Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Така е колега, до сега не се феноменални бројките, пошто феноменално е над 5, па дури и 8%. Како и да е, има дополнителни позитивни движења во т.н. високофреквентни податоци на НБРМ, плус цените на извозните производи во октомври и ноември биле пониски од лани, тоа ќе го намали БДП дефлаторот, што дополнително ќе гизголеми бројките за сите 3 претходни квартали, а четвртиот секако ќе е над 3% :)
Во Кина по 20-30г растот за првпат е околу 6%, па кај нас очекувате растот да биде 5% со ептен неспособна влада.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Колега постов си го напишал како да на Кина и требале 20-30г за да стигне до 6% раст.
Кина во последниве 20 години ниеднаш немала раст под 6%, а имало години и со над 10% раст.
Јас ни со 5% раст кај нас не би бил задоволен поготово после 2 години со 0% раст.
 
Јас сакав да пишам дека првпат ќе има толку малку, ама сум го испуштил тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Во„Службен весник на РМ“ број 17 од 25.01.19 е објавена Одлуката за преминување во Втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Ова е битно поради тоа што со тоа прекинува забраната за вложување на правни и физички лица од Северна Македонија во хартии вредност и недвижности во странство која беше пропишана во Законот за девизно работење.
Или едноставно кажано, од сега можеме да тргуваме со акции и на странски берзи. Прашање е колку од локалните инвеститори ќе се одлучат да релоцираат дел од буџетот за инвестирање во странство.
Јас пред некоја година пробав да регистрирам профил на УС онлине брокерска куќа ама ме одбија со образложение дека не може од МКД поради нашата законска регулатива.
 
Го коментиравме и со нетрпение го чекавме.... тоа е тоа има 15 дена вакатио легис и стапува.
 
Кој како сака нека го толкува резултатот на КБМ, ако следиме историски банката отприлика половина од добивката ја распределувала како дивиденда, ако се придржуваат на таа политика тогаш имаме 350 ден нето дивиденда по акција. Топлификација не ја заборавајте кога правите есап, 2019та веројатно ќе им биде и подобра од 2018та.

По мене 30М е минимумот што го очекував, но и со оваа добивка долку ја распределат целата во дивиденда (што не верувам) тогаш имате околу 750-800 ден по акција или по сегашна цена од 13% принос, што е дури во релативен износ повеќе од банките кои ја распределуваа цела добивка во изминативе години.
 
Во„Службен весник на РМ“ број 17 од 25.01.19 е објавена Одлуката за преминување во Втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Ова е битно поради тоа што со тоа прекинува забраната за вложување на правни и физички лица од Северна Македонија во хартии вредност и недвижности во странство која беше пропишана во Законот за девизно работење.
Или едноставно кажано, од сега можеме да тргуваме со акции и на странски берзи. Прашање е колку од локалните инвеститори ќе се одлучат да релоцираат дел од буџетот за инвестирање во странство.
Јас пред некоја година пробав да регистрирам профил на УС онлине брокерска куќа ама ме одбија со образложение дека не може од МКД поради нашата законска регулатива.
:vozbud::oeoeoe: едвај чекам. Пишете ако има новости во врска со ова.
 
Кој како сака нека го толкува резултатот на КБМ, ако следиме историски банката отприлика половина од добивката ја распределувала како дивиденда, ако се придржуваат на таа политика тогаш имаме 350 ден нето дивиденда по акција. Топлификација не ја заборавајте кога правите есап, 2019та веројатно ќе им биде и подобра од 2018та.

По мене 30М е минимумот што го очекував, но и со оваа добивка долку ја распределат целата во дивиденда (што не верувам) тогаш имате околу 750-800 ден по акција или по сегашна цена од 13% принос, што е дури во релативен износ повеќе од банките кои ја распределуваа цела добивка во изминативе години.

Ако ја споредуваш со помалите банки можда и да држи вода муабетов.
Ама во споредба со големата тројка не би се согласил.

1) STB за 2017 година - нето добивка по акција 117,07 денари, поврат на капитал 14,99%
2) ТНБ за 2017 година - нето добивка по акција 2.488,05 денари, поврат на капитал 22,32%

Рачунај и на тоа дека и 2-те банки за 2018 година ќе имаат подобар резултат од 2017
 
Рачунав во однос на пазарна цена. И тоа сега има КБМ 14% поврат на капитал каде во капитал е впишана цела добивка на банката за 2018та значи хипотетички ако ја распределат цела добивка и не зголемат капитал ќе имаш ROE од 16,7%,

Исто така КБМ има p/b од 0,98, ОХБ 1,04, ТНБ 1,37, СТБ1,6...
 
Последно уредено:
Рачунав во однос на пазарна цена. И тоа сега има КБМ 14% поврат на капитал каде во капитал е впишана цела добивка на банката за 2018та значи хипотетички ако ја распределат цела добивка и не зголемат капитал ќе имаш ROE од 16,7%

788 (добивка по акција ) / 5348 ( моментална цена ) != 16.7% туку 14.7%
За мене резултатот на КМБ не е воопшто лош, ама не држи тезата дека е подобар од другите банки.
Тука повеќето ја очекуваат над 6000 денари да оди, па дури и 7000 имаше предвидувања, што автоматски би го симнале овој резултат на под 10%
 
Не ја земав последната добивка затоа добив поврат повисок од 16,7%, како и дае, знаеш како е со банките обично се на граница со адекватноста на капиталот па мора да зголемуваат а со тоа неможат да ја делат цела добивка (како ТНБ лани) Муабетот ми беше не можеш цело време цела добивка да ја делиш така да во тој поглед во однос на сегашната цена на КБМ преку очекувана капитална добивка и дивиденден принос јас сметам дека е поатрактивна во однос на другите две банки во овој момент.
 
Рачунав во однос на пазарна цена. И тоа сега има КБМ 14% поврат на капитал каде во капитал е впишана цела добивка на банката за 2018та значи хипотетички ако ја распределат цела добивка и не зголемат капитал ќе имаш ROE од 16,7%,

Исто така КБМ има p/b од 0,98, ОХБ 1,04, ТНБ 1,37, СТБ1,6...

Ок се согласувам иако повеќе ми беше спорна тезата околу тоа дека овој резултат на КМБ е подобар од тој на другите банки.
Поентата ми беше дека според сите параметри од новиот извештај моменталната цена на банката е реална и оправдана, а не подценета како што се прикажуваше овде на форумов.

И да и јас едвај чекам да се макнеме од оваа наша берза и конечно да имаме шанса да инвестираме во светски компании
 
Последно уредено:
@filipidi Моја корекција околу ROE дали ќе ја распределат преку дивиденда или не добивката секако вкупниот капиталот ќе се зголеми за тој износ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom