во Хрватска и Словенија каде сеуште има неоткриени масовни гробници, а во откриените беа пронајдени буквално иљадници жртви.

Сепак коментарот на каран е на место.
Некои од овие луѓе народски речено го заслужиле тоа што го добиле, а поголемиот дел се најверојатно невини, ама ни под разно не смеело тоа така да се прави како што било направено.

Безскрупулозните и најсвирепи убиства се направени меѓу 15 и 16 јануари 1945 г. в месноста Лечиште кај Велес на 53 бугарски патриоти.Така се наречени од страна на убијците-злосторници, дека се тоа бугарски патриоти.В 1996 г. се пронајдени нивните коски,пренесени и со сите почести кај самата црква погребани.
...
- Ти Македонец си или Бугарин..?
- Од каде ти е информацијата дека убиените луѓе се наречени "бугарски патриоти", документ имаш ли..?
- Не знам колку и како си информиран, ама службата за државна безбедност наречена ОЗНа т.е. подоцна УДБа во ФНРЈ која потоа се преименува во СФРЈ од самиот крај на втората Светска Војна во 1945 па се до нејзиниот крај 1990-1991 за секоја од републиките имаа створено сопствена шема и калап за работа.
Во Македонија и за Македонците коиштио не се согласуваа со Тито и неговите политики поединечно или групно им се лепеше етикетата "ванчомихајловисти" или "бугарштина".
Тоа не значи дека меѓу стотиците и иљадници прогонувани, затварани и шиканирани низ годините немало и по некој таков, ама во 99% од случаите се работи за луѓе чесни патриоти МАКЕДОНЦИ на кои единствен "грев" им било што си ја сакале Македонија а не Југославија.

На темата Судени за Македонија - Кичевските ВМРО-вски групи 1945-1990постирав една серија видео документарци и оригинален обвинителен акт за една од групите споменати таму, еве ќе го постирам тука пак да видиме сите за што станува збор и како се правело тоа.

Во прилог на шестово видео и организацијата "БУНТ" за која се зборува во него ги приложувам првите 5 страни од обвинителниот акт против нејзините членови (Трајко Попов, Борислав Градишки, Ефтим Гашев и др.) на монтираниот политички процес на кој по инерција им се лепела етикетата "ванчомихајловисти", иако тоа нема никаква врска со вистината.
Истото се правело во континуитет 45 години за сите македонски патриоти коишто си ја сакале и славеле обединета Македонија, а не титова Југославија, и немале и не сакале да имаат ништо заедничко со абдалот Ванче Михајлов.

Obvinenie-Trajko_Popov_Borislav_Gradiski_Eftim_Gasev-BUNT-1.png

Obvinenie-Trajko_Popov_Borislav_Gradiski_Eftim_Gasev-BUNT-2.png

Obvinenie-Trajko_Popov_Borislav_Gradiski_Eftim_Gasev-BUNT-3.png

Obvinenie-Trajko_Popov_Borislav_Gradiski_Eftim_Gasev-BUNT-4.png

Obvinenie-Trajko_Popov_Borislav_Gradiski_Eftim_Gasev-BUNT-5.png

Мора да дефокусираат муабет од темата за Самоила :)

Ако не им иде на 1 фронт тогаш одма отвараат 10 други, без разлика што ги немаше да одговорат на моето прашање во Квизот последниве 2 месеци :)
 
еве сега ја отварам и читам оваа тема која отсекогаш
ме најповеќе интересирала, воопшто за убиствата,посебно за неправилните
убиства,недокажаните, без обвинение и сличните во времето на НОВ.
Како можело толку долго време ова да се крие,ако криела власта од јавноста нели е тоа знак дека е таа „крива“. Да отепаш-стрелаш 53 „апсени“
не може да се крие,тоа не е извршено со двајца и ај ќе ќутиме не кажуваме.
Зошто тие учесници - егзикутори до сега не се јавиле, или година две по тој
масакар, зошто нема за тоа накоја книга од тоа време. Па и не мислам на
најглавните,судии,мајори,ознаши,комитети и повисоки, туку да се јави да
кажел од некои обичните на пример некој чувар,шофер или нишанџија, па дури и некои морал да ги закопа, ете и тие значи молчеле.
Јас и самиот сакам да отворам една тема за ова(кога ќе снајдам време)
за овие убиства во време на НОВ, а како повод ме тера некои кажувања од
татко ми кои сум ги слушал(најчесто кога со негови колеги-борци праеле за
такви работи муабет).Односно за стрелања на партизани во текот на НОВ
за едно такво над село Шишево кога сум слушал и мене ми е и денес жал,за тој стрелан млад борец од источна Македонија.
Но и за случувањата на скопското Кале и приказната Солун или Срем ,
каде бил и тој присутен и ми кажувал нешто.( посебно имало ли стрелање)
Но и во книгиве за НОВ многу ретко има некои автор храброст да напише
нешто за овие убиства - стрелања во време на НОВ,а ги имало (доста).
 
И сега излегоа херои..........до кога ке ни го перат мозокот..........Убиство на Невена Ѓеорѓиева Дуња, нејзиното обезглавување, набивање на колец и шетање со неа, предавството на Благоја Страчковски, убиството на децата овчарчиња од страна на Паноод Ветерско и уште еден куп факти можам да изнесам за овие крволочници на Македонскиот народ, И сега ги правите херои..Тешко на Македонија со луѓе кои не разликуваат црно од бело. ПОоврзување на солунски фронт со Бугарски колабратори .......не можа, да видам никаква врска. Тој почитуван доктор ......знае неговата фамилија зошто е остранет.....да не изнесувам детали.........Прочитајте ја книгата "Судењето како последен доказ", многу работиќе се разјаснат за овие БУГАРСКИ КОЛАБРАТОРИ!!
--- надополнето: 9 јули 2012 во 21:13 ---
Пхахаха...немој,не ме радуј....Од дома книга шо иам,за 12 стрелани младинци во Ваташа(меѓу кој и на бабами брат) за Ратко Торопанов пишува дека бил еден од оние што му кумувале на масакрот. Вакви теми на друго место ;)
Да си ми жив и здрав на муабетов!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom