Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е уште полудо, имајќи ја во предвид состојбата на економијата.
-430м исправка е во овој квартал, а за првите три +170м.

Одличен е вкупниот резултат ама овој квартал им е најлош во последните 2 години.
 
За да не го чекате Фактор да објави, еве ви Екслузивно од мене:

Бруто дивиденда: 510 денари.
Нето дивиденда: 460 денари.

Толку од мене за Комерцијална Банка. #ВашиПариВашиОдлуки

И НЛБ нешто зезнале во последниов квартал (во однос на добивките од претходните 3 квартали), но сепак не е лошо, особено ако си ја испочитуваат својата дивидендна политика. Сепак неверојатна е оваа вредност на исправки кај толку голема банка.
Царе, чудно малце за некој шо ,,Искрено не ги гледам детално извештаите на КБ'' а предетално и студиозно си ги истудирал истите врз основа на кои донесуваш вакви апсолутни апроксимации. Мислам дека треба повеќе време да си посветиш на непосакуван исход од вашиот извештај!
 
Последно уредено:
-430м исправка е во овој квартал, а за првите три +170м.

Одличен е вкупниот резултат ама овој квартал им е најлош во последните 2 години.
Решија да го испразнат орманот со скелетите...
 
Царе, чудно малце за некој шо ,,Искрено не ги гледам детално извештаите на КБ'' а предетално и студиозно си ги истудирал истите врз основа на кои донесуваш вакви апсолутни апроксимации. Мислам дека треба повеќе време да си посветиш на непосакуван исход од вашиот извештај!

Читај малце @Side Hustler читај. Се има во документите што ги објавија пред 2 дена.

Белки нема да чекам Фактор да кажат колку ќе биди.
 
Nepobiten fakt e deka TNB ovaa godina zgazi,ete ja krena i ubava cena knigovotstvena,a okolu dividentive da ne si nagagame dodeka ne pomine sobranie macka vo vreka e.Za vo idnina borba za opstanok, golemive ne veruvam da gi ostavat pomalive taka lesno i slatko da cicaat i da porasnat.Da ne se ubeduvame sega deka polzavot bil pobrz od zajakot:rolleyes: pa vie kladete se vasi pari vas izbor.
 
Сакам да расчистиме една работа. Никогаш не сум ги сакал навивачките групи. Не сум се идентификувал со партиски, верски, па ниту спортски фанатични групи. Скоро сите коментари што ги пишувам тука се повеќе од едукативна природа. Инвестирањето е многу сериозна работа и професија и се разликува многу од навивањето:

1. Моите коментари за акциите од компаниите кои не ги поседувам се чисто информативни, и немам намера да предизвикам паника за да купувам, па покасно да продавам. За да би купил акција од КБ таа треба да падне до ценовни нивоа од 7.000 денари, што искрено не верувам дека ќе се случи. Гледам дека и голем број од форумџиите коментираат тука и не прават разлика во основни работи. Комерцијална Банка е одлична банка. И си работи во опсегот на своите можности. И Пекабеско е одлична компанија. Дали тоа е едно исто? Не. Не секоја добра компанија или банка има и добра акција. Запомнете со купувањето на акцијата, вие купувате право на идните профити на таа компанија или банка. Како што напишав и претходно, извештајот на КБ не е лош, баш спротивно, според мене е многу солиден, со одличен раст во делот на нето приходите од камати и провизии. Проблемот не е во банката, проблемот е во акционерите кои имаат нереално високи очекувања и се однесуваат како навивачи кои што навиваат дека Директорот ќе успее да отпише резервации во висина од 1 милијарда денари втора година по ред - што како настан се случува еднаш на 5-10 години. И целиот проблем е што платиле многу висока цена за да ја гледаат таа престава. Во делот на дивидендата не шпекулирам, само за разлика од поголемиот број навивачи тука, јас читам што УО напишал во планот за 2023 година, т.е. на крајот на 13та станица, каде ако од Нето добивката ги одземете планираните средства за резерви и задржана добивка и ако поделите со бројот на акции, ќе видите дека планираат да исплатат 510 денари бруто дивиденда.

2. Напишав претходно што мислам за купувањето на ТНБ на овие ценовни нивоа и која според мене е подобра алтернатива. Има огрома разлика во управувањето на Јанчевски и сегашните нови клинци кои си играат со сметководствените ставки и покажуваат позитивни Исправки на резервации. И вие продолжете да навивате и да им ракоплескате дека се Махери за тоа.

3. Овие работи што ги пишав вчера беа со цел, да ви ги отворам перпективите како членови на форумот па да ја искористите таа можност што некој проба да ја брани цената на акцијата, која бар според мене е неодрживо на подолг период.

4. Не сум навивач, но сум сипматизер. И да недвосмислено и јасно го имам напишано тука на форумов дека UNI сметав и сметам дека е одлична банка која ќе донесе значителни користи за нејзините акционери (вклучитално и малцинските). Навремено ви беа презентирани сите информации за досегашните резултати, потенцијалните можности, можноста за влез во индексот, информацијата дека ќе исплатат дивиденди и дека Фондот што го реплицира индексот ќе обезбеди ликвидност и дополнителен куповен притисок. Но некои од тука, повторно одбраа да навиваат, наместо да читаат и си платија голем опуртунитетен трошок за тоа.

5. Инвестирањето се разликува од навивањето. Ако во навивањето, навивате само за еден клуб и сте против сите други, во инвестирањето постои Диверзификиација. И таа диверзификација се смета како единствениот бсплатен ручек во економијата, т.е. можете да добието еднакво, но со полам ризик. Можете да направите портфолио од 50% KMB, 30% TNB, 20% UNI, па да се радувате на сите остварени профити и приноси и да се заштитите од неочекувани лоши настани. Моето портфолио моментално е составено од 3 домашни и 14 странски компании (беа 19 пред месец дена, но направив profit taking на 5 позиции).

П.С. Во делот на трката помеѓу желката и зајакот: https://www.youtube.com/watch?v=m7NuVjpi72c
 
Еден е Тендо!
Секогаш одмерен, неконфликтен, прецизен со долгогодишен квалитетен про-боно придонес тука. Сите фрикции секогаш ми биле во насока да се натпреваруваме во знаење, во предводнички идеи и избор на ХВ но никогаш да те навредам пошо и ден денес сите учиме по нешо ново од твоите наративи. Дали се согласувам дека КБ вреди како седум годишен профит, не. Дали сум навијач со една позиција во светов, напротив кмб ми е мал дел купен во повеќе наврати кога се кршеа копјата.Од банкиве имам и од ТНБ половина помалку од КБ. Последното докупување на КМБ во време на Корона на 5600 ме прави уше погорд поседувач. Добро е и малце навијачки да го анимираме форумов за да не бидеме досадни на гуштериве шо влагаат ;)

BTW Со сликава од бабава сериозно сметаш дека немаш навијачки атјитуд :)
 
Последно уредено:
Не мислев на тебе конкретно. Има многу навивачи на форумов.

Милка ќе ја сменам после извештаите за крај на година. Мада ако ептен ми се бендисаат можи и да не ја сменам. :)

Кој друг член каде било во светот ја има Милка како аватар на профилот?
 
Nepobiten fakt e deka TNB ovaa godina zgazi,ete ja krena i ubava cena knigovotstvena,a okolu dividentive da ne si nagagame dodeka ne pomine sobranie macka vo vreka e.Za vo idnina borba za opstanok, golemive ne veruvam da gi ostavat pomalive taka lesno i slatko da cicaat i da porasnat.Da ne se ubeduvame sega deka polzavot bil pobrz od zajakot:rolleyes: pa vie kladete se vasi pari vas izbor.
Абе убо дете си ти и мило зборвиш, но не се вика дабудента, туку дивиденДа, со три "д".
 
@Side Hustler, @TENDO stvarno ste iskusni vo ovaa rabota. Ne gledam jas precka od diskusija so znaenje da se prefrli vo vo forum na vreganje. I jas neshto ucham od vas neshto od drugi. Nema lutenje tuka. Sekoj neka si kazi mislenje i ocekuvanja, no najmnogu mrezam vregjanje i potcenyvanje ili falenje kolku sum jak.
 
Цела недела нема трансакции со НЛБ, да видиме денес каква ќе биде реакцијата на извештајот.
 
Скромно се редат куповни налози од сабајлево, по 100-200 денари плус...
 
Цела недела нема трансакции со НЛБ, да видиме денес каква ќе биде реакцијата на извештајот.
Се дур инвестирањето во МК се перцепира како купување на ,,акција'' се со цел краткорочни придобивки од дивиденда, а не како парцијален сопствен удел во обртот, добивките и идниот развој ниту ТНБ ниту СТБ ниту слични нема да растат на берза се дур дивидендите им се под очекувањата.

Ова се стари налози шо мислам дека дури ги мрзело сабајлево да ги терминираат, налет и извештајот и се :)
 
Лани цената за СТБ падна за 300 денари поради тоа што не исплати очекувана дивиденда од 100 денари
 
Ако некогаш се случи некој да поседува 90 проценти од КМБ и тие да не се активни во тргувањето, МСЕ ќе има промет како еден поголем маркет за храна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom