- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 1.080
- Поени од реакции
- 1.937
А бе велики, шо се палиш толку? Не знам кога си учел школо и што ја учеле твојата генерација, ама знам дека нас не учеа да читаме и да ги користиме четирите основни математички операции.
На 15.12.2021 година, си напишал ‘‘Чешкиве будалчиња ги кутнаа банкиве‘‘. И навистина во нивниот последен апдејтинг од 05.11.2021 година КМБ ја даунгредираа од buy во sell, а ТНБ од hold во sell.
На 17.12.2021 година постираш мислења на двајца авторитети, Savita Subramanian од Bank of America и Raedler шеф на Euroepan equity strategy, кои имаат исто очекување или мислење како и твоето дека во следната година вложувањето во банки може да биде добар избор.
На 21.12.2021 предвидуваш во април 2022 година КМБ да достигне 12.000,00 денари, а ТНБ 30.800,00 денари (500Евра).
Ако се остварат твоите очекувања или предвидувања за нивоата на цени на КМБ и на ТНБ во април 2022 година, тогаш доколку некој на 17.12.2021 година купил КМБ по 10.900,00 денари тој за три-четири месеци би остварил капитална добивка од 10% или околу 8.5% (со платени провизии), односно ако купил ТНБ по 28.500,00 денари би остварил КД од 8% или околу 6,5% (со платени провизии). Ноле Ѓоковиќ би рекол “Not bad”.
Од друга страна, ако некој ги следел проценките и препораките на чесите би пропуштил да оствари КД најмалку за споменатите проценти.
Значи, доколку се остварат твоите очекувања за априлските цени на КМБ и ТНБ, тогаш ти би испаднал во право, а не чесите.
Што е тука нејасно и спорно?
А дивидендите?